Author: saso

Унгарски Дебрецин вчера и официјално потврди дека го раскина договорот со македонскиот репрезентативец Давид Бабунски. Договорот е раскинат со взаемна согласност. 28-годишниот Давид Бабунски премина во Дебрецин од романска Виторул Констанца летото 2021 година. Минатата сезона Давид играше 17 пати како стартер и седум пати влезе од клупата во составот на Дебрецин, а постигна само еден гол.

Read More

Карло Анчелоти би можел уште долго да остане во Реал Мадрид. Европскиот шампион признава за можноста за продолжување на договорот со италијанскиот стручњак, пренесува „Марка“. 63-годишниот тренер е почитуван од играчите на тимот. Покрај тоа, претседателот на клубот Флорентино Перез е воодушевен од работата на Анчелоти. Реал Мадрид верува дека Карло го води тимот беспрекорно. Клубот се консултира со тренерот за многу долгорочни спортски проекти. Во 2021 година, Анчелоти потпиша нов 3-годишен договор со Реал Мадрид.

Read More

Реал Мадрид е најскап фудбалски клуб во светот. „Форбс“ направи рангирање на најскапите спортски тимови во светот, каде на првото место меѓу фудбалските клубови се најде Реал Мадрид кој беше проценет на 5,1 милијарда долари. Во генералниот пласман на спортските клубови, Реал Мадрид го зазеде 13. место. Второто место меѓу фудбалските клубови го зазеде Барселона (5 милијарди, додека третото место меѓу фудбалските тимови му припаѓа на Манчестер Јунајтед (4,6 милијарди долари). Во рангирањето се и Ливерпул (4,45 милијарди долари), Баерн Минхен (4.28 милијарди долари) и Манчестер Сити (4.25 милијарди долари). Највредниот спортски тим во светот, според „Форбс“, е НФЛ тимот…

Read More

Поранешниот дефанзивец на Интер и на репрезентацијата на Италија, Давиде Сантон објави дека се повлекува од фудбалот на 31-годишна возраст поради постојани проблеми со повреди. Фудбалерот ги помина последните четири години во Рома, но не успеа да забележи ниту еден настап под водство на Жозе Мурињо во сезоната 2021/2022. Сантон заработи осум настапи за Италија помеѓу 2009 и 2013 година и ја освои титулата во Серија А двапати со Интер за време на првата од неговите две периоди во клубот. Сепак, повредите сериозно се одразија на кариерата на Италијанецот, кој својата одлука ја објави во интервју за изданието Tuttomercato.

Read More

Премиер лигата и англиската фудбалска лига ги одложија натпреварите за овој викенд по смртта на кралицата Елизабета Втора. Земјата сега е во состојба на национална жалост. Во соопштението, Премиер лигата вели: „На состанокот утринава, клубовите од Премиер лигата и оддадоа почит на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. За да го почитуваме нејзиниот извонреден живот и придонес за нацијата, и како знак на почит, натпреварите од Премиер лигата овој викенд ќе бидат одложени, вклучувајќи го и натпреварот во понеделник вечер“.

Read More

Гоце Седлоски се враќа на кормилото на Шкупи. Денеска од клубот потврдија дека само неколку недели по неговото заминување од редовите на македонскиот шампион, тој повторно ќе ги преземе чаирчани. Клубот денеска и официјално со соопштение го потврди враќањето на Седлоски на клупата. „Почитувани навивачи ве известуваме дека нов главен тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски, додека како негов прв асистент, легендата на клубот Арбен Нухиу. Заедно со нив, Суат Алија се враќа на функцијата претседател на клубот“, се вели во кусото соопштение.

Read More

Милан успеа да се договори со Сандро Тонали за обновување на договорот. Како што објави новинарот Фабрицио Романо, Тонали ќе го продолжи договорот со „росонерите“ до јуни 2027 година. Во следните часови се очекува клубот официјално да ја потврди соработката. Тонали е еден од најважните фдубалери во тимот и Милан напорно работеше да ја обезбеди неговата иднина на „Сан Сиро“.

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мура, Хрватска. Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска. Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски за претстојниот турнир во Хрватска се одлучи да ги повика следните фудбалери: Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс); Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка),…

Read More

Штипска Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде посилна за репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива. 26-годишниот Лвалива е најновото име во редовите на „сините“ кој ќе ја засили централната дефанзивна позиција. Лвалива доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Виперс, каде беше капитен изминативе пет сезони, а е незаменлив капитен и на репрезентацијата на Уганда за која од 2019 година има 22 официјални настапи.

Read More

Денеска свечено ќе биде отворен стадионот на кој на 18 декември ќе се одигра финалето на Светското фудбалско првенство во Катар. Стадион со капацитет од 80.000 седишта ќе биде домаќин на 10 натпревари на Светското првенство, вклучувајќи го споменатото финале, како и дуелот меѓу Мексико и Аргентина, кој останува меч за кој има најголема побарувачка на билети. Во 20:00 часот денеска ќе биде и главниот тест на функционалноста на стадионот, со натпреварот на два од најуспешните тимови во Азија и Африка. Ал-Хилал (саудиски шампион) ќе се сретне со Замалек (египетски шампион) во натпревар ќе послужи како главен тест за стадионот…

Read More