Машката одбојкарска репрезентација на Италија е новиот светски шампион. Во големото фианле на Светското првенство во Полска, Италијанците со 3-1 (22-25, 25-21, 25-18, 25-20) славеа против бранителот на титулата и домаќин на завршницата на првенството, селекцијата на Полска.
За Италија ова е четврта титула светски шампион, по трите во низа во 1990-тите (1990, 1994, 1998), а има и едно сребро. Бронзата ја освои Бразил, кој во мечот за третото место ја совлада Словенија со 3-1 (25-18, 25-18, 22-25, 25-18).