Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ побарал да биде ставен на трансфер листата на Болоња во очекување на понуда од Манчестер Јунајтед, пишува италијанскиот весник „Кориере ди Болоња“. 33-годишниот напаѓач имаше одлична сезона во италијанска Серија А, постигнувајќи 10 гола на 32 натпревари. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, продолжува да бара нови засилувања, а Арнаутовиќ е меѓу таргетираните играчи.
Author: saso
Играчот од средниот ред на Челзи, Калум Хадсон-Одои планира да го напушти лондонскиот клуб до крајот на месецот. Фудбалерот е незадоволен што нема доволно минутажа. За 21-годишниот играч од средниот ред се заинтересирани Борусија Дортмунд, Лестер и Саутемптон. Хадсон-Одои веќе им соопштил на шефовите на Стемфорд Бриџ дека сака да си замине.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ги откри своите цели за сезоната 2022/23. 22-годишниот Норвежанец изрази желба да ја направи својата кариера уште поуспешна. „Манчестер Сити треба да биде подобар во Лигата на шампионите, куповите и постојано да ја одржува формата во англиската Премиер лига. Не е лесно бидејќи има многу добри тимови во Англија. Станува збор за градење на она што Манчестер Сити го изгради со текот на годините. Сакам да донесам нешто свое и се надевам дека ќе го направам тоа“, изјави Халанд за Би-Би-Си. Напаѓачот изјави и дека сонува да ја освои Лигата на шампионите.
Првиот натпревар од вториот кртуг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година нашата машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе го одигра на 25 август во градот Нествед. Домаќинот на оваа средба, националната федерација на Данска одреди првиот меч од нашата квалификациска група да се игра во овој град кој е 70 километри одалечен од Копенхаген. Арена „Нествед“ е со капацитет од околу 3.000 места, а во неа, данската репрезентација ги играше и дуелите против Норвешка и Косово во првата претквалификациска фаза за Европското првенство. Инаку, веќе се пуштени во продажба и билетите за овој натпревар. Цената на влезните билети…
По кусата летна пауза, денеска почнува новата сезона од англиската Премиерлига. Во својата 31-та сезона, најсилното европско национално пренство влегува со лоднонското дерби меѓу Кристал Палас и Арсенал. Дуелот се игра вечерва на „Селхрст Парк“ со почеток од 21 часот. Очекувањата на сите аналитичари е дека и оваа година големата битка за првото место ќе се води меѓу познатите ривали Манчестер Сити и Ливерпул. Минатата сезона „граѓаните“ на Пеп ја освоија титулата со само бод пред „црвените“ на Клоп, а неизвесноста беше зачувана се до последното коло. Минатата сезона, Челзи имаше добра сезона, но остана без директна битка со фаворитите…
Според Racingnews365, австралискиот возач на Мекларен, Даниел Рикиардо е информиран дека резервниот возач на Алпин, Оскар Пјастри ќе го замени следната сезона. Мекларен потпишал договор со Пјастри на 30 јули за време на Гран При на Унгарија и веќе доби одобрение од Комисијата на ФИА, по што Рикиардо беше известен дека ќе биде сменет следната сезона. Во исто време, самиот возач има право да ја искористи опцијата и да го продолжи договорот за уште една сезона. Претходно, менаџерот на Алпин, Отмар Зафнауер, коментирајќи ја евентуалната замена на Фернандо Алонсо, го спомена Рикиардо, велејќи дека враќањето на Даниел во францускиот тим…
Синоќа во Крушево со натпреварите од 1. коло и официјално започна 46. издание на Меморијал „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Во функција на македонските репрезентации, а сега како дел од подготовката за македонскиот женски национален состав за одбојкарки до 19 години за настапот на Европското првенство, годинешниот турнир собра неколку квалитетни селекции во женска конкуренција. Во рамките на премиерното коло, сениорскиот состав на Босна и Херцеговина очекувано го совлада Косово (У19) со 3:1, додека во дуелот на двете македонски репрезентации, сениорките беа поуспешни од младинките со идентични 3:1. За денеска се закажани дуелите од 2. коло. Сениорскиот тим на Македонија ќе…
Поранешниот фудбалер од средниот ред на Рома и на италијанската репрезентација, Даниеле Де Роси ќе го преземе Палермо. Де Роси е на листата на кандидати за функцијата главен тренер на италијанскиот клуб. Клубот, кој влезе во Серија Б, доби нов сопственик во холдинг компанијата „Фудбал Сити Груп“, која е сопственик и на Манчестер Сити и голем број други клубови. Де Роси сака да започне соло тренерска кариера по неговото искуство како помошник на Роберто Манчини со италијанската репрезентација. Тој е поранешен капитен на Рома, светски шампион со Италија во 2006 година, и вицешампион на ЕП во 2012 година.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е блиску до трансфер во аргентинскиот клуб Бока Јуниорс, објави новинарот Џонатан Пинаско. Според Пинаско, страните веќе се договориле за сите детали. Официјалното објавување на трансферот треба да се случи утре. Напаѓачот минатата сезона забележа 19 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, постигна два гола и даде една асистенција. Деновиве се шпекулираше со негово заминување во Борусија (Д), но од тој трансфер очигледно нема ништо.
Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс ќе се пресели во Галатасарај, информираат медиумите во Турција. 36-годишниот напаѓач се прости од Наполи и сега е слободен играч. Двете страни преговараа подолго време и постигнаа договор. Офанзивниот играч ќе потпише за една година со опција за продолжување на уште една сезона.
