Хокеарските репрезентации на Финска, САД, Канада и Чешка се пласираа во полуфиналето на Светското првенство од елитната дивизија што се игра во Финска. Домаќините на овој шампионат во четвртфиналето во Тампере ја победија Словачка со 4:2, додека селекцијата на САД во Хелсинки беше подобра од Швајцарија со 3:0. Претходно пласман во полуфиналето обезбедија селекциите на Канада и Чешка. Канада ја победи Шведска, а Чешка Германија. Во полуфиналето, кое е закажано за в сабота во Тампере, ќе се сретнат Финска – САД, како и Канада – Чешка. Канада ја брани светската титула.
Author: saso
Кошаркарите на Голден Стејт се првите патници во големото финале на НБА лигата, откако на домашен терен го победија Далас со 120:110 и со тоа славеа со 4:1 во финалната серија на Западната конференција. Најефикасен во тимот од Сан Франциско беше Клеј Томпсон со 32 поени (осум тројки), до дабл-дабл учинок дојде Ендрју Вигинс со 18 поени и 10 скока, а Дрејмонд Грин додаде 17 поени. Стеф Кари беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија на Западната конференција, со просек од 23,8 поени, со 7,4 асистенции и 6,6 скока. Во тимот на Далас најдобар учинок имаше Лука Дончиќ со…
Наполи официјално потпиша договор со уругвајскиот репрезентативец Матијас Оливера. Десниот бек доаѓа од Хетафе и ќе биде прво засилување за тимот на нашиот Елмас во летниот трансфер период. Веста за трансферот ја соопшти претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Оливера помина 4 сезони во Хетафе. За тимот од предградието на Мадрид забележа 111 натпревари на кои постигна 2 гола и 7 асистенции.
Ракометарите на Вардар ја исполнија целта. Во последниот меч сезонава на домашен терен без посериозни проблеми го совладаа Тиквеш со 37:25 и по 15-ти пат ја освоија шампионската титула. „Црвено-црните“ веќе седма година едноподруго се на врвот на македонскиот ракомет. Момците предводени од Давид Дејвис и оваа сезона го потврдија приматот, особено во дуелите со најсериозниот конурент за титулата, Е. Пелистер, освојувајќи ја двојната круна.
РК Вардар денеска потврди уште едно ново засилување. Станува збор за Павел Андреев (194 см. / 96 кг.), кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи. Андреев кој има 29 години од 2006 година е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021. Во сезоната 2019/20 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено 7 шампионски титули, 4 во Купот на…
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20.15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ги започнува настапите во новото издание на Европската сребрена лига. Во првиот меч на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Босна и Херцеговина. Нашите одбојкари имаа добри подготовки во Маврово, одиграа два контролни меча со Албанија и подготвени го дочекуваат дуелот денеска. „Искрено, не ја познаваме многу селекцијата на Босна. Имаат два нови примачи, ново либеро и два нови средни блокери. Се надеваме и ќе играме за победа. Не би кажал дека сме фаворити, но ќе се бориме за секоја топка. Ќе го дадеме максимумот за да ја израдуваме македонската…
Сопствениците на Тотенхем планираат да инвестираат 150 милиони фунти во нови играчи ова лето. „Ова е поголема финансиска флексибилност и можност да се продолжи со инвестирање на теренотот и надвор од него“, соопштија од клубот од северен Лондон. За првпат Спарс имаат можност да соберат сериозни дивиденди од нивниот нов стадион, кој беше користен со полн капацитет во текот на целата сезона. Тотенхем стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Сега лондончани повторно ќе имаат можност да учествуваат на најпрестижниот клупски турнир во светот, откако завршија како четврти во англиското првенство. „Дополнителниот капитал од акционерот ENIC сега…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е избран за менаџер на годината во Премиерлигата за сезоната 2021/2022, објави официјалниот сајт на лигата. Германскиот стратег по вторпат во кариерата ја освои оваа награда. Клоп за првпат беше прогласен за менаџер на сезоната во 2020 година. Ливерпул ја заврши Премиерлигата на втората позиција со 92 бода. Во исто време, „црвените“ ги освоија двата национални купа – англискиот Лига куп и ФА Купот.
Кошаркарите на Далас синоќа на домашен терен славеа над Голден Стејт со 119:109 и намалија на 3:1 во финалето на Западот. Лука Дончиќ со 30 поени и 14 скока беше лидер кај Мавси на патот до првата победа. Тоа беше 10-ти дабл-дабл во 14 натпревари во плеј-офот за словенечкиот кошаркар. Во тимот на Голден Стејт најефикасен беше Стивен Кари со 20 поени, осум асистенции и пет скока. Тоа беше негов 100-ти натпревар во плеј-офот во кој постигна најмалку 20 поени. Следниот меч од финалето на Западот се игра во ноќта меѓу четврток и петок во Калифорнија.
Марселино Гарсија Торал ја објави својата одлука да го заврши престојот на кормилото на шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао. Тој и онака го завршува договорот со баскијците на 30 јуни, па како што најави на прес-конференција, нема намера да ја продолжи соработката. Марселино беше на чело на Атлетик од јануари 2021 година и му помогна на тимот да го освои Суперкупот на Шпанија.
