Author: saso

Барселона денеска го објави назначувањето на Рафаел Маркез за нов тренер на вториот тим на Каталонците. 43-годишниот Мексиканец потпиша двегодишен договор со каталонскиот клуб. Минатата сезона Барселона Б под водство на Серхи Бархуан заврши на 8-то место во 3-та дивизија. Маркез е легенда на клубот, кој играше на „Камп Ноу“ од 2003 до 2010 година.

Read More

Некогашната ѕвезда на Арсенал, Сеск Фабрегас следната сезона ќе игра во италијанската Серија Б. Шпанскиот играч од средниот ред, кому му истече договорот со Монако, сеназационално потпишал двегодишен договор со амбициозниот италијански второлигаш Комо. Фабрегас верува во проектот кој Комо го има и се надева дека ќе го реализира со влез во италијанската елита следната сезона.

Read More

Јапонскиот главен град Токио ќе биде домаќин на Светското првенство во атлетика во 2025 година, соопшти Меѓународната федерација. Одлуката е донесена на состанокот во Јуџин (САД). Покрај Токио, за домаќин на светското првенство конкурираа и Најроби (Кенија), Сингапур и Шлезија (Полска). Хрватските градови Медулин и Пула и Талахаси (Флорида, САД) исто така беа избрани за градови домаќини на Светското првенство во крос кантри во 2024 и 2026 година. Светското првенство во атлетика започнува денеска во Јуџин.

Read More

Марио Балотели се уште не заиграл во шпанската Ла Лига, но тоа може да се промени наредната сезона. Според информација на италијанските медиуми, новоименуваниот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо е многу заинтересиран да го доведе Марио Балотели во клубот. Според медиумите, италијанскиот тренер веќе го повикал Балотели за да се распраша за можноста, но засега нема индикации дека има некаков договор. Балотели моментално е под договор со турскиот прволигаш Адана Демирспор, а за него се распрашува и швајцарски Сион.

Read More

Фудбалерот на Лион, Хусем Ауар веќе неколку сезони се шпекулира дека ќе го напушти својот сегашен клуб, за конечно, ова лето да се реализира неговото заминување. Реал Бетис е тимот кој е на чекор до постигнување на согласност за неговиот трансфер, откако начелно, Лион ја прифатил понудата на Шпанците за потписот на Ауар. Засега нема детали од понудената соработка, но според најавата на француските медиуми Ауар ќе му се приклучи на својот некогашен соиграч Набил Фекир во наредните неколку денови, откако ќе го мине задолжителните лекарски прегледи.

Read More

Андреа Пинамонти е нов напаѓач на Монца. Адријано Галијани не застанува на пазарот и неодамна постигна договор да го добие талентираниот напаѓач, кој минатата сезона постигна 13 гола со дресот на Емполи. 23-годишниот напаѓач беше баран од неколку клубови, но на крајот се чини дека Монца ја доби трката, која ќе го донесе на позајмица со обврска да го купи за 20 милиони евра. Пинамонти е третиот фудбалер од Интер кој премина во Монца, по Сенси кој дојде на позајмица и Ранокија кој го заврши договорот со Интер и го избра тимот на Берлускони и Галијани.

Read More

Словачка, Данска и Норвешка ќе бидат противници на Македонија во претквалификацискиот циклус за пласман на Евробаскетот 2025 година. Ова е резултат на денешната ждрепка во Минхен, каде Македонија имаше среча и доби противници по мерка со кои може да бараме пласман во вториот круг од квалификацискиот циклус. Првоите квалификациски цуели следуваат вече во август во првиот квалификациски прозорец на 25 август-четврток и 28. август-недела.

Read More

Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова заедно со својот тренер Димитар Петровски, вчера заминаа за САД каде од утре, па се до 24 јули во Орегон, САД ќе се одржи 22. Светско првенство во атлетика. Адријана Поп Арсова ќе биде единствениот преставник од Македонија во дисциплината маратон. На СП за сениори во атлетика ќе учествуваат 1900 натпреварувачи од 190 држави од светот. Во дисцилината маратон, во конкуренција на 48 маратонки, ќе настапува и нашата рекордерка која оваа година успеа да постигне резулатат кој е најблиску до нормата. Според програмата, Поп Арсова ќе се појави на стартот на…

Read More

Британскиот новинар Џо Сејвуд објави дека BMW размислува за враќање во Формула 1. BMW веќе е во преговори за соработка со McLaren за развој на патни автомобили. Сепак, се известува дека во рамките на оваа трансакција, страните можат да ја прошират соработката во Формула 1. Во 90-тите, БМВ соработуваше со Мекларен и сега ја смета за интересна идејата да се врати во Формула 1 за да се натпреварува со Мерцедес, Ауди, Порше. Во исто време, самиот Мекларен нема доволно ресурси за самостојно развивање на мотори. Претходно, BMW учествуваше во Формула 1 како технички партнер на Заубер од 2006 до 2010…

Read More

По една сезона мината во Гранада, Карлос Бака се враќа во својата татковина, Колумбија. Напаѓачот го официјализираше својот трансфер во клубот каде ги направи првите фудбалски чекори, Клуб Жуниор. Некогашната ѕвезда на Виљареал, кој играше и за Милан, Севиља и Бриж по 11 години го напушта „стариот континент“.

Read More