Author: saso

УЕФА денеска и официјално го објави комплетниот распоред на групната фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2022/23. Првите натпревари ќе се одиграат на 6 септември, а веќе на стартот ќе го имаме и првото големо дерби: Пари Сен Жермен – Јувентус. Во исто време во Милано силите ќе ги одмерат Интер и Баерн, а еден од поинтересните дуели од првото коло ќе биде натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул.

Read More

Денеска во Истанбул со ждрепка беа одредени групите за новата сезона во Лигата на шампионите. Оваа сезона во „групата на смртта“ се најдоа гигантите Баерн (М), Барселона и Интер каде како четвртти тим друштво ќе им прави Викторија Плзен. Интересно е што две од најголемите трансфер саги ова лето, во групната фаза на ЛШ ќе мора да играат против своите довчерашни тимови. Левандовски со Барселона се враќа во Минхен против баер, а Ерлинг Халанд со Манчестер Сити ќе мора против својата Борусија (Д). Наполи на Елиф Елмас е во група со Ливерпул, а Динамо (З) на Ристовски и Адеми ќе…

Read More

Милан вчера се сретна со Сандро Тонали за да разговара за нов договор. 22-годишниот италијански играч за врска е еден од клучните играчи во тимот на Стефано Пиоли, а иако неговиот актуелен договор истекува во 2026 година, клубот не сака да биде изненаден со евентално негово заминување. Минатата година Милан побара од Тонали да направи мало намалување на платата за да помогне во финансиските ограничувања, а сега тие планираат да го наградат својот клучен човек во средниот ред. Планот на Милан е да го продолжи договорот со Тонали на уште една година до 2027 година, со што во тој процес…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација ги прави и последните подготовки за утрешниот прв меч од претквалификациите за Евробаскетот 2025 со селекцијата на Данска. Ненад Димитријевиќ ги заврши сите формалности околу преселбата од Валенсија во Казан и со мало задоцнување, му се стави на располагање на новиот стручен штаб на нашата најдобра селекција, предводен од Александар Јончевски. Зад него се некоку тренинзи во Скопје, но ако се земе в предвид за каков професионалец станува збор, извесно е дека во деновите кои следат организаторот на играта на „црвено-жолтите“ ќе ги надополни тие денови на отсуство во подготвителниот период. Новиот играч на рускиот Уникс смета…

Read More

Андер Ерера ќе се врати во шпанскиот фудбал. Играчот од средниот ред на ПСЖ постигна договор со Атлетик Билбао за враќање во Шпанија. Ерера ќе пристигне како слободен играч и ќе потпише договор на две сезони. Ерера имаше одиграно вкупно 128 натпревари за Билбао од 2011 до 2014 година, по што ја започна својата интернационална кариера. Ернесто Валверде имаше голема желба да го врати 33-годишниот играч, па на негово инсистирање, Ерера се врати во Баскија.

Read More

Во очекување на денешните три последни реванш средби од плеј-офот во Лигата на шампионите, веќе се знае како ќе изгледаат сите шешири за ждрепката која ќе биде одржана в четврток во Истанбул. Поради системот на натпреварување во кој шампионите од најсилните лиги одат во првиот шешир, а од вториот шешир се гледа само коефициентот на УЕФА, можно е дури и вториот шешир да е посилен од првиот. Според условите, вака ќе изгледаат шеширите од кои ќе се одредуваат групите во новото издание на УЕФА Лигата на шампиони: Прв шешир: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер Сити, Милан, Баерн, ПСЖ, Порто, Ајакс…

Read More

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс потврди дека неговиот тим ја одбил и третата понуда од Челзи за дефанзивецот Фофана. „Од фудбалска перспектива, ако тоа се случи, порано е подобро бидејќи може да ни овозможи да си ја завршиме работата“, рече Роџерс. „Клубот е свесен дека колку повеќе време минува, толку станува потешко, но вредноста мора да се усогласи“, додаде тренерот на Лестер. Фофана беше оставен дома за натпреварот на Лестер против Саутемптон минатиот викенд. За ова отсуство, Роџерс изјави дека играчот не е целосно фокусиран на клубот. Челзи е решен да ја засили дефанзива и ќе се обиде до крај…

Read More

Двоецот од Серија А, Рома и Јувентус се борат за потписот на Леандро Паредес од ПСЖ, неколку дена откако се чинеше дека само „бјанконерите“ се дел од трката за неговиот потпис. Додека Јуве продолжува да работи на првична позајмица со обврска за купување на Паредес следното лето, сега се соочуваат со нов конкурент за потписот во името на Рома. Паредес претходно играше за Рома, а Жозе Мурињо јасно стави до знаење дека сака уште еден играч од средниот ред, по повредата на Џини Вајналдум.

Read More

Ракометарите на Вардар загубија на пенали од екипата на Нексе во четвртфиналето на СЕХА-лигата и не успеа да се пласираат на Ф4 турнирот во Задар. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено, 28-28, а по две промашувања на ракометарите на нашиот шампион, Нексе го славеше пласманот меѓу четирите најдобри во регионот. Нексе одлично го почна мечот во Скопје и доминираше во текот на првото полувреме, иако Вардар блескаше од време на време, но сепак гостите заминаа на паузата со 15-12. Во вториот дел Вардар се врати во игра и успеа да направи целосен пресврт (28-27), по што Нексе на 30 секунди…

Read More

Денеска и покрај жестоката војна која пламти во дел од земјата, во Украина започна новата фудбалска сезона. Првиот меч го одиграа во Киев фудбалерите на Шахтјор и Металист од Харков. Натпреварот заврши без голови и беше првиот фудбалски меч одигран од крајот на февруари кога сезоната беше прекината по руската инвазија на Украина. Минатосезонскиот шампионат на Украина беше прекинат, а овој стартот на новата сезона значеше конечен крај на долгиот период од 254 дена без фудбал во оваа земја. Шахтјор и Металист играа во Киев, а сите првенствени натпревари ќе се играат во главниот град на Украина и западните градови…

Read More