Author: saso

Виктор Давидовски стана првиот Македонец кој успеал да оствари победа во ТЦР Европа шампионатот, откако попладнево успеа на патеката Пол Рикар, за големата награда на Франција да извози без грешка и да го оствари овој историски резултат. Давидовски одлично ја одбрани својата стартна позиција, иако има правило секако во ТЦР шампиоантот, за ротација на првите десеттопласирани, но тој не дозволи изненадуање и издржа на лидерската позиција. Гаврилов заврши втор, искусниот Ориола трет, дека Џиролами на крајот заврши четврти откако ја искористи грешката на вчерашниот победник, Том Коронел.

Read More

Вечерва по 29. пат се игра финалето на националниот фудбалски куп. На Националната Арена во Скопје со почеток од 18 часот, Силекс и Македонсија ЃП влегуваат во единствената битка до трофејот. Силекс како второлигаш повторно е во завршниот меч за Купот, каде практично, влегува како бранител на трофејот од последното издание. Македонија ЃП по фуриозната пролет се надева дека сезоната ќе ја круниса со трофејот во ова натпреварување кој обезбедува и излез во Европа. „Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред сè ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската…

Read More

Тотенхем е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле. Тренерот на каталонскиот клуб Чави следната сезона нема да смета на 26-годишниот Французин. Спарс може да го ангажираат играч во летниот преоден рок. Ленгле игра за Барселона од 2018 година. 26-годишниот дефанзивец оваа сезона забележа 26 настапи во сите натпреварувања, а има договор со Барселона кој истекува на 30 јуни 2026 година.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски успеа да го освои својот прв трофеј во Саудиска Арабија. Тој и неговиот тим Ал Фејха направија огромен успех освојувајќи го Кралскиот куп во Саудиска Арабија. Во финалето во Џеда, Ал Фејха го победи фаворизираниот Ал Хилал на пенали, со 3-1, откако во регуларниот тек, а и по 120 минути, мечот заврши 1-1. Трајковски беше стартер во тимот на Ал Фејха.

Read More

Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа Мајами на гости со 127:102 и изедначија на 1:1 во финалето од плејофот на Источната конференција. На Маркус Смарт му недостасуваше еден скок за трипл-дабл учинок, бидејќи забележа 24 поени, 12 асистенции и девет скока. Двоцифрен учинок во победничкиот тим имаше Грант Вилијамс со 19 поени, како и Ал Хорфорд и Пејтон Причард кои постигнаа по десет. Во редовите на Мајами најдобар беше Џими Батлер кој за 32 минути на теренот постигна 29 поени. Следните два натпревари од оваа серија се играат во Бостон, а првиот е ноќта меѓу сабота и недела.

Read More

Манчестер Јунајтед ја откажа традиционалната гала вечера за крајот на сезоната, пренесува Мирор. Според изворот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед лично побарале од управата на клубот да ја откаже гала вечерата поради лошата сезона. Во моментов Манчестер Јунајтед е на шестото место во поредокот на премиерлигашката табела и таму ќе заврши оваа сезона.

Read More

43-годишниот британски стручњак Френк Лампард кој е на чело на Евертон, по победата над Кристал Палас во одложениот натпревар од 33. коло на Премиерлигата изјави дека е горд што успеаја да се спасат од испаѓање на едно коло пред крајот. „Ова е еден од најголемите моменти во мојот фудбалски живот и кариера. Во принцип, имав многу среќа што имав прекрасни времиња, особено во Челзи како играч и менаџер. Кога сте блиску до чувството на очај што може да го донесе испаѓањето, тоа е поинаку. Треба да копате во себе. Губиш натпревари, се бориш за нешто, а потоа губиш уште еден…

Read More

Организаторите на трката за Големата награда на Азербејџан најавија дека сакаат натпреварувачкиот викенд во Баку да вклучи и саботна спринт-трка следната година. Форматот на спринтерски трки сè уште не е типичен за Формула 1 – квалификациите се одржуваат во петок, во сабота е спринтот на 100 километри, а во недела – класичната трка. ФИА го запре зголемувањето на спринтовите, но планот на Ф1 е бројот на вакви трки од три да се зголеми на шест. Минатата година имаше спринтерски натпревари во Силверстон, Монца и Интерлагос, а оваа сезона првата мина на Имола, а следуваа спринтовите на Ред Бул Ринг и…

Read More

Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски по се изгледа ја заврши сагата околу заминувањето од Баварија. Како што објави италијанскиот новинар Николо Шира, 33-годишниот Полјак се договорил со каталонскиот клуб за соработка до 2025 година. Сега Барселона ќе се обиде да ги прецизира деталите од трансферот со неговиот се уште актуелен клуб. Договорот на Левандовски со Баерн е до 30 јуни 2023 година.

Read More

Екипите на Ајнтрахт (Ф) и Г. Ренџерс вечерва треба да ни понудат возбудливо финале во Лигата на Европа. Битката за првиот европски трофеј оваа сезона ќе се оидигра од 21 часот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља . Двата тима се подготвени и мотивирани да ја зграпчат својата шанса, бидејќи никогаш во својата историја не победиле на престижното натпреварување. Ајнтрахт го освои Купот на УЕФА во 1980 година, додека Ренџерс го крена трофејот на турнирот КПК во 1972 година. Влогот за двата тима е огромен, бидејќи победникот ќе добие право на учество во групите од Лигата на шампионите и…

Read More