Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ќе загуби 10 позиции на стартот на трката за ГН на Канада. Леклер ќе добие и парична казна во врска со замената на електронската контролна единица на неговиот болид – што ќе доведе до пречекорување на дозволениот број елементи за сезоната. Леклерк беше принуден да се повлече од Големата награда на Азербејџан поради дефект на моторот. Во пресрет на првиот тренинг во Канада, ФИА потврди дека Ферари ги заменил генераторите ICE, MGU-K и MGU-H, како и контролната единица за електроника на болидот на Леклер.
Author: saso
Јувентус подготви втора подобрена понуда за Анхел ди Марија во обид да го привлече аргентинскиот крилен напаѓач во Торино. Играчот ја одбил првата понуда од „бјанконерите“, која била за едногодишен договор. За фудбалерот е заинтересирана и Барселона. 34-годишниот Аргентинец веќе го напушти Пари Сен Жермен, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на месецот. Доколку потпише со Барселона, тој ќе биде еден од ретките играчи кои играле за двата шпански гиганти. Ди Марија помина пет години во Реал Мадрид, а потоа помина една сезона во Манчестер Јунајтед пред да замине во ПСЖ, каде постигна 92 гола на 295 натпревари.
Станислав Рижов, агентот на нашиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ, кој од вчера е нов тренер на ЦСКА (М), денеска ги откри деталите за потпишувањето на договорот со московскиот клуб. „Јасно е дека клубовите како ЦСКА постојано го следат пазарот. И играчите и тренерите. Но, конкретната потрага по тренер започна дури по официјалното заминување на Итудис. ЦСКА, очигледно, се одлучи за список на кандидати, правејќи интервјуа со нив. Со Раиковиќ разговараа неколкупати, но тоа не можеа да се наречат преговори. Наместо тоа, знак на интерес. Кога изборот падна на него, преговорите за договорот траеја рекордно кратко. Ова е можеби најлесниот договор…
Премиер лигата денеска го објави распоредот на натпревари за новата сезона 2022/23. Како што и беше планирано, истата ќе започне на 5 август. Првиот натпревар ќе биде лондонска пресметка меѓу Кристал Палас и Арсенал и ќе се игра во петочен вечерен термин, додека викендот ќе бидат одиграни преостанатите дуели. Шампионот Манчестер Сити одбраната на титулата ја почнува на 7 август на гости кај Вест Хем, во ист ден кога Ерик тен Хаг ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед на домашен терен и тоа против Брајтон, а оваа средба е закажана за недела, 7 август. Евертон-Челси ќе биде уште еден…
23-кратната гренслем шампионка Серена Вилијамс (САД) објави дека се чувствува подготвена да учествува на Вимблдон. Третиот Грен Слем сезонава ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули, а Вилијамс веќе доби „вајлд-карта“ за настап на турнирот во Лондон. „Работам од утро до мрак. Се чувствувам доволно самоуверена за да се осмелам повторно да бидам најдобра“, напиша таа на социјалните мрежи. Вилијалмс има седум трофеи на Вимблдон, а минатата година поради повреда на тетивата на мечот од првото коло мораше рано да го заврши настапот на турнирот.
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона се враќа во Франција. Техничарот на нашиот национален тим и официјално го потврди трансферот во францускиот прволигаш Камбраи Волеј. Ѓорѓиев минатата година ја освои двојната круна со екипата на Хебар во бугарскиот шампионат, а претходно веќе има искуство од настап во француската елита. Тој во периодот од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз Волеј.
Со голот на Бураковски во 1:23 минута од судиското продолжение, Колорадо Аваланш поведе со 1:0 по првиот меч од финалната серија во НХЛ лигата против Тампа Беј. Бураковски постигна гол за конечни 4:3 и голема радост за навивачите на тимот. Колорадо го нема освоено Стенли Купот 21 година.
Двократниот освојувач на Лигата на шампионите и повратник во англиската Премиер лига, Нотингем Форест, почнал преговори со Манчестер Ј. за голманот Дин Хендерсон. „Шумарите“ се надеваат дека ќе можат да го позајмат Хендерсон со опција за откуп за 20 милиони фунти (околу 23 милиони евра). Англичанецот е дете на Манчестер. Во август 2015 година, Хендерсон го потпиша својот прв професионален договор, а по враќањето од позајмицата во Шефилд Ј., повторно не успеа да се наметне во првиот тим на „ѓаволите“.
Винисиус Жуниор и Реал Мадрид се договориле за продолжување на договорот. Новиот договор на напаѓачот со мадридскиот клуб ќе важи до 2026 година. Страните ги договориле сите услови за соработката, а продолжувањето на договорот официјално ќе биде објавен во јули. Според некои информации, платата на Бразилецот ќе порасне од 3,2 милиони евра годишно на 10 милиони. Во новиот договор ќе има и клаузула за предвремен раскин во вредност од 1 милијарда евра.
На ЦСКА (М) нема да и биде дозволено да учествува и следната сезона во Евролигата, објавија руски медиуми. Клубовите акционери во Евролигата на 16 јуни ќе одржат состанок на кој и официјално ќе се разгледа ова прашање. Во март, Евролигата ги суспендираше сите руски клубови, ЦСКА, Зенит и УНИКС, од учество во сезоната 2021/22 и ги поништи нивните резултати. За разлика од другите руски клубови, ЦСКА е во одборот на акционери на лигата и има долгорочна А лиценца. Претходно, почесниот претседател на ВТБ-лигата, Сергеј Иванов, изјави дека московјани можат да поднесат голема тужба против Евролигата доколку не им биде дозволено…
