Author: saso

Франческо Ачерби сака да го напушти Лацио во овој летен преоден рок и побара од Симоне Инзаги да го ангажира за Интер. Сепак, според италијанските медиуми, Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд останува прв избор за дефанзивната линија на Интер. Ачерби е предложен на Милан, Интер и Аталанта ова лето. Дефанзивецот на Лацио останува заинтересиран да се пресели во нова средина пред крајот на летниот преоден рок, но не е подготвен да оди во клубови како Монца. Монца претходно го бараше, но тој ги одбил.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, денеска пристигнува во Англија каде треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи пред да стави потпис на договорот со англискиот состав. Како што најавија англиските новинари, Чурлинов треба да потпише 4-годишен договор со Барнли, кој за него на Штутгарт ќе му плати околу 3,5 милиони евра, кои може да се зголемат на околу пет милиони евра преку различни бонуси. Комплетниот трансфер треба да биде финализиран оваа недела.

Read More

Нашата сениорска кошаркарска репрезентација замина за Бар, каде утревечер ќе ја има првата и единствена проверка во текот на августовските подготовки за дуелите со Данска на 25-ти и со Словачка на 28-ми август во претквалификациите за ЕП 2025. Новиот селектор на нашата најдобра репрезентација, Алекандар Јончевски на пат за Црна Гора одбра 13 кошаркари, односно сите оние кои се појавија на почетокот на подготовките и ја одработија првата работна седмица во Маврово. Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се уште и: Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, како…

Read More

Новајлијата во англиската екипта, Нотингем Форест го договори своето 15-то засилување во овој преоден рок. Клубот од Премиер лигата го купи играчот од средниот ред на Аталанта, Ремо Фројлер. Условите на договорот не се откриени. Според инсајдерот Фабрицио Романо, за трансферот биле исплатени 9 милиони евра плус бонуси.

Read More

Македонскиот судија Александар Ставрев во четврток ќе има нова задача во европските купови. Тој е делегиран за главен арбитар на мечот меѓу Јанг Бојс и Андерлехт во плеј-офот во Конференциската лига. Негови помошници ќе му бидат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, додека четврти ќе биде Александар Грујоски. Натпреварот се игра во четврток од 19 часот на стадионот „Ванкдордф“ во Берн (Швајцарија).

Read More

МЗТ Скопје Аеродром денеска и официјално потврди дека Војдан Стојановски (34 год, 194 см) го продолжи договорот и во следните две сезони ќе остане член на македонскиот кошаркарски шампион. Војдан имаше повеќе сериозни понуди надвор од странство, пред сѐ од Франција, но кај него победи желбата да се биде предводник на МЗТ Скопје во новата сезона и во АБА лигата. Тој е единаесеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука…

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, денеска претстави уште четворица нови играчи за наредната сезона. „Црвено-црниот“ дрес ќе го облечат Јорго Папули, 21 годишен играч од одбраната кој што дојде од романска Стеауа, Боби Целески, 25 годишен голман кој што дојде од екипата на Скопје, како и Христијан Вецески, 23 годишен играч од одбраната и средниот ред кој што дојде од екипата на Пелистер и Матеј Николов, 21 годишен играч на позицијата лев бек кој доаѓа како слободен играч. Сите играчи потпишаа едногодишен договор со Вардар и се очекува да бидат големи засилувања во новата сезона во која скопската гордост ќе…

Read More

Раководството на ПСЖ сака да го продолжи договорот со напаѓачот Лионел Меси, пренесува „Л’Екип“. Парижаните во блиска иднина ќе започнат преговори со 35-годишниот Аргентинец. Актуелниот договор му истекува во летото 2023. ПСЖ се уверени дека ќе биде потпишан нов договор за уште една сезона. Меси би можел да се врати во Барселона во 2023 година, но во оваа фаза нема контакт меѓу претставниците на играчот и шпанскиот клуб.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај е блиску до трансфер во Јувентус. Италијанците сакаат да ја завршат зделката што е можно поскоро, пишува Фабрицио Романо. Веќе следната недела адвокатите на Јувентус ќе го проверат предлогот на играчот и ќе го дадат своето мислење. Агентите на Депај потоа ќе контактираат со Барселона за да го раскинат договорот. Мемфис минатата сезона одигра 37 настапи за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 2 асистенции.

Read More

Нигерискиот напаѓач од екипата на Ватфорд, Емануел Денис, треба да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, откако потпиша договор со Нотингем Форест. 24-годишниот фудбалер му се приклучи на Ватфорд од белгискиот Бриж во 2021 година и минатата сезона забележа вкупно 35 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола.

Read More