Author: saso

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара, ќе останат на своите позиции најмалку до 2025 година. Договорите на двајцата директори истекуваа на крајот на овој месец, но нивното обновување беше одложено поради промената на сопственоста на Милан. Во Италија се шпекулираше дека особено Паоло Малдини не бил задоволен од амбициите на новите сопственици кои не сакаар да вложуваат премногу пари на трансфер пазарот, но сепак меѓу страните имало разбирање за новите договори. Се очекува ова вест да ја засили работата на Милан на трансфер пазарот, каде единствена вест засега е доаѓањето на Дивок Ориги како слободен…

Read More

Фернандињо се врати во бразилски Атлетико Паранаенсе. Играчот од средниот ред потпиша договор со својот матичен клуб до крајот на 2024 година и го зема дресот со број 5. Летово 37-годишниот играч од средниот ред си замина од Манчестер Сити како слободен играч и реши да се врати во својата татковина, од каде замина уште во 2005 година при својот прв трансфер во украински Шахтјор Доњецк.

Read More
NBA

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг одлучи да ја активира последната година од договорот и ќе продолжи да игра за Бруклин Нетс, иако многу се зборуваше за неговото заминување, а најчесто споменуваното заминување во ЛА Лејкерс. „Обичните луѓе го одржуваат светот. Решив да останам, да ја активирам последната година од договорот и ќе се видиме наскоро“, им порача на навивачите 30-годишниот кошаркар кој во последните три години одигра само 103 натпревари како играч на Бруклин. Минатата сезона, Ирвинг имаше просек од 27,4 поени, 5,8 асистенции, 4,4 скока и 1,4 украдени топки на 29 натпревари.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација означи старт на подготовките за последните два меча од квалификациите за СП 2023. Избраниците на Драган Бајиќ на први јули и гостуваат на Шпанија, додека три дена подоцна на домашен терен ја пречекуваат Украина. Македонија нема победа во овие квалификации, никогаш на ниту еден натпревар не беше во најсилен состав, за што жали и селекторот на нашиот национален тим. „Добро е познато дека уште ги немаме загубено шансите кога говориме за шансите за следниот круг, туку од Украина. Мора да ги одиграме што е можно последните два меча. Пак сме хендикепирани, ни фалат неколку играчи, секој круг…

Read More

Тотенхем е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленгле, пренесува Мундо Депортиво. Дефанзивецот има договор за уште една сезона, но е во плановите на Чави. Шпанското издание додава дека газдите на шпанскиот гигант се задоволни од можноста не само да се разделат со Французинот, туку и да го испратат во тим кој е подготвен да му ја исплати целата плата. На овој начин ќе можат да си ги ублажат сериозните трошоци за плата. Тотенхем веќе ги доведе Ив Бисума, Иван Перишиќ и Фрејзер Фостер, но Антонио Конте сака дополнително да го засили својот тим за претстојното враќање во Лигата на…

Read More

Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде. 23-годишниот Французин е на врвот на листата на Каталонците, но го бара и Челзи и преговорите се тешки. Затоа Барселона планира да ги пренасочи напорите кон Калид Кулибали од Наполи. 31-годишниот Кулибали не постигнал договор со газдите на клубот за обновување на договорот кој му истекува за една година. Така тој речиси сигурно ќе биде продаден летово за да не замине како слободен играч во 2023.

Read More

Мејсон Гринвуд останува под кауција по уште една судска одлука за обвиненијата за силување и напад на неговата поранешна девојка. 20-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше уапсен на 30 јануари, а подоцна на обвиненијата беше додаден и обид за атентат. На сослушувањето во четвртокот, судот во Манчестер потврди дека нема причина Гринвуд да биде приведен и дека може да биде ослободен со кауција. Се уште не е одреден датум за судење за младата ѕвезда на Јунајтед. Штом се појавија обвиненијата против него, „црвените ѓаволи“ го суспендираа Гринвуд од тимот додека не стане јасна одлуката на судот.

Read More

Рома има амбициозен план да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, откри поранешниот дефанзивец на „волчицата“ Фабио Петруци. Тој за Retesport изјави дека има информации од внатре дека газдите на клубот во моментов прават се што е во нивна моќ за да го доведат 38-годишниот играч на Олимпико. До пред една година Роналдо го носеше тимот на Јувентус, но летото реши да си замине за да се врати во Манчестер Јунајтед. Иако постигна 24 гола оваа сезона, не успеа да им помогне на „црвените ѓаволи“ да завршат во топ 4 и не е особено задоволен од она што…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миоски и официјално е нов фудбалер на Абердин. Тој денеска е претставен како ново засилување на шкотскиот гигант. 22-годишникот заминува од МТК Будимпешта и се сели во редовите на Абердин, каде ќе остане во наредните четири години. Нашиот голгетер е петтото летно засилување за шкотскиот прволигаш. Во изминатата сезона тој постигна девет гола на 22 настапи за унгарската екипа.

Read More

И покрај најавите дека може да си замине, Кристофер Нкунку потпиша нов договор со РБ Лајпциг. Според информацијата, новиот договор е со важност до летото 2026 година. Во истиот е вклучена ослободителна клаузула од 60 милиони евра. Французинот дојде во Лајпциг во 2019 година од ПСЖ. На 134 натпревари како дел од германскиот клуб, Нкунку постигна 93 гола за тимот. Минатата сезона тој го собори рекордот на Тимо Вернер со директно учество во 54 гола за својот тим. Французинот минатата сезона стана најдобар стрелец и асистент на клубот и беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата.

Read More