Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски нема да ја менува средината и во новата сезона. Удинезе на својата официјална страница потврди дека македонскиот фудбалер ја продолжил соработката со клубот до 2023 година. Несторовски во Удинезе дојде во 2019 година од тимот на Памермо.
Author: saso
По Дејан Георгиевски, денеска и преостанатите тројца македонски таеквондисти утрово се појавија на Медитеранските Игри во Оран, но за жал, брзо го завршија настапот. Анамарија Георгиевска единствена успеа да избори пласман во четвртфинале по победата над Сандиќ од БиХ во 1. коло, но во борбата за пласман во полуфиналето загуби убедливо од Јелиќ од Хрватска со 28:2. Во машка конкуренција Дилип Додевски и Марко Аврамоски беа запрени уште во 1. коло.Аврамовски во категорија до 58 килограми загуби од Алжирецот Атуи со 34:14, додека Додевски во категорија до 80 килограми беше поразен во првиот настап од Турчинот Картал со 24:13.
ФК Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер е Бојан Иванов, 27-годишниот фудбалер за врска кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички. Бојан Иванов е играч од средниот ред кој располага со одлична фудбалска техника и се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски.
Она што веќе се најавуваше, Арсенал денеска го потврди. Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус потпиша долгорочен договор со „топчиите“ по трансферот од Манчестер Сити. 25-годишниот напаѓач се етаблира како еден од водечките напаѓачи во Премиер лигата во последните сезони. Тој постигна 95 гола на 236 настапи во сите натпреварувања во текот на неговите пет сезони во Манчестер. Габриел ќе го носи дресот со број 9 во Арсенал и наскоро ќе се приклучи на тимот.
Словенечкиот кошаркарски ветеран Горан Драгиќ се согласил на едногодишен договор со Чикаго Булс, тврди НБА инсајдерот Џордан Шулц. Минатата сезона 36-годишниот Словенец настапуваше за Бруклин со просек од 7,3 поени, 4,8 асистенции и 3,2 скока по натпревар. Драгиќ има 15 сезони и 948 натпревари во НБА со Феникс Санс, Хјустон Рокетс, Мајами Хит, Торонто Репторс и Бруклин Нетс. Словенецот во 2014 година беше прогласен и за најпрогресивен играч во НБА. Претходно беше објавено дека Далас Маверикс размислат за постигнување договор со Драгиќ, но до оваа соработка не дојде.
Валмир Какруки ќе биде во составот на нашата кошаркарска репрезентација за денешниот меч со Украина во квалификациите за СП 2023. Бајиќ ќе смета на Какруки, кој ќе го замени Виктор Ефремовски, кој има проблеми со вирус. Крилото на Работнички не е во улога на дебитант, ако се земе в предвид дека во овој квалификациски циклус веќе доби шанса да заигра за нашиот сениорски национален тим. Играше на двете средби против селекцијата на Грузија во кој собра четири минути. Денеска Какруки ќе чека нова шанса да го зголеми бројот на одиграни минути за сениорскиот состав кој го финишира првито круг од…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака лично да разговара за иднината со напаѓачот Кристијано Роналдо, пишува Дејли Меил. Според изворот, разговорот меѓу страните е закажан во моментот на враќање на Роналдо во клубот за да започне со претсезонските тренинзи. Претходно беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на „црвените ѓаволи“ да го продадат доколку дојде добра понуда. Поточно, португалскиот напаѓач е незадоволен од активноста на клубот на трансфер пазарот, во споредба со конкурентите во Премиер лигата. Исто така, беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на Манчестер Јунајтед да ангажира 6-7 нови имиња во летниот преоден рок.
23-годишниот Тајлер Адамс кој премина од Њујорк Ред Булс во Лајпциг во јануари 2019 година, ќе биде новоз асилување за Лидс Ј., се шпекулира во Англија. Адамс кој има 101 настап за германскиот тим, е на пат за Англија. Германскиот „Скај Спортс“ пишува дека Лидс Ј. и Лајпциг би требало да бидат многу блиску до договор за цената на играчот од средниот ред. Според медиумите, Лидс и Адамс веќе се договориле за личните услови, а со тоа ги оставиле само последните детали пред да го заклучат договорот за трансфер на Американецот на „Еланд Роуд“.
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски синоќа на трката на 5000 метри на Медитеранските игри во Оран, постави нов македонски рекорд. Тој патеката ја истрча со време 13:54:58 минути го освои 8. место во конкуренција на 12 натпреварувачи. „Честитки Дарио, нов рекорд, нов доказ за извонредната форма, квалитетен тренинг, добар тренажен процес и веруваме дека Олимпискиот стипендист на МОК ќе биде уште подобар во периодот кој доаѓа и во кој ќе избори резултат за учество на Олимпијадата во Париз 2024 година“, му честитаа од МОК.
Македонскиот ракометен суперлигаш Тиквеш објави дека некогашниот репрезентативен голман на Македонија и голман на повеќе македонски клубови, како и селектор на нашата сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, ќе биде нов тренер на кавадаречкиот состав. Брестовац до пред една година беше на селекторското место во нашата репрезентација, па по кусата интернационална кариера реши да се врати во Македонија и да го преземе тимот на Тиквеш.
