Author: saso

Менаџерот на француската кошаркарска репрезентација Борис Диау изјави дека тој и неговите колеги во Француската кошаркарска федерација ќе направат се што е во нивна моќ за да може Жоел Ембид да игра за „триколорите“ уште на Светското првенство во 2023 година. Ембид (28) потекнува од Камерун, но тој никогаш не играше за репрезентацијата на својата земја. Пред неколку недели центарот на Филаделфија 76ерс се здоби со француски пасош, но во моментов нема дозвола од Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) за негово учество за репрезентацијата на Франција. „Тој сè уште нема лиценца од ФИБА. Но, ќе биде убаво ако ја добие и…

Read More

Селекторот на европскиот шампион Италија, Роберто Манчини, беше принуден да повика тројца нови играчи во проширениот состав за натпреварите со Англија и Унгарија во Лигата на нации. Откако Марко Верати го напушти таборот на „Аѕурите“ веќе во понеделникот, истото го направија и Лоренцо Пелегрини и Матео Политано еден ден подоцна. Новите имиња во составот на Италија се Салваторе Еспосито (СПАЛ), Давиде Фратези (Сасуоло) и Маноло Габијадини (Сампдорија).

Read More

Некогашниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро постигна договор со второлигашот Беневенто да ја преземе функцијата главен тренер на тимот. 49-годишниот поранешен репрезентативец е без работа од минатиот септември кога го напушти кинескиот Гуангжу ФК по четири години минати во клубот. Тој го предводеше тимот до титула во локалната Супер лига и триумф за Суперкупот на земјата. Се очекува Канаваро официјално да потпише со Беневенто денеска.

Read More

Аргентинска мега-ѕвезда во дресот на ПСЖ, Лионел Меси го постигна својот 672. гол од игра, откако синоќа на парижани им обезбеди минимална победа на гостувањето кај Лион во француската Лига 1. Со овој погодок, Меси успеа да го собори рекордот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој постигна 671 гол (без пенали). На Меси му беа потребни 150 натпревари помалку од Роналдо, за да дојде до оваа бројка на погодоци. Меси е во ПСЖ од 2021 година и има договор со клубот до 2023 година со можност за продолжување на уште една сезона. Оваа сезона аргентинскиот напаѓач има 10…

Read More

По проблемите со кои се соочи селекторот на Македонија, Благоја Милевски и најавените отсуства на Стефан Ристовски, Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми, ново име е повикано денеска во репрезентативниот состав. Милевски испрати дополнителен повик за повратникот во репрезентацијата Егзон Бејтулаи. 28-годишниот играч последен пат играше за Македонија во јуни 2021 година против Австрија, а оттогаш не добиваше повици во националниот тим.

Read More

Македонската А репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревари од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември). Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул), исто така нема да можат да се стават на располагање за мечевите против Грузија и Бугарија. Нашиот стручен штаб подоцна во текот…

Read More

Италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби е нов менаџер на Брајтон. Тој седнува на кормилото на тимот кое беше испразнето по заминувањето на Грем Потер на клупата на Челзи. Претходно беше објавено дека англискиот клуб е во преговори со неколку тренери, но решил да му ја даде довербата на екс-тренерот на Шахтјор Доњецк. 43-годишниот Де Зерби беше тренер на италијански Сасуоло од јули 2018 до мај 2021 година. Потоа седна на клупата на Шахтјор Доњецк, со кого го освои Суперкупот на Украина.

Read More

Грчки Олимпијакос синоќа му врачи отказ на тренерот Карлос Корберан. Засега не се познати причините за раскинувањето на договорот. Корберан ја презеде функцијата на 1 август и по неполни два месеци веќе заминува од функцијата. Под негово водство тимот одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа четири победи, четири пати ремизираше и претрпе три порази. Викендов Олимпијакос загуби од Арис во натпреварот од грчкото првенство со резултат 2:1 и веројатно тоа беше иницијална каписла за управата да ја прекине соработката со него. Во моментов, Олимпијакос е на шестото место во грчкиот шампионат со осум бодови. Корберан претходно беше…

Read More

Шпанската кошаркарска репрезентација која синоќа го освои златото на Евробаскетот 2022 се најде на третото место по бројот на освоени златни медали на Европските првенства. Шпанците во финалната средба во Берлин ја победија француската репрезентација со 88:76 и по четвртипат во историјата станаа освојувачи на континенталната титула. Лидер по бројот н освоени европски злата и натаму е селекцијата на поранешниот Советски Сојуз (14), додека поранешна Југославија има 8 европски злата. Репрезентативецот на Шпанија и кошаркар на Торонто Репторс, Хуан Ернангомес стана најдобар стрелец во финалето на Евробаскет 2022 година со 27 поени.

Read More
NBA

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шредер (29 години, 191 см) официјално се врати во ЛА Лејкерси. Клубот не ги откри деталите од зделката. Според упатените, страните се договориле за едногодишен договор вреден 2,64 милиони долари. Шредер играше за Лејкерс во сезоната 20/21. Кошаркарот не успеа да се договори со клубот за условите од новиот договор и во 2021 година се пресели во Бостон. Пред истекот на рокот, Селтикси го трампаа Шредер во Хјустон. На 15 натпревари во НБА со Рокетс, тој имаше просек од 10,9 поени, 5,9 асистенции и 3,3 скока.

Read More