Author: saso

По поразите во групната фаза од фаворитите Србија и Грција, македонските одбојкарки до 19 години немаа сили да се рехабилитираат ниту во натпреваротсо Косово во сегментот за пласман од петтото до седмото место во конечното рангирање на Балканското првенство во романскиот град Миовени. Противничките беа подобри со 3:0 (25:21, 25:22, 25:15), избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ ги одиграа првите два сета на една до две топки, но не успеаја да поведат или да израмнат, па во третиот воопшто не дадоа посериозен отпор. Коректорката Мери Бошковска со 11 поени беше најефикасна во македоонската репрезентација којашто со три порази во три средби…

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед вчера беше поразена со 4:0 на гостувањето кај Брентфорд во 2.коло од Премиер лигата, па по мечот седум играчи на „црвените ѓаволи“ – Давид де Хеа, Скот МекТоминај, Ентони Еланга, Маркус Рашфорд, Бруно Фернандес, Дони ван де Бек и Диого Дало отидоа кај навивачите да се извинат. Де Хеа ја презеде целата одговорност за поразот на Манчестер и призна дека за се е виновен. „Јас сум виновен за поразот на тимот. Бев ужасен, морав да го одбранам првиот гол. Ова е ден кој треба брзо да го заборавиме“, вели Де Хеа.

Read More

Денеска официјално стартува Европското кошаркарско првенство за кошаркари „Под 16“ години каде во улога на организатор уште еднаш е нашата федерација. Вкупно 16 селекции во девет натпреварувачки дена (12-20 август), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, најдобрите три да обезбедат медали, а оние другите да ги избегнат последните места кои водат кон „Б“ сегментот од оваа младинска машка конкуренција. Македонија е дел од групата „Д“ во која се уште и националните тимови на Шпанија, Грција и Црна Гора. Натпреварите на ова првенство нашиот машки кадетски состав ќе ги игра во салата на СРЦ „Кале“. Денеска…

Read More

Енис Барди и официјално е нов член на Трабзонспор. Турскиот тим го промовираше македонскиот репрезентативец, кој го одбра дресот со број 29 во редовите на турскиот првак. Трабзон за него на Леванте му плати 3 милиони евра, плус бонуси, а барди за 3 сезони ќе заработува по 1,3 милиони евра годишно. Барди доаѓа во Трабзон од тимот на Леванте, каде мина пет години и имаше успешни настапи.

Read More

Екипата на Шкупи во последната битка до групната фаза од Конференциската лига на УЕФА за противник ќе го има косовскиот шампион Балкани. Синоќа во реванш натпреварите од 3. квалификациско коло, Балкани по подобро изведување на пенали успеа да се пласира во плеј-оф колото откако беше подобар од тимот на Клаксвик. Чаирчани ќе бидат домаќини на првиот меч на 18 август, додека реваншот ќе се игра на Косово седум дена подоцна.

Read More

Пари Сен Жермен се сретнал со агентот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, објави весникот „Л’Екип“. Фудбалерот е мета на шампионите на Франција кои сакаат да ја комплетираат фазата на нападот со негово доведување уште ова лето. Мауро Икарди веќе е на заминување од „Паркот на принцовите“ каде ќе остави големи празнини во напаѓачкиот ред, па оттука, ПСЖ итно бара негова замена. Рашфорд немаше добра сезона со „црвените ѓаволи“ и не може да се исклучи неговото заминување од „Олд Трафорд“, иако дел од медиумите велат дека тоа во овој момент изгледа како невозможна мисија.

Read More

Леандро Паредес постигна договор со Јувентус за негов трансфер во Торино ова лето. Според Фабрицио Романо, играчот веќе се согласил да се пресели во Серија А, па Аргентинецот моментално чека договор меѓу клубовите за да може што побрзо да замине во Италија. Паредес моментално е играч на Пари Сен Жермен, но се чини дека нема да биде уште долго таму, бидејќи за него нема место во новиот тим на тренерот Галтие.

Read More

Светското фудбалско првенство, сепак, ќе започне ден порано од предвидениот и утврден календар. Бирото на Советот на ФИФА ги потврди промените поврзани со Светското првенство кои беа предложени во последните неколку дена и кои претставуваат значителна промена на календарот. Според новиот план, турнирот ќе започне во недела на 20 ноември, а не на 21 ноември како што беше претходно планирано. Исто така, воведен натпревар на шампионатот ќе биде дуелот меѓу Катар и Еквадор, наместо Холандија – Сенегал, што беше предвидено по ждрепката на почетокот на април.

Read More

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, брутално ја затвори можноста за повторно враќање на Кристијано Роналдо во Мадрид. Португалската суперѕвезда е дел од Манчестер Јунајтед, но и понатаму се мачи да најде ангажан во некој друг европски гигант. Роналдо сакаше да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, што доведе до шпекулации дека тој повторно ќе го облече белиот дрес на Реал. Сепак, и покрај тоа што Роналдо помина неверојатни девет години во шпанската престолнина, Перез се насмеа на прашањето за негово враќање и кусо одговори: „Кристијано? Па, тој има 38 години!“

Read More

Според германскиот новинар Флоријан Плетенберг, македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов до петок треба да направи трансфер во белгискиот фудбалски гигант Андерлехт. Во објавата на новинарот на германски „Скај Спорт“, Чурлинов веќе ги договорил личните услови од договорот со Андерлехт кој ќе биде со важност до 2027 година. Сега се останува меѓу двата клуба, кои треба да ја договорат цената на трансферот. Штутгарт ќе бара 4-5 милиони евра за Чурлинов и нема да попушти на помала понуда, како што беше онаа од Барнли во висина од 3 милиони евра.

Read More