Author: saso

Новопечениот македонски кошаркарски репрезентативец, Димитар Пандев (24 год, 208 см), е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром. Ова ќе биде прв настап на одличниот крилен центар за клуб од Македонија на сениорско ниво, со оглед што поголемиот дел од досегашната кариера ја мина во странство, најмногу во САД. Пандев четири години беше дел од НЦАА-лигата каде што го носеше дресот на универзитетите Солт Лејк, Кларендон и за Универзитет Индијана-Пердју универзитет Индијана (УИПУИ). Пандев е тринаесетиот кошаркар кој тренерот Александар Петровиќ ќе го има на располагање за новата сезона. Тука се уште Американците Бре Ајви, Еван Максвел и Мајк Кафи, Србинот…

Read More

Манчестер Сити денеска се пофали со уште еден нов трансфер. На својата официјална интернет страница, англискиот шампион го објави трансферот на дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи. Според шпекулациите, сумата која „граѓаните“ ќе ја платат за Аканџи ќе биде 17,5 милиони евра.

Read More

Со натпреварот меѓу Шпанија и Бугарија денеска од 13.30 часот во Тбилиси почнува Европското првенство во кошарка, кое ќе се игра во пет градови во четири различни земји. Денеска во првото коло од групата А ќе се сретнат и Турција – Црна Гора и Белгија – Грузија. Во групата Б покрај дербито на денот, ќе играат уште Босна и Херцеговина – Унгарија и Франција – Германија. Натпреварите од првото коло во групите Ц и Д се играат утре. Пласман во осминафиналето ќе добијат четирите најдобро пласирани селекции од секоја група. КОШАРКА, ЕП 2022 – 1. коло 13.30 Шпанија – Бугарија…

Read More

Ливерпул се чини успеа да најде ново име во средината на теренот. По инсистирањето на Клоп да се обезбеди ново засилување за тимот поради бројните повреди и отсуства, најдоброто што „црвените“ успеаја да го обезбедат е позајмица на Бразилецот Артур Мело од Јувентус. Според потврдени извори од Ливерпул, во моментов се чека пристигнувањето на Мело за да ги мине лекарските прегледи по што треба да се потпише договорот за позајмица од Јувентус. Во истиот нема да има откупна клаузула, што значи дека по една сезона Мело ќе се врати во Торино.

Read More

Пари Сен Жермен успеа да се ослободи од германскиот фудбалњер Јулијан Дракслер, но не и од неговата висока плата. Според информациите, Дракслер заминува во Бенфика, каде ПСЖ сепак, ќе му исплаќа дури 80% од неговата актуелна плата. Лисабонскиот тим ќе го добие Германецот на позајмица на една година, со обврска да им плати на Французите 2,5 милиони евра. Во договорот за позајмица нема да има откупна клаузула, пишува португалскиот весник Рекорд.

Read More

Италијанскиот фудбалски гигант Милан од денеска има нови сопственици. Со клубот отсега ќе управува инвестицискиот фонд RedBird Capital Partners, кој презеде акции во Милан за 1,2 милијарди евра. „RedBird има намера да продолжи да инвестира во сите клучни сектори за да овозможи понатамошен спортски и комерцијален развој на Милан. Сакаме да се надоврземе на достигнувањата од минатата сезона, кои кулминираа со титулата во италијанското првенство. Исто така ќе работиме на зајакнување на женскиот тим, младинскиот сектор и Фондацијата Милано, која се занимава со добротворни проекти“, стои во соопштението од новите сопственици. RedBird е веќе инвеститор во Fenway Sports Group, сопственик…

Read More

Од синоќа, Гоце Седлоски не е повеќе шеф на стручниот штаб на екипата на Шкупи. По ремито со Победа (1:1), Седлоски си поднел оставка на позицијата. Со оглед на случувањата во последно време, ова негово заминување не е изненадување. „ФК Шкупи објавува дека е прифатена оставката од главниот тренер Гоце Седлоски. Нашиот клуб му благодари за придонесот што после 21 година успеавме да бидеме шампиони, и му посакуваме среќа во следните предизвици“, се вели во сопопштението од чаирскиот првак.

Read More

Последниот Грен слем турнир во тековната сезона, УС Опен, започнува денеска во Њујорк. Без еден од најдобрите во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ, улогат ана главни фаворити на машкиот турнир ќе ја преземат Русинот Медведев и Шпанецот Рафаел Надал. Светскиот рекет број 1 Данил Медведев ќе ја брани минатогодишната титула и има совршена ждрепка за непречено да се пробива на турнирот дури до самата завршница. Првата посериозна пречка за него би требала да дојде во осминафиналето, каде потенцијален ривал може да му биде Ник Кирјос. Вториот суперфаворит во левата половина од ждрепката е Стефанос Циципас, кој го победи Данил во Синсинати.…

Read More

Женската А репрезентација на Македонија ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година. На тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 1. септември (петок) нашите фудбалерки ќе ја пречекаат селекцијата на Летонија. Натпреварот почнува од 16. часот. Во вториот натпревар од септемвриските квалификации, Македонија ја очекува гостински дуел против Австрија. Мечот Австрија – Македонија ќе се одигра на 6. септември, со почеток во 20:30. Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за квалификациските средби, ги повика следните фудбалерки: Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Викторија Панчурова (Тиверија); Одбрана: Драгана Костова (Каменица…

Read More

Пари Сен Жермен ги договорил условите за трансфер на играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, соопшти „Ле Паризиен“. Според француското издание, клубот ќе плати 25 милиони евра за шпанскиот репрезентативец. Договорот меѓу двете страни ќе биде на пет години. Вреди да се одбележи дека претходно ПСЖ најави заминување на играчот од средниот ред Андер Ерера. Шпанецот се пресели во Атлетик на позајмица. 26-годишниот Руиз е дете на Бетис. Шпанскиот фудбалер се пресели во Наполи во 2018 година и оттогаш постигна 22 гола и реализираше 15 асистенции на 166 натпревари за наполитанците.

Read More