Author: saso

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер реши двајцата талентирани играчи Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски од вториот состав на Битолчани да бидат дел од првиот тим. Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата. Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски. Двајцата ракометари ќе бидат пријавени и за настап во домашното првенство и Купот како и за мечевите во СЕХА лигата и ЕХФ Лигата на Европа.

Read More

Турскиот кошаркарски гигант Фенербахче денеска го престави искусниот плејмејкер Ник Калатес како ново засилување за следната сезона. Во пресрет на новата сезона во Евролигата, Турците го засилуваат тимот кој има сериозни амбиции во најсилното европско друштво. Искусниот плејмејкер доаѓа од редовите на Барселона и важи за еден од најдобрите на својата позиција. Фенербахче на клупата го доведе Димитрис Итудис, кој освен Калатес во тимот за следната сезона ги доби и Џонатан Мотли, Немања Бјелица, Карсен Едвардс, Скоти Вилбекин, Тони Џекири и Најџел Хејс Дејвис.

Read More

Новиот ракометен суперлигаш, Алкалоид денеска на специјална прес-конференција ја претстави екипата и амбициите за новата сезона. Тренер на тимот ќе биде Кирил Лазаров, кој е и селектор на репрезентацијата на Македонија. Лазаров е оптимист дека Алкалоид ќе биде успешен проект. „Чест и задоволство ми е што ќе работам во мојата Македонија, мојата родна земја и ќе пробам со моето знаење и искуство што го стекнав годиниве низ светот, да го пренесам овде во Македонија. Чест е што во раце ќе имам ваков посакуван проект. Не се двоумев воопшто дали да ја прифатам поканата на РК Алкалоид. Со многу желба и…

Read More

Манчестер Јунајтед и натаму размислува за нови трансфери ова лето. Следен на листата на посакувани за Тен Хаг е напаѓачот на Њукасл, Ален Сент Максимин, пренесува ESPN. За 25-годишниот Французин овој преоден рок се интересираа и Челзи и Тотенхем. Напаѓачот се пресели на „Сент Џејмс Парк“ од Ница во 2019 година и неговиот актуелен договор со „црно-белите“ истекува за 2 години. Сезонава Сент Максимин одигра 3 натпревари за „страчките.

Read More

Кристал Палас ќе направи обид да го купи играчот од средниот ред на Челзи, Конор Галагер, пренесува „Дејли мејл“. Играчот од средниот ред, кој е тинејџер на „сините“, последната сезома ја мина со „орлите“ и импресионираше со добрите игри, по што дури и заработи повик во репрезентацијата. Тој се врати во тимот на Томас Тухел оваа сезона, но досега има забележано само 70 минути во првите три натпревари. Токму оваа статистика им даде надеж на луѓето од Кристал Палас дека 35 милиони фунти за Галагер ќе бидат доволни за реализација на трансфер.

Read More

Во пресрет на утрешниот меч со Нексе во рамките на четвртфиналето од СЕХА лигата, ракометарите на Вардар денеска на прес-конференција ги искажаа своитеочекувања. Тренерот Неданосвки и капитенот Стоилов веруваат во квалитетите на овој Вардар и се надеваат на пласман на Ф4 турнирот. „Турнирот во Струга го искористивме како еден дел од подготовките за овој меч со Нексе. Имавме и добри и лоши моменти, сите играчи добија шанса, видовме кои играчи можат да понесат поголем товар, а за утрешниот дуел можам да кажам дека не чека дуел со еден одличен тим. Нексе пред неполни два месеци играше и Ф4 во Лигата…

Read More

Нотингем Форест е во преговори за позајмица на левиот бек на Тотенхем, Серхио Регулион, соопштија дел од англиските медиуми. Се верува дека разговорите се воделе во последниве недели додека Форест се обидува да најде покритие за левата бековска позиција. Регулион (25) беше редовен играч на Тотенхем откако дојде од Реал Мадрид во 2020 година, забележувајќи 67 настапи. Сепак, со доаѓањето на Перишиќ, минутажата на Шпанецот ќе биде лимитирана. Тотенхем наводно сака целосно да ја покрие платата на Регулион, па останува да се потврди позајмицата деновиве.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека ги детектирал причините за слабиот старт на тимот сезонава. „Црвените ѓаволи“ ги загубија првите два натпревара во Премиер лигата од Брајтон и Брентфорд и се на дното на табелата, а вечерва го пречекуваат вицешампионот Ливерпул. „Имавме добра претсезона, но потоа нашиот број 9 (Ентони) Марсијал се повреди и (Кристијано) Роналдо не беше подготвен. Ни недостигаше и дефанзивен играч за врска. Во првиот натпревар, двајца централни бекови кои немаа игране заедно почнаа како стартер,. а исто така и нашиот голман не одигра добар натпревар. Затоа – има причини за лошиот старт, но…

Read More

Новак Ѓоковиќ очигледно нема да учествува на претстојниот УС Опен. Иако се уште нема официјално повлекување од листата на учесници, ниту пак најава од УС Опен дека Ѓоковиќ е исклучен, организаторите најавија дека ќе ги почитуваат сите протоколи за ковид на државата Њујорк, што значи дека странските државјани кои влегуваат САД мора да се вакцинираат. Бидејќи Ѓоковиќ не го стори тоа, нема да учествува на претстојниот УС Опен , доколку не дојде до сензационален пресврт. Српскиот тенисер се подготвува иако е свесен дека шансите се скоро непостоечки.

Read More

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Касемиро, ќе биде претставен пред навивачите на тимот во пресрет на вечерашното дерби со Ливерпул. Сепак, Бразилецот нема да учествува на натпреварот бидејќи се уште нема работна виза. Се очекува Касемро да го добие дресот со број 18, кој долго време му припаѓаше на легендата Пол Сколс. Бразилецот на „Олд Трафорд“ се пресели од Реал Мадрид, а за неговите услуги „црвените ѓаволи“ ќе платат близу 70 милиони фунти. Сепак, не е јасно колку навивачи ќе има на трибините на стадионот за време на преставувањето на Касемиро. Како што е познато, навивачите на „црвените ѓаволи“ подготвуваат…

Read More