Макс Верстапен ја обезбеди првата позиција на стартот на утрешната трка за Големата награда на Австрија, по новата победа на денешниот спринт на Ред Бул Ринг. Светскиот шампион, кој денеска стартуваше од првото место, го презеде водството од стартот и немаше конкуренција до крајот на спринтот.
Втор и трет зад Верстапен на денешната трка на 100 километри беа двајцата возачи на Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинц, кои имаа одличен меѓусебен дуел во првата половина од трката.
Меѓу првите петмина денеска се наредија и Џорџ Расел на Мерцедес и Серхио Перез на Ред Бул.

