Author: saso

Германскиот голман од екипата на Арсенал, Бернд Лено се договорил со Фулам, објави Скај Спортс. Според информацијата, голманот и повратникот во Премиерлигата веќе се договориле за се. Висината на трансферот се уште е предмет на договор меѓу двата клуба. Арсенал бара околу 12 милиони евра за трансферот, но Фулам не сака да даде повеќе од 10 милиони. Претходно беше објавено дека германскиот репрезентативец се надева дека ќе добие поголема минутажа за да се избори за место во тимот на Германија кој ќе игра на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Read More

Новајлијата во италијанската Серија А, екипата на Монца, сака да го ангажираат поранешниот уругвајски напаѓач од екпата на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани. Според дел од медиумите на Апенините, клубот почнал да преговара со претставниците на играчот. Во исто време, агентот на напаѓачот не ја исклучи можноста Единсон Кавани следната сезона да игра во Јужна Америка. Кавани имаше 19 настапи за Манчестер Јунајтед оваа сезона во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола. Претходно тој во два наврати беше во Италија како фудбалер на Наполи и Палермо.

Read More

Аргентинскиот офанзивен играч за врска Анхел Ди Марија пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус. Медиумите го пречекаа фудбалерот на аеродромот, по што беа објавени фотографии и видеа на социјалните мрежи. Претходно беше објавено дека на Ди Марија му бил понуден едногодишен договор. Тој е слободен играч од 1 јули, кога му истече договорот со Пари Сен Жермен. Ди Марија одигра 295 настапи за ПСЖ, постигнувајќи 93 гола и 119 асистенции.

Read More

Женската тениска репрезентација на Македонија по триумфот во последното коло над Јужна Африка со 2:1 успеа да се пласира во полуфиналето на Били Џин Кинг купот и утре ќе игра за место во финалето и борба за промоција во повисок ранг на натпреварувањето. Во првиот дуел во поединечна конкуренција Магдалена Стоилковска во два сета со 6:2 и 6:0 беше совладана од Хајке Јансе Ван Вурен, а потоа нашиот прв рекет Лина Ѓорчевска со идентичен резултат триумфираше над Шанел Симодс. Победникот во овој меч го решаваше играта во двојки каде Ѓорчевска и Стоилковска со пресврт стигнаа до победа и триумф на…

Read More

Калин Ивановски успеа да се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон. Тој денеска во 1/8 финалето во тешка битка и три сета успеа да се избори за својот најголем успех на гренд-слем турнирите. Ивановски влезе меѓу најдобрите 8 во својата конкуренција откако славеше над Едас Бутвилас од Литванија со 6:4, 5:7 и 6:0. Во следната рунда Ивановски ќе се судри со Роденас од Шпанија, кој денеска во осминафиналето со 2:0 беше подобар од Словенецот Артнак.

Read More

Елиминацијата во квалификациите за Светскиот Куп 2023 ја однесе нашата машка сениорска репрезентација во вториот круг од квалификациите за место на Европскиот шампионат што ќе се одржи во 2025 година. Друштво на Македонија ќе ѝ прават репрезентациите на: Бугарија, Хрватска, Полска, Португалија и Словачка како елиминирани од светските квалификации, Австрија, Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка како најуспешни во првата претквалификациска фаза и Кипар како ко-домаќин на Европското првенство во 2025 година. Овие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, а пласман во квалификациите за Евробаскетот 2025 обезбедуваат Кипар како ко-домаќин и трите победници на групите (ако Кипар биде прв,…

Read More

Македонскиот шампион Шкупи, денеска (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го игра првиот натпревар од квалификациите во Лигата на шампионите. Противник е тимот на Линколн Ред Импс од Гибралтар. Македонскиот шампион ја има фаворитската улога, но истата треба да се оправда на теренот. Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски вели дека противникот е незгоден, но неговите фудбалери се подготвени за европскиот предизвик. Како мотив плус за Шкупи е името на противникот во 2. коло од квалификациите, хрватскиот гигант Динамо Загреб, кој е и поранешен клуб на Седлоски.

Read More

Плејмејкерот на Макаби Лоренцо Браун може да игра за Шпанија на Евробаскет 2022 како натурализиран играч. Браун денеска доби шпанско државјанство. 31-годишниот Американец ја помина сезоната 2021/22 во УНИКС. Во Евролигата, тој имаше просек од 13,8 поени, 6,1 асистенции и 3,6 скока по натпревар. Се окчекува Скариоло да го земе во шпанската репрезентација на местото на повредениот Рубио.

Read More

Двајца фудбалери на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и Марио Гила, кариерата ќе ја продолжат во Серија А. Според новинарот Фабрицио Романо, „Кралевите“ ќе ги потпишат документите за трансфер на двајцата оваа недела. Јовиќ ќе се пресели во Фиорентина со постојан договор, со 50% од сопственоста во случај на нов трансфер. Марио Гила ќе добие со траен договор ќе му се приклучи на Лацио од каде Реал ќе има добивка од околу 6 милиони евра.

Read More

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, по се изгледа, сака по секоја цена да го напушти Манчестер Јунајтед и веќе бара нов тим. Неговиот агент Жорге Мендеш синоќа се сретнал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и најверојатно разговарале за можноста за некои трансфери, меѓу кои се шпекулира дека е разговарано и за можноста Роналдо да заигра во дресот на Каталонците. „АС“ тврди дека, меѓу другото, се разговарало и за ситуацијата на Кристијано Роналдо. Сепак, она што било примарно на состанокот се верува дека се потписите на Жил Кунде и на Бернардо Силва. Дел од англиските медиуми шпекулираат дека Роналдо на крајот…

Read More