Болоња го избра Тиаго Мота како наследник за Синиша Михајловиќ на кормилото на тимот. Договорот со поранешниот тренер на Специја е комплетиран и ќе биде со важност од две години, со плата од 1,1 милион евра по сезона за Мота. Мота се чека да биде на трибините на „Ренато Дал’Ара“ за мечот против Фиорентина, а потоа ќе почне и официјално со работа во клубот.
Author: saso
Најдобрата светска тенисерка во моментов, Полјачката Ига Швјонтек се пласираше во големото женско финале на УС Опен откако ја совлада Арина Сабаленка утрово со 3:6, 6:1, 6:4 во второто полуфинале на последниот Грен Слем турнир. Швјонтек за првпат ќе игра финале во Њујорк, а меѓудругото стана и првата полска тенисерка која стигнала до мечот за трофејот на УС Опен. Во второто полуфинале одиграно утрово, Жабер во два сета 6:1, 6:3 доминираше во дуелот со Французинката Гарсија и обезбеди второ финале на Грен Слем турнирите по она на Вимблдон кое го загуби од Елена Рибакина.
Германската компанија „Порше“ излезе со соопштение за медиумите, кое се однесува на неуспехот во преговорите со Формула 1 тимот „Ред Бул“. Се забележува дека двете страни не можеле да постигнат консензус за соработка и затоа договорот е во неможност да се реализира. Претходно беше објавено дека има некои несогласувања меѓу Порше и Ред Бул. Германскиот производител на автомобили сакаше да влезе во Формула 1 како партнер на Ред Бул, но во одреден момент австрискиот тим почна да се плаши дека влијанието на Порше врз нивниот тркачки тим значително ќе се зголеми. Порше нема намера да се откаже од плановите да…
Кире Маркоски е новото засилување на Вардар. Како што објавија од македонскиот второлигаш, тој потпишал едногодишен договор со Вардар. 27 годишниот напаѓач има 5 настапи и 1 постигнат гол за најдобрата репрезентација на Македонија, 6 голови на 16 настапи за младата репрезентација, вклучувајќи ги и настапите на Европското првенство вo 2017-та. Маркоски последниот ангажман го имаше во екипата на Шкендија.
Марио Младеновски е нов фудбалер на Шкупи. 21-годишниот фудбалер доаѓа од Ботев Пловдив, и се враќа во македонскиот шампионат каде настапуваше за Македонија ЃП и за Вардар. Младинскиот репрезентативец потпиша договор на две години со чаирскиот тим и ќе биде засилување на стоперската позиција, по заминувањето на Сенгор во Турција. Минатата сезона Младеновски ја мина како позајмен во Македонија ЃП, и беше еден од заслужните за излезот во Европа на „лавовите“.
На синоќешниот меч во Бундеслигата меѓу Ајнтрахт (Ф) и РБ Лајпциг, шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се повреди уште во 4. минута по еден дуел со противничкиот играч Џибрил Соу. Иако се обиде да го продолжи натпреварот, Олмо се здоби со повреда на коленото поради која беше заменет во 11. минута. Неговиот клуб денеска соопшти за каква повреда се работи. „Дани Олмо доживеа делумно кинење на левите лигаменти на гостувањето против Ајнтрахт и ќе отсуствува меѓу четири и шест недели“, објави германскиот прволигаш.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 вечерва од 19 часот ќе го одиграат реванш мечот од квалификациите за влез во групната фаза на ЕХФ Лигат на Европа. На домашен терен во Битола, младите ракометари на битолскиот состав го пречекуваат австриски Алпла Хард од кого загубија н апрвиот дуел со 24:21. Момците на Александар Јовиќ одиграа одличен натпревар против поискусниот противник и на гостински терен се изборија за пристоен пораз, кој може да се анулира со голема поддршка од навивачите.
Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти откри кој би можел да го замени напаѓачот Карим Бензема во неговиот тим. „Не е точно дека нема кој да го замени Бензема. Ги имаме Маријано, Азар, Родриго, понекогаш Асенсио, па дури и Модриќ. Бензема игра на секои три дена, а понекогаш му треба одмор. Со еден натпревар неделно добро се снаоѓа. На средбата со Бетис не успеа на крајот, но тоа не е поради неговата физичка состојба“, изјави Анчелоти. Реал Мадрид во саботата во четвртото коло од шпанското првенство го победи Бетис со 2:1.
Тренерот на РБ Лајпциг, Доменико Тедеско може да добие отказ. Раководството на клубот е незадоволно од резултатите на „биковите“ на стартот од сезоната и сериозно разлислува за негова смена. „СпортБилд“ пишува дека претседателот на Лајпциг поставува многу сериозни задачи пред клубот, особено земајќи го предвид потписот на скапите новајлии Тимо Вернер и Давид Раум. Тимот на Тедеско се уште не ги исполнил овие сериозни задачи. РБ Лајпциг освои пет бода на пет натпревари во Бундеслигата и е 11-ти во поредокот.
Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс наскоро ќе потпише нов договор со клубот. Новиот договор ќе важи до 2028 година. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за играчот. Според изворот, раководството на лондончани сака во договорот да биде вклучена и опцијата за продолжување на соработката. Преговорите за условите на новиот договор влегуваат во последната фаза. 22-годишниот Џејмс е дете на лондонскиот клуб. Сезонава на 5 натпревари во сите натпреварувања, дефанзивецот постигна еден гол и имаше една асистенција. Актуелниот договор меѓу Џејмс и Челзи истекува во летото 2025 година.
