Дефанзивецот на Челзи, Итан Ампаду, кариерата ќе ја продолжи во Италија, каде и претходно настапуваше во екипата на Венеција. Специја ќе го добие 21-годишниот играч на позајмица со опција за откуп на неговиот договор во јуни следната година. Преговорите меѓу клубовите се во завршна фаза. Купувањето на играчот ќе го чини италијанскиот клуб 15 милиони евра. Се очекува денеска Ампаду да одлета за Италија, а утре да биде на лекарски преглед во новиот тим. Дефанзивецот минатата сезона ја помина на позајмица во Венеција.
Author: saso
Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг бил ограбен во својот дом во Кастелдефелс (Барселона), јавуваат шпанските медиуми. Инцидентот се случил во домот на фудбалерот, информираат медиумите, повикувајќи се на полициски извори. Наводно најмалку 4 лица влегле во градината во близина на куќата на фудбалерот, па откако го претепале со огнено оружје им се заканувале и на играчот и на неговата сопруга. Напаѓачот го отворил сефот и од него бил одземен накитот, по што напаѓачите побегнале со автомобил. Полицијата трага по сторителите.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема со двата гола на синоќешниот меч со Еспањол веќе стигна до 222 гола на 417 натпревари во шпанската Ла Лига. Со ова, тој го мина Сезар Родригез (221 гол на 353 натпревари) и го зазеде седмото место на вечната листа на стрелци. Бензема има шанса наскоро да ја престигне легендата Алфредо ди Стефано, кој има 227 гола на 329 натпревари.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе добие 100 милиони фунти за зимски трансфери, тврдат дел од англиските медиуми. Според информацијата, шампионот иако ова лето ги доведе Ерлинг Халанд, Џулијан Алварез, Калвин Филипс и Серхио Гомес, се уште има „отворени апетити“ кон некои фудбалери кои Гвардиола ги сака во тимот. Според пресметките, „граѓаните“ се во повеќе од добра финансиска кондиција и можат да си дозволат да потрошат прилично сериозна сума за трансфери и во зима. Гвардиола ќе има можност да процени каде ќе му треба адекватно засилување, особено од оние кои можеби ќе блеснат на СП во Катар.
Македонската кошаркарска јавност има причини за задоволство по двете остварени победи во августовските претквалификации за Евробаскетот 2025. Селекторот Александар Јончевски по вчерашниот триумф во Скопје над Словачка, вели дека оваа тешко извојувана победа носи и дополнителни мотиви за овие кошаркари. „Пред се, ова беше многу тежок натпревар. Заморот можеби во нашата екипа повеќе се чувствуваше на стартот, затоа што имавме многу загубени топки. Нешто кое го договаравме да го спроведеме со Данска, тоа е да го минимизираме бројот на загубени топки, не успеавме. Загубивме девет топки до полувреме, тоа нè чинеше многу примени поени од транзиција и тоа не можевме…
Македонската кошаркарска репрезентација ја оствари и втората победа во претквалификациите за Евробаскетот 2025. Вечерва во Скопје избраниците на селекторот Јончевски со пресврт во последната четвртина ја совладаа Словачка со 79:75. До триумфот кошаркарите дојдоа на благодарение на добата игра во третата четвртина и добрата партија на Јакимовски и Димитријевиќ. Двајцата ја вратија Македонија од негатива и донесоа втора победа. Димитријевиќ мечот го заврши со 20 поени и четири асистенции, Јакимовски и Војдан Стојановски имаа по 15 поени, а Ѓуроски запиша 12 поени.
Поранешниот селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски е нов тренер на хрватскиот прволигаш Горица. Тој денеска го потпиша договорот со хрватскиот прволигаш со важност до 2024 година. „Морам да му се заблагодарам на претседателот Чрнек за одлуката да ја преземам Горица, се договоривме многу брзо и среќен сум поради моето доаѓање. Ги следам сите натпревари во хрватската лига уште од времето кога бев селектор на Македонија, бидејќи многу играчи играа во хрватските клубови и затоа можам да кажам дека многу добро ги познавам состојбите во ХНЛ. Нема да давам изјави, мојот начин на работа е да одам полека. Во…
Лестер ја прифатил понудата на Челзи за дефанзивецот Весли Фофана. 21-годишниот фудбалер ќе ги чини лондончани 82,5 милиони евра фиксни, а сумата може да се зголеми за неколку различни видови бонуси. Трансферот ќе ја направи Фофана најскапиот дефанзивец во светот, пред Хари Мегваер и Вирџил ван Дијк. Во моментов се подготвуваат документите, а зделката „сините“ ќе ја објават во наредните часови. Фофана ќе потпише договор со лондончани на шест сезони.
Баерн Минхен сака да го продолжи договорот со дефанзивецот Лука Ернандез, објави на Твитер новинарот Флоријан Плетенберг. Според изворот, Баварците и 26-годишниот француски репрезентативец имале првични разговори. Ернандез оваа сезона забележа четири настапи за Баерн Минхен и имаше една асистенција. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2024 година.
Ливерпул размислува да го понуди Роберто Фирмино во замена за играчот од средниот ред на ПСЖ и аргентински репрезентативец, Леандро Паредес. Јирген Клоп вчера призна дека „црвените“ бараат засилување поради бројот на повреди. Местото на Роберто Фирмино во нападот на Ливерпул е веќе под знак прашалник поради потписот на Дарвин Нуњес, но пред почетокот на сезоната Бразилецот изјави дека е среќен и сака да остане во „црвените“.
