Author: saso

Нашата фудбалска репрезентација денеска ќе ги има и последните подготовки пред утрешниот меч со Грузија во новата рунда од Лигата на нации. За нас ова е првиот домашен меч во овој цикус и шанса со победа да го преземеме врвот на табелата во нашата група. „Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренизите. Верувам дека заедништво и…

Read More

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, планира да отпатува за Англија оваа недела за лично да се сретне со шефовите на Ливерпул и да преговара со 30-годишниот крилен напаѓач, Садио Мане. Салихамиџиќ во изминатите неколку дена беше во активна комуникација со спортскиот директор на Ливерпул, Џулијан Вард за обезбедувањето на потписот на Мане. Ливерпул му вети на Мане дека нема да му пречи во желбата да си замине. Агентот на играчот Бјорн Беземер веќе го известил раководството на клубот за желбата на неговиот клиент да се пресели во Баерн. Сите страни сакаат разделбата да помине во пријателска атмосфера без…

Read More

Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Бернардески е блиску до заминување од Јувентус, а кариерата би можел да ја продолжи во Наполи. Наполитанците му понудиле на 28-годишниот Италијанец 4-годишен договор со плата од 2,5 милиони евра годишно. Самиот Бернардески побарал плата од најмалку 3 милиони по сезона, плус бонуси, што отвори нова страна во преговорите меѓу двете страни. Според некои информации Наполи не е расположен за зголемување на понудата, но ќе почека на последната одлука на агентот на фудбалерот пред да ги затвори разговорите.

Read More

Германскиот тенисер Александар Зверев објави дека го оперирал скочниот зглоб. Да потсетиме, тој се повреди на Ролан Гарос на дуелот против Рафаел Надал. „Секој од нас има свој пат во животот. Ова е дел од мене. Следната недела за прв пат ќе бидам број 2 во светот, но утрово морав да одам на операција. По дополнителен преглед во Германија е потврдено дека се скинати сите три странични лигаменти на десниот скочен зглоб. Операцијата беше најдоброто решение за што поскоро враќање на натпреварите, правилно заздравување на сите лигаменти и целосно враќање на стабилноста на глуждот“, објави Зверев.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во новиот циклус од Лигата на нации. Денеска на гостувањето на Гибралтар, избраниците на Благоја Милевски беа подобри од домаќинот совладувајќи го со 2:0. Во првото полувреме во кое имавме голема доминација и многу добри шанси за гол, постигнавме само еден. Енис Барди во 20. минута во една соло-акција успеа да најде простор за шут пред голот на домашните и успеа да го отвори резултатот за водство на Македонија од 1:0. Во вториот дел во кој имавме посед на топка, но немавме изразити шанси, по едн агрешка на домашната одбрана, луцидниот Бобан…

Read More

Со голот на Енис Барди во 20. минута, Македонија води со 1:0 по првото полувреме на мечот со Гибралтар во рамките на 2. коло од Лига Ц делот во Лигата на Нации. Нашите фудбалери во првото полувреме имаа уштенеколку шанси за гол, но резултатот остана непроменет.

Read More

Рафаел Надал и по 14-ти пат го крена шампионскиот пехар на Ролан Гарос победувајќи го Каспер Руд во финалето со 6:3, 6:3, 6:0. Надал кој пред два дена наполни 36 години стана најстариот шампион во историјата на Ролан Гарос. Пред него тоа беше Андрес Гимено, кој до трофејот стигна со 34 години и 10 месеци. Надал стана само третиот играч кој освоил Грен слем по навршувањето на 36 години. Покрај тоа, Надал се изедначи со Новак Ѓоковиќ по бројот на освоени Грен слем трофеи по нивниот триесетти роденден, и двајцата имаат по осум.

Read More

Македонските каратисти го завршија настапот на Балканското првенство за сениори со четири освоени медали. Сите медали се освоени во поединечна конкуренција, од кој еден сребрен и три бронзени. Сребро на Македонија во Белград и обезбеди Витомир Трајковски кој во финалето во категорија -84 килограми загуби од Црногорецот Никола Маловиќ со 6-3. Бронзени медали за Македонија обезбедија Петар Заборски, Ангела Мојсовска и Јована Георгиева. За утре се закажани настапите во екипна конкуренција.

Read More

Во спектакуларен кик бокс меч синоќа во Зворник, БиХ, македонскиот шампион Димитар Ѓорѓиев со судиска одлука беше поразен од домашниот норец, Никола Дробњак. По пет пеколни рунди појасот од ВАКО Про остана во БиХ. Вториот наш претставник Бобан Илиоски извојува победа со нокаут во првата рунда против Хравтот Борна Манојловиќ во натпревар од К-1 до 83 килограми.

Read More

Крилниот напаѓач на Челзи, Кристијан Пулишиќ е незадоволен од малата минутажа што ја добива во тимот на Тухел, па најавил дека сака да си замине. Тој размислува за можен трансфер ова лето, а според информациите, италијанските гиганти Милан и Јувентус будно ја следат ситуацијата и се подготвени да го донесат во своите редови. Американецот пристигна на Стемфорд Бриџ за 58 милиони фунти од Борусија (Дортмунд) во летото 2019 година, но никогаш не успеа да стане редовен стартер. 

Read More