Иако најавено, стартното коло од новата сезона во единствената Втора македонска фудбалска лига нема да почне овој викенд. Фудбалската федерација на Македонија и официјално потврди дека стартот е одложен. „Комисијата за натпреварување при ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на ВМФЛ. Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпреварите од првото коло во ВМФЛ“, се вели во информацијата од ФФМ.
Author: saso
Актуелниот европски првак Реал Мадрид вечерва на Олимпискиот стадионот во Хелсинки (21 ч.) ќе се соочи со освојувачот на Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт во пресметката за Суперкупот на УЕФА. „Кралевите“ го победија Ливерпул на „Стад де Франс“ и по 14-ти пат стигнаа до трофејот од Лигата на шампионите, па ќе ја имаат честа да ја отворат и новата евро-сезона, токму во меч со „германските орли“ кои по победата над Ренџерс на пенали на крајот на мај го освоија својот втор европски трофеј во историјата. Реал и Ајнтрахт вечерва се среќаваат само вторпат во историјата. Првата и последна нивна досегашна…
Новајлијата во Серија А, Монца договори потпис со уште еден централен дефанзивец. Тимот ќе се засили со Пабло Мари од Арсенал. Бразилецот пристигна во тимот на позајмица до крајот на сезоната, а доколку Монца го задржи местото во италијанската елита, ќе биде купен следното лето. Мари е вториот централен дефанзивец кој италијанскиот клуб го доведе во последните денови по Марлон од Шахтјор Доњецк.
Почина Кирил Дојчиновски, еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата. Беше член на Вардар и на Црвена Звезда, југословенски репрезентативец, а потоа и успешен тренер и селектор. Кирил Дојчиновски, роден на 17. октомври 1943 година во Скопје, ќе остане засекогаш запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од Светските фудбалски првенства. Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде настапува од 1963 до 1967 а потоа се сели во Црвена Звезда достигнувајќи го врвот на својата слава. Од Црвена Звезда се сели во француските Тројa и ФЦ Париз, во периодот од 1970 до 1974 година…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди во новата сезона ќе игра за турскиот шампион Трабзонспор. Леванте и Трабзонспор постигнале договор за трансфер на македонскиот репрезентативец, објави шпанска „Марка“, а веста ја потврдуваат и турските медиуми. Барди одлучил да ја прифати понудата од турскиот клуб и да потпише договор на три сезони, а до крајот на неделава треба да пристигне во Турција. Трабзонспор за него ќе плати 3 милиони евра, плус бонуси.
ФИФА и домаќинот на Светското фудбалско првенство Катар ќе направат промена во распоредот на натпревари на првенството. Домаќинот инсистира да биде задржана традицијата и тие да бидат тимот кој ќе го отвори првенството, па нивниот меч со Еквадор кој е планиран да се одигра од 17 часот на 21 ноември, ќе биде префрлен еден ден порано?! Во моментов воведниот натпревар на шампионатот треба да го одиграат Сенегал и Холандија, кој е закажан за 21 ноември во 11:00 часот. Ако се точни информациите, натпреварот меѓу земјата домаќин и јужноамериканците најверојатно ќе биде презакажан за 20 ноември во 20 часот. Тоа ќе…
Луис Суарез и неговиот Национал Монтевидео испаднаа од Копа Судамерикана по поразот од 3:0 против Атлетико Гоаниенсе. Уругвајците се елиминирани со вкупен резултат 4:0. Луис Фернандо погоди двапати, додека Габриел Бараљас го постигна третиот гол за Бразилците и го трасираше патот на Атлетико во следната рудна. Суарез се појави како замена во второто полувреме и пропушти неколку шанси за гол. Суарез, кој пристигна како слободен играч од Атлетико Мадрид, во петокот го постигна својот прв гол за Национал на меч во домашното првенство против Рентистас.
Голманот Салваторе Сиригу ги помина медицинските прегледи во Наполи и наскоро ќе биде официјално објавен како ново засилување. Тој ќе пристигне во тимот како слободен играч откако ќе му истече договорот со Џенова. 35-годишниот ветеран ќе добива плата од околу 700.000 евра по сезона. Сепак, Наполи нема да запре во потрагата по голман, затоа што и натаму фокусот е на Кепа Аризабалага и Кејлор Навас со кои интензивно продолжуваат преговорите.
Кадетска машка ракометна репрезентација на Македонија го запиша и вториот триумф на ЕХФ шампионатот во Рига. Избраниците на Раде Стојановиќ денеска го совладаа Косово со убедливи 39:16 и обезбедија пласман во следната рунда на овој шампионат. Дуелот со Летонија, последен од групната фаза ќе биде битка за прво место. Александар Петковски со 9 гола беше прв стрелец во нашиот тим, додека Димкоски, Белистојаноски и Узунчев постигнаа по 5 гола.
Италијанецот Франческо Бањаја е победник на денешната трка за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун во рамките на Мото ГП шампионатот. Возачот на Дукати на тој начин дојде до четвртата победа во последните седум трки. Денеска одлична трка имаше и Маверик Вињалес, кој погреши во последниот круг и на тој начин му ја олесни работата на Италијанецот. Џек Милер денеска го освои третото место. Жоан Зарко, кој стартуваше од пол-позицијата, на крајот не ја заврши трката. Лидер во генералниот пласман е Фабио Квартараро со 180 бодови.
