Author: saso

Манчестер Сити постигна договор со играчот од средниот ред Фил Фоден за нов договор, објави новинарот Мајк Киган. Новиот договор на англискиот интернационалец ќе биде долгорочен, но се уште не е јасно за кој точен временски период ќе се работи. „Ова се одлични вести за клубот во пресрет на новата сезона“, напиша Киган на својот официјален профил на Твитер.

Read More

Челзи размислува за шокантна операција вредна околу 130 милиони евра за да привлече не еден, не двајца, туку дури тројца играчи на Интер, пренесува „Калчомеркато“. Двата тима се во одлични односи, а само во последните 12 месеци најпрвин го комплетираа рекордниот трансфер на Ромелу Лукаку од 113 милиони евра од Џузепе Меаца на Стемфорд Бриџ, а потоа летово белгискиот крилен напаѓач се врати во Италија. Сега „сините од Лондон“ сакаат да ги доведат Милан Шкрињар, Дензел Думфрис и младата надеж Чезаре Касадеј во тимот за следната сезона. Италијанскиот извор информира дека цените на тројцата најверојатно ќе бидат структурирани во варијанта…

Read More

Денеска во Нион се одржа и ждрепката за плеј – офот во Конференциската лига на УЕФА. Во оваа фаза Македонија би можела да има две екипи. Прво Шкупи, ако не успее да го мине Шамрок Роверс во 3. квалификациско коло во ЛЕ, а потоа и Шкендија, ако успее да го мине АИК во 3. квалификациско коло во КЛ. Шкендија ако го мине АИК во плеј – офот ќе игра или со Фенербахче или со Словачко. Шкупи ако биде поразен од Шамрок, во плеј – офот во КЛ го чека двомеч со подобриот од Балкани (Косово) и Клаксвик (Ф. Острови).

Read More

Шампионот Шкупи за влез во групната фаза во Лигата на Европа ќе се бори против поразениот од двомечот меѓу Карабах и Ференцварош. Ова е резултат на денешната ждрепка во Нион. Секако, за оваа варијанта да се оствари, ќе треба прво чаирчани во третата квалификациска рунда во Лигата на Европа да го поминат Шамрок Роверс од Р. Ирска. Инаку мечевите од плеј – офот во ЛЕ се закажани за 18 и 25 август.

Read More

Езџјан Алиоски е нов фудбалер на Фенербахче. Турскиот фудбалски гигант ја потврди информацијата, по успешно завршените преговори со нашиот репрезентативец. Алиоски кој минатата сезона ја помина во С. Арабија во дресот на Ал Ахли, долго време беше во преговори со Трабзонспор, па и со Бешикташ и Галатасарај, за сепак во наредниот период ќе го носи дресот на Фенербахче. Договорот ќе биде во вид на позајмица од Ал Ахли.

Read More

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во големото финале во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Литија (Словенија). Ивановски во двојка со Брендон Волкин беа поразени во полуфиналето од Патрик Рикл и Матеј Вочел. Чешката комбинација славеше со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-3. Станува збор за фјучерс кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Read More

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала ќе продолжи да игра во Серија А бидејќи речиси сигурно ќе се пресели во Рома, пишуваат италијанските медиуми. 28-годишниот Аргентинец си замина од Јувентус како слободен играч, а голем интерес за играчот имаше од Интер. Двете страни преговараа, се разговараше и за бонусите за Дибала, но по доаѓањето на Ромелу Лукаку се чини дека нема место за него во тимот на Инзаги. Затоа Пауло Дибала започна преговори со Рома. За да ја добие аргентинската ѕвезда, „волчицата“ ќе направи исклучок и ќе го направи најплатен фудбалер во сегашниот состав со годишен приход од 6 милиони евра. Сепак,…

Read More

Сенегалскиот фудбалер Калиду Кулибали од италијанскиот прволигаш Наполи се пресели во англискиот Челзи со кој потпиша четиригодишен договор. Како што потврдија денеска од лондонскиот клуб, 31-годишниот капитен на Сенегал, кој со националниот тим на почетокот на годината стана африкански шампион, е второто летно засилување на „сините“. Сенегалскиот дефанзивец последните осум сезони ги мина во Наполи, тимот со кој го освои Купот на Италија во 2020 година, а претходно настапуваше и за Мец и Генк. Договорот со лондончани е вреден околу 32 милиони фунти (37,6 милиони евра). „Многу сум среќен што му се приклучив на Челзи. Секогаш ми беше сон да…

Read More

Перуанката Кимберли Гарсија Леон и Јапонецот Тошиказу Јаманиши ги освоија првите златни медали на СП во атлетика во Орегон, САД. Тие беа најдобри во трките во брзото одење на 20 километри. Покрај нив, во првиот ден на првенството златна стана и штафетата 4х400 метри мешано на Доминиканската Република која успеа да ја победи конкуренцијата и да го грабне златото во оваа дисциплина. Американката Алисон Феликс (36), пак, го освои рекордниот деветнаесетти медал на СП со бронза во штафетата, а воедно и во последната трка во кариерата. Таа беше на победничкиот подиум на осум СП и го собори рекордот што претходно…

Read More

По вчерашната ждрепка во Минхен, по која нашќата кошаркарска репрезентација ги доби Словачка, Данска и Норвешка како ривали во претквалификациите за Евробаскетот 2025, денеска со своја оценка на групата се јави селекторот Драган Бајиќ. „Кои се првите впечатоци после ждрепката, би рекол доста непознати. Навистина, Словачка ни е добро позната, игравме со нив во минатиот циклус од претквалифиакциите за Светскиот Куп. За другите две репрезентации може да се каже дека се непознати за нас. Данска имаше некоја улога во претходните квалификации, и доста работи зависат од тоа со каков ростер ќе има нивниот селектор на располагање. Во разговор со некои…

Read More