Author: saso

Аргентинскиот централен бек, Лисандро Мартинез ќе биде ново засилување за Манчестер Јунајтед. Долгата средба која преставниците на Манчестер Ј. ја имале со Ајакс, е затворена со договор вреден повеќе од 50 милиони евра. Конечните разговори ќе се одржат утре, бидејќи Манчестер Јунајтед се надева дека ќе го запечати договорот во следните 48 часа. Лисандро сега ги договорил личните услови од соработката со „ѓаволите“, а раководните лица на Манчестер Јунајтед се вратија во Англија со цел да добијат конечно одобрение за условите за плаќање на трансферот.

Read More

Напаѓачот на Интер, Един Џеко е блиску до враќање во англиската Премиер лига. Според весникот „Газета дело Спорт“ за неговите услуги се заинтересирани Евертон и Вулверхемптон. Интер е подготвен да се раздели со 36-годишниот Џеко за да го ангажира поранешниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала. Актуелниот договор на Един со миланскиот клуб е до летото 2023 година.

Read More

Чилеанскиот играч за врска Артуро Видал (35) фудбалската кариера ќе ја продолжи во бразилски Фламенго, со кого потпиша договор до декември 2023 година. „Денеска ми се остварија соништата кои ги имав цел живот“, објави Видал на Инстаграм. Во Фламенго дојде како слободен играч од Интер, каде ги мина последните две сезони. Кариерата ја започна со чилеанскиот Коло-Коло, а во 2007 година замина во Европа, прво во Баер Леверкузен, а потоа играше и за европските гиганти Јувентус, Баерн, Барселона и Интер

Read More

Од денеска и официјално, крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг му се приклучи на Челзи како прво засилување во ерата на новиот сопственик Тод Боли. Клубот и официјално потврди дека Англичанецот потпишал договор за период од 5 години. Како што беше претходно објавено, зделката ќе изнесува 47,5 милиони фунти плус 2,5 милиони бонуси.

Read More

Рома со сите сили се обидува да го ангажира поранешниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала. Според новинарот Цезар Луис Мерло, римјаните се вратиле во борбата за Аргентинецот и му понудиле четиригодишен договор со плата од шест милиони евра годишно. Сега ова е единствената официјална понуда што ја има добиено 28-годишниот напаѓач. Дибала нема разговори со Интер повеќе од еден месец.

Read More

Роберт Левандовски чека Баерн да го потврди неговото заминување во Барселона. Напаѓачот се врати на тренинзите на клубот од Минхен, но не би сакал да присуствува на состанок со членовите на Баерн во сабота, а следниот понеделник да оди на турнејата во САД. Барселона му вети на Левандовски дека нема да мора да го прави тоа. Извори од Полска велат дека напаѓачот сакал да се збогува со соиграчите од Баерн пред трансферот во каталонскиот клуб оваа среда. Зделката се проценува на 40-50 милиони евра, но Барса верува дека веќе го постигнала својот главен успех, принудувајќи го Баерн да се откаже…

Read More

Месут Озил си најде нов клуб. 33-годишниот играч од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во Истанбул Бахчешехир.. Фенербахче неделава го раскина договорот со поранешниот германски репрезентативец. Озил беше исфрлен од тимот поради конфликт со вршителот на должноста тренер на тимот Исмаил Картал. Последниот натпревар за турскиот клуб го одигра на 20 март. Новиот тренер на Фенербахче, Жорге Жесус, исто така не сакал да го врати фудбалерот во составот и не го вклучи во составот кој се подготвува за новата сезона.

Read More

Некогашниот селектор на нашата фудбалска репрезентација, Ѓоко Хаџиевски повторно се врати во Обединетите Арапски Емирати. Тој од денеска и официјално ја презема екипата на Хата, на чие кормило беше пред 5 години. Од клубот денеска излегоа со промоција на нашиот стратег. Минатата година Хаџиевски го предводеше тимот на Хаџер во Саудиска Арабија, откако претходно две сезони помина на кормилото на тимот на Емирати од (ОАЕ).

Read More

На состанокот на Извршниот комитет на СЕХА лига е донесена одлука за продолжување на натпреварувањето во сезоната 2021/22, кое беше одложено во март оваа година. Сезоната на СЕХА – Гаспром лигата 2021/22 ќе продолжи во август, со четвртфиналните натпревари кои ќе се играат помеѓу 8 и 25 август 2022 година и СЕХА – Гаспром Ф4 турнирот од 2 до 4 септември 2022 година во градот Задар, Хрватска. По анализата и пресметката на просечниот пласман на екипите во сите сезони во кои учествуваа во СЕХА – Гаспром лигата, осумте најдобропласирани екипи ќе учествуваат во четвртфиналните натпревари. Двојките од четвртфиналните натпревари се…

Read More

Надежите дека летово ќе се пресели во Јувентус го натераа младиот напаѓач на Рома, Николо Заниоло да одбие да тренира со клубот, додека не биде продаден. Денеска „волчицата“ заминаа на камп во Португалија, но претходно имаше тренинг. Офанзивниот играч за врска побарал од стручниот штаб да не учествува на него, иако нема информации дека е повреден. Рома за него бара 50 милиони евра, што сепак не е сума која Јувентус во моментов сака да ја плати за него.

Read More