Голманот Робин Олсен и официјално премина од Рома во екипата на Астон Вила. Англискиот клуб го купи 32-годишен играч кој играше за тимот на позајмица минатата сезона. За трансферот на Швеѓанецот, тимот од „Вила Парк“ платиле 3,5 милиони евра. Олсен се приклучи на Астон Вила на позајмица од Рома во јануари 2022 година. За време на закупот одигра еден натпревар.
Author: saso
Тренерот на Барселона, Чави, составил список со играчи кои по секоја цена ги посакува во новата сезона во дресот на Каталонците. Радио Каталонија објави дека на списокот се наоѓаат играчот од средниот ред на Милан Френк Кеси, дефанзивците Андреас Кристенсен, Сезар Аспиликуета и Маркос Алонсо од Челзи, напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски, крилниот напаѓач на Лидс, Рафиња, дефанзивецот на Севиља, Кунде. Засега тешко оди реализацијата на добар дел од овие трансфери, иако според информаците, Кристенсен и Кеси се веќе договорени.
Промените во составот на ПСЖ се неизбежни. Според информациите на локалните медиуми, новиот директор на клубот подготвува подолга листа со имиња кои ќе си заминат. Според L’Equipe, Луис Кампос потпишал тригодишен договор со парискиот клуб и го замени Леонардо на местото спортски директор. Новиот менаџер сака да ангажира пет нови играчи, додека веќе има постигнато усмен договор со двајца играчи. Меѓу фудбалерите кои летово ќе си заминат се Левен Курзава, Мауро Икарди, Андер Ерера, Идриса Гаје, Џини Вајналдум и Леандро Паредес.
Селекторот и капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски и Енис Барди, на денешната прес конференција во пресрет на утрешниот дуел со Бугарија во Лигата на нации најавија тежок натпревар. “За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Денес, фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена. Единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат”, смета Милевски. На утрешниот меч со Бугарија капитенската лента ќе биде на раката на Енис Барди. “Имаме искуство во тимот подготвени сме да играме паметно и кога ние сме фаворити. Имаме победнички менталитет, но овие натпревари се потешки од…
Нголо Канте би можел да го напушти Челзи ова лето. Според L’Équipe, лондонскиот клуб и 31-годишниот играч за врска со месеци преговараат за условите за нов договор. Актуелниот договор меѓу Французинот и Челзи истекува во летото 2023 година. Канте е среќен во Челзи, но неговата иднина останува неизвесна бидејќи многу клубови имаат понуди до Челзи за него. За Канте беше објавено дека е најзаинтересиран Манчестер Јунајтед.
Францускиот министер за внатрешни работи смета дека Јирген Клоп е виновен за немирите пред финалето на Лигата на шампионите. Претходно, францускиот министер за спорт ги обвини навивачите на Ливерпул за нередите, велејќи дека многу од нив се обиделе да влезат на натпреварот со Реал Мадрид без билет или со лажни билети. „Вакви проблеми се јавуваат само во фудбалот со некои англиски клубови. Веќе се случи огромен број британски навивачи да дојдат без билети, на пример, во 2019 година во Мадрид. Истите проблеми се појавија на Вембли минатата година на финалето на ЕП 2020. Тоа е неприфатливо однесување, неорганизираност и огромен…
Јувентус се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но нивната понуда била одбиена, тврди Тутоспорт. Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра. Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудиле 20 милиони, но добиле и негативен одговор. Јуве веќе му плати на Атлетико 20 милиони евра за ангажманот во изминатите две сезони.
Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите на претстојните Медитерански Игри 2022 кои од 25 јуни ќе се одржат во алжирскиот град Оран. Подмладениот тим предводен од селекторот Кире Лазаров на медитеранските Игри ќе биде дел од групата „Б“ во која се најдоа и селекциите на Шпанија, Турција, Грција и Алжир. Лазаров и неговите избраници подготовките на за настап на Игрите ги започнуваат на 13 јуни.
Една од се уште главните ѕвезди на фудбалот денеска, напаѓачот на Пари Сен Жермен Лионел Меси раскажа како се чувствувале и тој и неговите соиграчи по годинешната елиминација од Реал (М) во Лигата на шампионите. „Реал Мадрид не уби. Мене, целата соблекувална воопшто, цел Париз, затоа што имавме варварска илузија за ова натпреварување. Резултатот од овој натпревар беше удар. Знам што е Реал Мадрид, го живеам долги години, цел живот во близина на овој клуб. И знаев дека тоа може да се случи бидејќи тие даваат гол од никаде и автоматски ја менуваат играта. Ова не е првпат да се…
Италијанецот Франческо Бањаја е победник на денешната трка за Големата награда на Италија во Муџело во рамките на Мото ГП шампионатот. Бањаја славеше пред Фабио Квартараро, а трет заврши Алеш Еспаргаро. Актуелниот шампион Квартараро со пласманот на второто место ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Еспаргаро на девет бода. Четвртото место го освои Зарко, додека петти беше уште еден Италијанец, Безеки.
