Author: saso

Во квалификациите во Конференциската лига Шкендија и А. Пандев почнуваат од 1. квалификациско коло, додека Македонија ЃП од второто. Денешната ждрепка во Нион сакаше Академија Пандев да добие исклучителнос илен ривал во екипата на Лехија Гдањск од Полска. Првиот меч струмичани ќе го играат на гости. Шкендија, пак, ќе биде домаќин во првиот меч пречекувајќи го тимот на Арарат од Ерменија. Првите мечевитод 1. квалификациско коло во Конференциската лига се закажани за 7, додека реваншите за 14 јули, додека втората рунда ќе се игра на 21 и 28 јули.

Read More

Младата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, по завршувањето на квалификацискиот циклус за ЕП 2023, денеска ќе одигра еден од двата договорени контролни меча со селекцијата на БиХ. Со овие дуели селекторот Канатларовски го најави почетокот на изградба на новата млада селекција која низ нови квалификации ќе се бори за ЕП 2025. Првиот пријателски натпревар денеска против БиХ се игра од 17 часот на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Read More

Македонија синоќа беше поразена од Грузија со 3:0, а по мечот свое видување на средбата даде нашиот млад напаѓач, Дарко Чурлинов. „Имавме две-три грешки кои Грузијците ги искористија. Сега ни останува уште еден меч, да ги средиме малку главите и да го добиеме тој меч. Мислам дека немавме среќа во завршницата пред гол. Има вакви средби и треба да се анализираме самите себе си и да се концентрираме на следниот меч. Мора да се кренеме пред следниот меч. На нас останува дали ќе си ги средиме главите и да излеземе на следниот меч на терен и да земеме три бода“, вели…

Read More

По синоќешниот меч и пораз од Грузија во 3. коло од Лигата на нации, селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски пред новинарите зборуваше за текот на мечот и очекувањата во следните дуели од циклусот. „Прво честитки за победата на Грузија, одиграа добар натпревар. Што би посочил како причина за поразот – освен три лоши наши реакции. Имавме контрола на играта барем 50 минути, потоа паднавме физички. Грузија е ниво над нас на физичка подготвеност. Нема ништо да им замерам на момците. Ова е нашиот максимум во моментот. Жалам што не дадовме гол, два или повеќе во периодот кога имавме доминација.…

Read More

Напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг може да го напушти Баерн ова лето. 33-годишниот камерунски репрезентативец добил понуда од Катар, и според венсикот „Билд“, Баерн истата ја прифатил. Баварците с еподготвени да го продадат Чупо-Мотинга доколку понудата е профитабилна. Договорот на напаѓачот со Баерн е до јуни 2023 година..

Read More

Новиот менаџер на Манчестер Ј., Ерик тен Хег смета дека приоритет на тимот во летниот трансфер период треба да бидат засилувања во средниот ред. Според ESPN, повикувајќи се на свои извори, новиот менаџер на „ѓаволите“ го смета за приоритет купувањето на централен играч за врска и ова го гледа како прв чекор во реструктуирањето на тимот. Сега Манчестер Јунајтед е фокусиран да најде засилување на позиција играч за врска, а засега не се споменуваат конкретни имиња. Јунајтед е подготвен да ангажира офанзивен играч само доколку има соодветен играч на располагање кој му е неопходен на тимот.

Read More

Тренерот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, ги сподели плановите на тенисерот за делот од сезоната на тревната подлога. „Веројатно Новак нема да игра никаде пред Вимблдон. Сега е подобро да се опоравиме психички и физички. Како што реков, Новак е посебна личност, генијалец со поинаков начин на размислување и му треба малку време повторно да склопи нешто во главата. Многу брзо разочарувањето ќе биде минато и ќе биде подготвен за трева“, вели Иванишевиќ.

Read More

Буџетот на ПСЖ за летниот преоден рок ќе биде во висина од 80 милиони евра. Според L’Équipe, парижаните сега можат да потрошат 80 милиони евра за новајлии, но буџетот за трансфери може да се зголеми доколку клубот продаде еден од постоечките играчи. 35 милиони евра од овие 80 милиони ПСЖ веќе потроши за откуп на дефанзивецот, Нуно Мендеш од Спортинг.

Read More

Напаѓачот Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани, кој ќе биде ослободен агент на 30 јуни, има одлични понуди од неколку мексикански клубови, тврдат шпаснките медиуми. Веста за медиумите наводно ја потврдил Валтер, братот и претставник на фудбалерот, кој објаснил дека приоритет за Кавани е Европа, но не ги затвора вратите за евентуално пристигнување и во мексиканскиот фудбал. „Не контактираа неколку тимови од Мексико, но приоритет е да продолжиме во Европа“, изјавил братот на фудбалерот. Неодамна протекоа информации дека претседателот на Толука, Франциско Суинага, имал понуда до Кавани.

Read More

Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, постигнал договор со турскиот фудбалски прволигаш Фатих Караѓумрјук и деновиве и официјално треба да биде претавен како нов тренер на тимот, јавуваат турските медиуми. Веста ја потврди и италијанскиот новинар Николо Шира. Турскиот клуб се надева дека договорот наскоро ќе биде потпишан, по што подготвуваат и специјална промоција. Пирло последен пат го водеше Јувентус во сезоната 2020/2021 година, кога го освои Купот и Суперкупот на Италија и заврши на четвртото место во Серија А. Минатата сезона Фатих Караѓумрјук заврши осми со 57 бодови.

Read More