Челзи и Манчестер Јунајтед се сретнале со агентот на напаѓачот Бенјамин Шешко. Иако Салцбург се бори да ја задржи својата млада ѕвезда, Словенецот размислува да прифати некоја од понудите на англиските гиганти. Австрискиот шампион ставил цена од над 55 милиони фунти на словенечкиот репрезентативец, што нема да биде проблем да ја платат газдите и на двата тима.
Author: saso
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Алекс Телес, новата сезона ќе ја помине во Севиља. „Ѓаволите“ му го позајмија 29-годишниот фудбалер на клубот од Андалузија за период од една година без право на откуп. Севиља се нафатила на Бразилецот да му ја исплаќа целата плата.
Андреј Ѓурчиновски дебитираше како прв Македонец што настапил на Европското првенство во билијард за младинци, а на своите плеќи го имаше и товарот на неискуството бидејќи како 12-годишен играше во категорија на играчи до 17 години! Европското првенство во билијард се одржа во Петрич, Бугарија, а се играше во три натпреварувачки дисциплини, популарно наречени „осмица“, „деветка“ и „десетка“. Вкупно беа пријавени 140 учесници, а беа распределни во четири конкуренции: поединечно до 17 и 19 години (машки), поединечно до 19 години (женски) и екипно. Ѓурчиновски играше во сите три натпреварувачки дисциплини и се соочи со далеку повозрасни и поискусни ривали, но…
Искусниот холандски играч за врска, Џорџињо Вајналдум се сели во Рома. Неговиот актуелен клуб, ПСЖ се согласи да го позајми 31-годишниот холандски репрезентативец во редовите на „волчицата“ во период од една година. Клубовите треба само да ги потпишат документите, по што ќе се официјализира и трансферот. Според изворот, по заминувањето на Вајналдум, ПСЖ има намера да се фокусира на трансферот на играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчес.
Барселона и Лос Анџелес Галакси постигнаа договор за трансферот на 22-годишниот играч за врска на шпанскиот тим Рики Пуиг. Играчот од средниот ред ќе потпише тригодишен договор со новиот клуб. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, страните се уште не ги потпишале документите, но веќе се договориле за се што е потребно. Пуиг е во Барселона од 2014 година. За првиот тим на Барселона на 56 натпревари постигна два гола и реализираше три асистенции. Договорот со Барселона му истекува следното лето.
По синоќешната победа над Иран и обезбеденото прво место во групата, нашата женска ракометна кадетска репрезентација ги дозна и ривалите за втората фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во втората фаза на шампионатот ги очекуваат нови два меча, овој пат со силните репрезентации на Шведска и Исланд. Првиот меч нашите девојки го играат вечерва од 20:30 часот против Шведска во СЦ „Борис Трајковски“.
Италијанскиот првак Милан го објави потпишувањето на договориот со новото летно засилување, Шарл Де Кетелаере од белгиски Бриж. Играчот потпиша договор до 30 јуни 2027 година и во новата сезона ќе настапува со дресот со број 90. Де Кателаере е младинец на Бриж и своето деби за клубот го имаше во 2019 година. Оттогаш одигра 120 настапи и постигна 25 гола за еден од најголемите белгиски клубови, освојувајќи ја белгиската лига три пати, а двапати го освои и Суперкупот.
Реал Мадрид ја продолжува потрагата по нов напаѓач. Клубот е свесен дека на долг рок треба да најде алтернатива за Карим Бензема и во моментов се разгледуваат различни опции. Сепак, на „Сантијаго Бернабеу“ немаат намера да избрзуваат со одлуката, па дури се подготвени да чекаат до јануари за да го најдат најпогодниот фудбалер за оваа улога, тврди „Марка“. Потрагата по нов напаѓач продолжува, а во меѓувреме, главниот товар на играта пред противничкиот гол ќе падне на грбот на Бензема, кој во моментов нема речиси никаква алтернатива, особено откако клубот се раздели со Лука Јовиќ и Борха Мајорал, а Маријано Дијаз…
Ливерпул ја разгледува можноста во својот состав да го доведе и плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханолу, пишува „Калчомеркато“. Од „Енфилд“ гледаат на 28-годишниот Турчин како замена за Алекс Окслејд-Чембрлен, кој заработи тешка повреда на бутот на предсезонските тренинзи и ќе паузира долго време. Јирген Клоп е загрижен поради тоа што нема доволно играчи во средниот ред и токму поради тоа би можел да се насочи кон Чалханолу.
Раководството на Лестер ја одбило втората понуда од Њукасл за играчот од средниот ред Џејмс Медисон, пренесува „Скај Спортс“. Познато е дека „Страчките“ се заинтересирани за 25-годишниот Англичанец и веќе упатија понуда вредна 40 милиони фунти до „лисиците“, која беше одбиена. Сега на „Кинг Пауер“ добиле нова понуда за Медисон од Њукасл, но Лестер повторно ги олади „богаташите“ од Њукасл.
