Author: saso

Главната ѕвезда во тимот на европскиот шампион Реал Мадрид, Карим Бензема, сепак, нема да игра на дербито против Атлетико Мадрид. 34-годишниот напаѓач се повреди на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Селтик (3-0), кој се одигра на 6 септември. Оттогаш тој нема одиграно ниту еден натпревар, но лекарите најавија скоро опоравување. Французинот го пропушти денешниот утрински тренинг во Мадрид, а од клубот велат дека нема да го форсираат неговото закрепнување. Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Атлетико утре и имаше најава дека Бензема може да биде во тимот за ова градско дерби.

Read More

Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Енди Керол е ново засилување за англискиот второлигаш Ридинг. Тој и официјално се сели во редовите на членот на Чемпионшип лигата како слободен фудбалер. 33-годишниот Англичанец потпиша договор со клубот до 15 јануари 2023 година. Керол веќе играше за Ридинг во првата половина од минатата сезона, а за Вест Бром во вториот дел.

Read More

Бразилскиот фудбалски ветеран, Дани Алвеш изјави дека се уште нема намера да ја заврши својата играчка кариера. „Не сакам да размислувам за иднината бидејќи е невозможно да се предвиди. Нека животот си оди по својот тек. Ако Меси ме стигне по бројот на освоени трофеи, ќе играм до 50 години“, изјави 39-годишниот Бразилец кој настапува за мексиканскиот клуб Пумас.

Read More

Мото ГП шампионатот од следната година ќе има и трка во Индија. Според последните гласини, шефот на Дорна Спорт, сопственикот на комерцијалните права во Мото ГП, Кармело Еспалета, следната недела ќе ја посети Индија за официјално да го објави вклучувањето на земјата во календарот на шампионатот. Најверојатно 2024 година е реално Индија да влезе во Мото ГП, иако некои информации велат дека тоа може да се случи и следната година. Шампионатот ќе ја користи патеката Буд надвор од Њу Делхи, која помеѓу 2011 и 2013 година беше домаќин на единствените три изданија на Индиското ГП во Формула 1.

Read More

Репрезентативниот напаѓач, Адис Јаховиќ се повлекува од македонската А репрезентација. Селекторот на македонската А селекција, Благоја Милевски повеќе нема да може да смета на напаѓачот кој има 19 настапи и три голови во дресот на Македонија. Адис Јаховиќ долги години со успех настапува во турското првенство и едноставно вели дека сега е време за збогум од репрезентативниот дрес, бидејќи повредите и возраста во голема мера бараат повеќе време за одмор и закрепнување. По тој повод, го пренесуваме неговиот допис до Фудбалската федерација на Македонија и А македонската репрезентација. „Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон.…

Read More

Кошаркарската репрезентација на Аргентина е нов шампион на Америка. „Гаучосите“ го совладаа домаќинот Бразил со 75:73 и го освоија Америкупот, односно континенталното првенство на Северна, Централна и Јужна Америка. Ова е нивна трета шампионска титула во Америка, а прва од 2011 година. Во мечот за третото место, селекцијата на САД беше подобра од Канада со 84:80 и го освои деветиот медал на Америкупот, но прв бронзен. Двете репрезентации на Америкупот настапија без НБА ѕвездите.

Read More

Кошаркарската репрезентацијата на Словенија на Европското првенство во Берлин остана без услугите на Зоран Драгиќ, кој поради повреда го заврши своето учество на Евробаскетот 2022. Лошите вести за словенечката репрезентација во пресрет на четвртфиналето против Полска, стигнаа откако Драгиќ го повреди бутниот мускул и лекарите потврдија дека тој нема да може да и помогне на селекцијата до крајот на турнирот. Помладиот од двајцата браќа Драгиќ се повреди на крајот од првото полувреме од осминафиналето против Белгија.

Read More

Челзи не успеа да се договори со дефанзивецот Н’голо Канте за нов договор. Преговорите за нов договор со Канте започнаа уште во 2021 година, откако претходното раководство на Челзи му понуди на играчот од средниот ред договор на 3+1 година, но преговорите беа прекинати кога британската влада воведе санкции за Роман Абрамович. Новото раководство на „сините“ вербално му понуди на Н’голо нов договор 2+1 година во август, но играчот од средниот ред не се согласил на оваа опција, бидејќи би сакал да потпише подолг договор. Ако не успеат да најдат договор, 31-годишниот Французин следното лето ќе го напушти клубот како…

Read More

Машката одбојкарска репрезентација на Италија е новиот светски шампион. Во големото фианле на Светското првенство во Полска, Италијанците со 3-1 (22-25, 25-21, 25-18, 25-20) славеа против бранителот на титулата и домаќин на завршницата на првенството, селекцијата на Полска. За Италија ова е четврта титула светски шампион, по трите во низа во 1990-тите (1990, 1994, 1998), а има и едно сребро. Бронзата ја освои Бразил, кој во мечот за третото место ја совлада Словенија со 3-1 (25-18, 25-18, 22-25, 25-18).

Read More

Шпанецот Карлос Алкараз го освои последниот тениски Грен слем турнир во сезоната, популарниот УС Опен, откако во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:4, 2:6, 7:6 (1), 6:3. За Алкараз ова е прва Грен слем титула во кариерата, а со оваа победа стана и првиот тенисер во светот. Со 19 години и четири месеци, Шпанецот стана најмладиот светски рекет број еден. Досега тој рекорд го држеше Австралиецот Лејтон Хјуит, кој во 2001 година до првата позиција на АТП листата стигна со 20 години и 9 месеци.

Read More