Манчестер Јунајтед забележа импресивна победа над Ливерпул во неофицијалното деби на менаџерот Ерик тен Хаг на чело на „црвените ѓаволи“. Во контролата одиграна во Бангкок, тимот од „Олд Трафорд“ го совлада вечниот ривал со 4:0. Рекордното засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњес имаше неофицијално деби за „црвените“. Манчестер тргна со скоро најдобриот тим и уште во првиот дел постигна три гола преку Џејден Санчо, Фред и Ентони Марсијал. Конечните 4:0 беа дело на Факундо Пелистри.
Author: saso
Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија од вчера ја започна последната фаза од подготовките за Светското првенство кое ќе се одржи во Македонија од 30 јули до 10 август. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски тренираат во Маврово, очекувајќи ги дуелите со Узбекистан, Иран и Сенегал, коис е во нашата група на овој ракометен Мундијал. Под палката на Савевска работата 20-тина ракоменатрки од кои ќе се избира списокот на учеснички на ова СП.
Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи, утре на Гибралтар против Линколн Ред Импс ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во квалификациите за ЛШ. По победата од 3:0 на мечот во Скопје, Шкупи со една нога е во 2. рунда. „Секако дека имаме позитивен резултат од првиот натпревар и среќни сме поради тоа, тоа не можам да го негирам, но мора да бидеме внимателни и не смееме да дозволиме да се случат изненадувања во реваншот. Знам дека ќе играме на вештачки терен, па веќе неколку дена тренираме на таков терен. Во текот на целиот натпревар мораме да бидеме посветени, ќе…
Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес, но цената која за него во моментов ја бара францускиот шампион е превисока. Англиски извори тврдат дека Јунајтед е подготвен да плати максимум 28 до 30 милиони евра за Паредес, додека ПСЖ веќе ја утврди неговата цена на 35 милиони евра. Преговорите меѓу двете страни треба да продолжат, но прашање е дали наскоро ќе има некаков напредок.
Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски би можел на крајот да заврши во Челзи. Според англиски извори, фудбалерот ја разгледува опцијата за преселба во лондонскиот клуб како алтернатива во случај на неуспех во преговорите меѓу Баерн и Барселона околу неговиот трансфер. Во моментов, Полјакот е решен да потпише договор со Барселона, но ситуацијата е комплицирана поради финансиската нестабилност на каталонскиот клуб. Исто така, Челзи веќе изразил интерес за играчот и е подготвен да се впушти во битка за неговиот потпис.
Барселона не смета на босанскиот играч за врска Миралем Пјаниќ и бара од него малку да се потруди околу заминувањето од клубот. Според информациите, клубот веќе го информирал Пјаниќ и неговиот агент дека тој не е планиран на листата на патници за претсезонска турнеја во САД. Иднината на Пјаниќ стана уште покомплицирана откако во тимот на Барселона дојде ѕвездата на Милан, Френк Кеси, а Чави и натаму одбива да го врати Пјаниќ во тимот за следната сезона. Босанецот минатата сезона ја помина на позајмица во екипата на Бешикташ, од каде летово се врати во Шпанија.
20-кратниот Грен слем шампион и поранешен светски рекет број 1, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за првпат во кариерата отпадна од АТП-листата. Ова се случи од причина што 40-годишниот спортист не играше на ниту еден рејтинг турнир во изминатите 52 недели. Федерер денеска ги загуби бодовите што ги заработи за пласман во четвртфиналето на Вимблдон 2021 година. Претходно Федерер потврди дека планира да игра на Лејвер купот кој ќе се одржи во септември 2022 година, а исто така најави дека сака да настапи и на турнирот во Базел кој ќе се одржи во октомври.
Елена Рибакина е новата шампионка на престижниот Грен Слем турнир Вимблдон, откако денеска во финалниот меч во три сета беше подобра од Тунижанката Онс Жабер. Рибакина која до 2018 година настапуваше за Русија, го освои Вимблдон победувајќи со пресврт, со резултат 3:6, 6:2, 6:2. Ова е прва Грен слем титула за Рибакина, која се запиша како 127-та тенисерка во историјата која освоила еден од четирите најголеми турнири.
Макс Верстапен ја обезбеди првата позиција на стартот на утрешната трка за Големата награда на Австрија, по новата победа на денешниот спринт на Ред Бул Ринг. Светскиот шампион, кој денеска стартуваше од првото место, го презеде водството од стартот и немаше конкуренција до крајот на спринтот. Втор и трет зад Верстапен на денешната трка на 100 километри беа двајцата возачи на Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинц, кои имаа одличен меѓусебен дуел во првата половина од трката. Меѓу првите петмина денеска се наредија и Џорџ Расел на Мерцедес и Серхио Перез на Ред Бул.
Американскиот кошаркар, Мајк Кафи (29 год, 183 см), е првото засилување за МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на новата сезона. Како што потврдија од клубот, станува збор за искусен плејмејкер, кој веќе седум години настапува на европска сцена и зад чие име стојат одлични бројки, како најава за тоа што може да се очекува од него. Кафи во сезоната 2020/21 беше МВП на првенството на Украина, каде што во дресот на Запорожје просечно реализираше 16,9 поени и 7,7 асистенции. Американецот има играно за грчка Трикала, фински Хелсинки, словачки Лученец и за Киев Баскет, додека минатата сезона беше дел од германскиот…
