Author: saso

Баерн (М) и натаму силно сака да го ангажира дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лигт со договор до 2027 година, тврди новинарот Флоријан Плетенберг. Според изворот, страните веќе имаат устен договор за трансферот. Клубот од Минхен ја подготвува првата официјална понуда до „бјанконерите“. Во исто време, Јуве планира да го доведе дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали на местото на 22-годишниот Холанѓанец.

Read More

Англискиот премиерлигаш Брентфорд официјално го ангажираше шкотскиот репрезентативец Арон Хики. „Пчелите“ на италијанската Болоња ќе и платат 16,5 милиони евра, а тимот од Серија А може да добие уште 5,5 милиони евра во вид на бонуси. 20-годишниот лев бек вчера ги помина лекарските прегледи пред да потпише 4-годишен договор со Брентфорд. Интересно е што Болоња за Хики пред две години на Хартс му плати само 1,7 милиони евра.

Read More

Сагата околу иднината на Усман Дембеле е при крај. Францускиот интернационалец се очекува да потпише нов договор со Барселона, тврди каталонски „Спорт“. Во последниве месеци имаше голем број шпекулации околу крилниот напаѓач, за кого интерес има од ПСЖ и клубови од Премиер лигата. Сепак, Дембеле постигнал договор со Барселона и ќе продолжи да игра за Каталонците и во иднина. Францускиот репрезентативец ќе потпише договор на две години, откако се согласил на намалување на платата за 40%.

Read More

Уругвајската суперѕвезда, Луис Суарез, откри дека бил блиску до преселба во Ривер Плата, но по испаѓањето натимот од Копа Либертадорес од Велез Сарсфилд, таа опција пропадна. „Бев многу возбуден поради можноста да одам во Ривер да играм во Копа Либертадорес. Беше сон да се освои купот во Јужна Америка. Откако Ривер беше елиминиран, таа можност отпадна“, призна уругвајскиот напаѓач. „Пред месец и половина изјавив дека нема да ја напуштам Европа, но Ривер толку многу инсистираше што размислував и имаше можност. Возбудени сте штом толку многу ве сакаат. На секој фудбалер му треба љубов“, додаде тој. Ветеранот го изрази своето изненадување…

Read More

Денеска и официјално стартува Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 20“ години каде во улога на организатор ја има Скопје и КФСМ. Вкупно 18. селекции, во девет натпреварувачки дена (9-17. јули), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, а најдобрите три да обезбедат промоција во „А“ сегментот од оваа младинска женска конкуренција. Нашите девојки се дел од групата „Ц“ во која се уште и националните тимови на Хрватска, Црна Гора, Косово и Романија. Натпреварите на ова првенство нашиот женски младински состав (кошаркарки родени 2002 година и помлади) ќе ги играат во салата на СРЦ „Кале“.…

Read More

Поранешниот претседател на ФИФА, Јозеф С. Блатер и поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини се ослободени со одлука на Швајцарскиот федерален кривичен суд. И двајцата беа обвинети за измама и фалсификат од страна на швајцарскиот јавен обвинител (ОАГ). Швајцарецот Блатер беше обвинет и за проневера, по што Јавното обвинителство побара условна казна од една година и осум месеци. Дополнително, Платини треба да ја надомести добиената сума и социјалните бенефиции платени од ФИФА.

Read More

25-годишниот дефанзивец на екипата на Торино, Бремер несомнено е едно од најпосакуваните трансфер имиња во Серија А. Бразилецот одлично се развиваше во Торино и беше избран за најдобар дефанивец во сезоната, а сега е на пат да ја промени средината. Интер е сериозно заинтересиран за неговиот потпис, но преговорите за сумата која „нероаѕурите“ би ја платиле за неговата слобода засега се во застој. Торино бара 40 милиони евра за својот стартен дефанзивец, додека Интер сака да ја намали сумата, со тоа што во договорот за Бремер сака да го вклучи младиот 19-годишен фудбалер Чезаре Касадеј, кој е централен играч за…

Read More

Олимпик Марсеј е заинтересиран за напаѓачот на Монако, Софијан Диоп (22), иако потенцијално непремостливите разлики меѓу клубовите го прават овој договор неизводлив. Диоп одигра одлична сезона под водство на Нико Ковач, но по доаѓањето на Филип Клемент во јануари, тој го загуби првотимскиот статус. Борусија Дортмунд, Ница и Лестер исто така се поврзуваат со трансфер на Диоп, а Марсеј е последниот тим што влегува во низата заинтересирани клубови.

Read More

Од денеска до недела на одбојкарското игралиште зад хотелот „Дабл Три Хилтон“ во Скопје ќе се одржи силен меѓународен одбојкарски турнир во женска конкуренција. Турнирот е во организација на ЖОК Вардар, а под покровителство на општина Аеродром. Натпреварите почнуваат денеска попладне со првите натпревари во фазата по групи, додека, финалните дуели следуваат в недела попладне по 16 часот. Мечот за 3. место и големото финале се планирани за в недела по 18.30 часот. На дебитантскиот настап ќе учествуваат осум екипи, и тоа најдобрите од македонската одбојкарска сцена и гости од Србија и Црна Гора. Наградниот фонд на турнирот изнесува 1.600…

Read More

Македонскиот футсал шампион, екипата на Шкупи ги доби ривалите за групата фаза од квалификациите во Лигата на шампионите. Шкупи натпреварите ќе ги почне од втората фаза, каде ќе биде домаќин на турнирот од групата „8“ во која ќе биде и чешкиот тим Хрудим, како и два тима кои ќе победат во групите „Г“ и „Х“ во прелиминарната фаза. Турнирот во Скопје чиј домаќин ќе биде нашиот првак ќе се одржи од 25 до 30 октомври.

Read More