Според пишувањата на молдавските медиуми, македонскиот фудбалски репрезентаивец Бобан Николов го заврши престојот во молдавскиот шампион Шериф Тираспол. Тој е пред трансфер во Турција во редовите на второлигашот Маниса. Според изворот, во моментов во пакет со Николов Маниса се обидува да добие уште еден фудбалер на Шериф Т., напаѓачот Абдул Басит Калид.
Author: saso
Тони Надал, поранешен тренер и вујко на шпанскиот тенисер Рафаел Надал го стави својот вкук на првото место на листата на фаворити за совојување на годинешниот Грен Слем Вимблдон. „Рафа е добро. Мислам дека ќе биде прв фаворит, но Ѓоковиќ сепак останува веднаш до него. Хуркач или Беретини исто така ќе бидат меѓу фаворитите“, изјавил Тони Надал. Рафа веќе освои два Грен слем турнири оваа сезона, победувајќи на Австралија опен и Ролан Гарос.
По три години во Серија А, Жереми Тољан е пред враќање во Бундеслигата. Како што пишуваат германските медиуми, Волфсбург прави интензивни напори да го добие 27-годишниот десен бек и според „Билд“преговорите за трансфер со Сасуоло одат во одлична насока. Сасуоло бара околу пет милиони евра за Тољан, кој се уште е договорно обврзан до 2025 година. Волфсбург сака да ја намали сумата, која би паднала на прифатливи 3 -3,5 милиони евра. Тољан игра во Сасуоло од 2019 година и досега има одиграно 76 натпревари.
Уште еден фудбалер од годинешниот состав на Јирген Клоп го напушти „Енфилд“. Јапонскиот играч од средниот ред Минамино се сели во Монако, кој за него ќе плати 18 милиони евра, вклучително и бонуси. Клубовите го договорија трансферот на 27-годишниот фудбалер, а Ливерпул гарантирано ќе добие 15 милиони евра, додека дополнителни 3 милиони се предвидени како бонуси. Минамино дојде во Ливерпул во јануари 2020 година и за „црвените“ одигра вкупно 55 натпревари и постигна 14 гола.
Ден откако Интер постигна начелен договор со Челзи за позајмица на Ромелу Лукаку, почна да работи и на трансферот на Пауло Дибала. Сепак, тамуне е постигнат напредок во преговорите, откако неговиот агент не сакал да ја намали сумата на неговите барања за аргентинскиот фудбалер да потпише договор со „нероаѕурите“. Некои извори во Италија потврдија дека Интер ги прекина разговорите со Дибала за да го финализира договорот за Лукаку, но веќе закажале состанок со неговиот агент, Хорхе Антун, за наредните денови.
Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на меѓународниот турнир Кроација Г2 Опен во Загреб. По неколкуте 1/4 финалиња на претходните турнири во Белгија, Шведска, Албанија, Австрија и Бугарија на силните Г2 турнири организирани од Европската Таеквондо Федерација, каде се собираат поени за светската и олимписката ранг листа, Рељиќ конечно стигна и до подиумот. Во конкуренција од 25 натпреварувачки во нејзината категорија сениорки -62кг со две победи таа стигна до полуфиналето, каде беше тесно поразена од минатогодишната европска шампионка Бруна Вулетиќ. Нејзиниот тренер Александар Ефтимов, верува дека можат да направат уште поголеми успеси и да донесат уште повеќе медали од…
Еден од најавторитетните портали за ракомет во регионот, balkanhandball денеска објави информација дека нашиот ракометен шампион Вардар може да остане без местото во Лигата на шампиони за сезоната 2022/23. Причина се финансиите. Минатата сезона раководството на ЕХФ бараше од клубот гаранција од еден милион евра за да биде дел од елитата, а веројатно и оваа година финансиската ситуација и стари долгово кон играчите се сериозна пречка за место на Вардар во елитата. Одлуката на ЕХФ се уште не е потврдена, но претпоставките се дека до крајот на неделата ќе се знае конечниот став и на европската ракометна федерација по ова…
Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец, Мирко Ивановски денеска и официјално е промовиран во романскиот клуб Петролул. Членот на елитната конкуренција денеска го промовираше нашиот интернационалец, кој минатата сезона беше дел од екипата на Динамо Букурешт. За Ивановски ова ќе биде трет клуб во Романија откако веќе го носеше дресот и на екипата на Клуж во 2014 година.
Американската телевизиска мрежа ЕСПН направи прелиминарна прогноза за тоа како ќе изгледа пласманот на тимовите следната сезона во НБА лигата. Според телевизиската куќа најголеми шанси за титулата ќе има шампионот од оваа сезона Голден Стејт. Ривалот на тимот од Калифорнија во финалето оваа година, Бостон се наоѓа на втората позиција и според ЕСПН нема да биде чудно доколку следната сезона имаме исти финалисти. Еден од главните претенденти за титулата минатата сезона, Бруклин во новата сезона е дури на 10. место на листата на фаворити за титулата, додека ЛА Лејкерс се дури на 17. позиција. ТОП 10 фаворити за титулата во…
Тренерот на Ница, Криштоф Галтие е многу блиску до преземање на ПСЖ. Парижаните се согласиле да ја платат клаузулата за ослободување на тренерот во висина од 10 милиони евра. Со тоа 55-годишниот Французин, треба и официјално да стане наследник на Покетино на кормилото на францускиот шампион. Во Франција веќе се пишува дека Ница пронашла замена за Галтие. На клупата на овој француски тим ќе седне Лусиен Фавре.
