Author: saso

Напаѓачот на италијанската репрезентација Андреа Белоти веќе шест недели е слободен играч.  Откако му истече договорот со Торино, се споменуваше во многу комбинации, а сега Жозе Мурињо се обидува да ја реши ситуацијата во своја полза.  Според италијанските медиуми, тренерот на Рома го контактирал Белоти и се обидел да го убеди дека доаѓањето кај него е вистинската работа. Белоти веќе ги одби Галатасарај и Ница.

Read More

Баерн Минхен сигурно ќе се раздели со уште еден играч пред крајот на преодниот рок. Баварците денеска влегуваат во преговори за продажба на младиот напаѓач Џошуа Циркзее, пишува „Билд“. 21-годишниот напаѓач го бараат два англиски клуба, плус Штутгарт, а сега во битката за неговиот потпис ќе се вклучи и Аугзбург. На „Алијанц Арена“ сакаат да добијат најмалку 15 милиони евра за Холанѓанецот кој има договор на уште една година. Минатата сезона Циркзее играше како позајмен во Андерлехт.

Read More

Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди голема сума на пари за искусниот дефанзивен играч за врска на Реал Мадрид, Касемиро. „Црвените ѓаволи“ размислуваат да го купат Бразилецот за 50 милиони фунти, сума која би била прифатлива и за „кралскиот клуб“. Јунајтед не можеше да се договори за условите со играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, а Касемиро се гледа како алтернатива за неуспешниот трансфер. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег лично посакал да се направи боди за ангажман на 30-годишен играч на Реал.

Read More

По разделбата со Барселона, еден од нашите најталентирани кошаркари, Теодор Симиќ, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Игокеа. Нашиот 18. годишен кошаркар се согласи на 4-годишен договор со актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, клуб кој веќе неколку години со успех го предводи доскорешниот селекторот на нашата најдобра селекција, Драган Бајиќ. Согласно со договореното, во првата сезона од договорната обврска со клубот од Лакташи, Теодор Симиќ ќе ја помине како позајмен играч во екипата на Борац од Бања Лука.

Read More

Преговорите на Манчестер Јунајтед со играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот се на раб до пропаст. Иако, изгледаше дека „црвените ѓаволи“ ќе го добијат Французинот откако се договорија со неговиот клуб минатата недела, на сцена стапи неговата мајка и нејзините неразумни барања. Проблемот е кај огромната плата која мајката на Рабио, вероника ја бара од „црвените ѓаволи“. „Атлетик“ објави дека преселбата на Рабио на „Олд Трафорд“ сега изгледа малку веројатна. Според непотврдени информации, италијанскиот гигант Јувентус добил порака од Манчестер Јунајтед за Адриен Рабио, во која е наведено дека преговорите се прекинати доколку не се случи чудо и…

Read More

Милијардерот Елон Маск, кој моментално важи за најбогатиот човек на планетата, на Твитер се пошегува дека го купува Манчестер Јунајтед. Откако објави дека сака да го купи клубот, неговиот „твит“ доби над 200.000 лајкови и повеќе од 36.000 споделувања. Сепак, откако објавата стана вирална па почна да се пренесува и низ медиумите, тој мораше да објасни дека станува збор само за шега. „Не, ова е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купам ниту еден спортски клуб“, напиша основачот на Тесла. Манчестер Јунајтед е во сопственост на семејството Глејзер од 2005 година.

Read More

По отказот за Вахид Халилхоџиќ на селекторската позицијата во Мароко, Фудбалскиот сојуз на таа земја го одбра неговиот наследник кој ќе ја води репрезентацијата на Мундијалот во Катар. Иако мароканската јавност шпекулираше со името на Валид Реграгуи, ФС на Мароко се одлучи за странски тренер и тоа во името на Валтер Мацари. Именувањето на Мацари за селектор на Мароко е изненадување како за мароканската така и за италијанската јавност. Овој 60-годишен тренер последната работа ја имаше во Каљари, а претходно работеше во Торино, Ватфорд, Интер, Наполи и други клубови.

Read More

Светскиот совет за моторспорт во рамките на ФИА ги одобри новите технички правила за погонските единици во Формула 1 кои ќе стапат на сила во сезоната 2026. Како што се очекуваше, групата мотор-генератори MGU-H повеќе нема да се користи, а болидите ќе трошат гориво од обновливи извори. Пакетот правила, кој е услов за Audi и Porsche да влезат во Формула 1, е подготвен веќе неколку недели, но се верува дека е одложен поради консултациите со претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, кој лично се обврзал на почетокот на годината за прифаќање на промените. Инаку, нема да има големи промени во…

Read More

Нашиот најдобар тркач на долги патеки, Дарио Ивановски, денеска не успеа да ја заврши машката маратонска трка на европското првенство во Минхен. Тој се појави како дел од 79-те пријавени учесници на маратонот, но се откажа некаде по половина од истрчаната трка. Ивановски беше единствениот македонски атлетичар кој обезбеди настап на ова ЕП кое ќе трае до крајот на оваа недела.

Read More

Летниот трансфер пазар за Челзи се уште не е затворен, особено во однос на продажбата. Калум Хадсон-Одои е играчот кој би можел да замине, откако и Томас Тухел призна дека ако цената е соодветна и играчот е подготвен да замине, нема да ја блокира неговата продажба. „Генерално, никој не се продава и сите се на продажба. Зависи што сака клубот, што сакаат играчите, што мислиме ние и кој е подготвен да плати одредена сума пари“, изјави Тухел. „За Калум е исто. Тој е дел од групата. Имаше долготрајна повреда и долгорочни проблеми. Има уште пат за да го исполни својот…

Read More