Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шредер (29 години, 191 см) официјално се врати во ЛА Лејкерси.
Клубот не ги откри деталите од зделката. Според упатените, страните се договориле за едногодишен договор вреден 2,64 милиони долари.
Шредер играше за Лејкерс во сезоната 20/21. Кошаркарот не успеа да се договори со клубот за условите од новиот договор и во 2021 година се пресели во Бостон.
Пред истекот на рокот, Селтикси го трампаа Шредер во Хјустон. На 15 натпревари во НБА со Рокетс, тој имаше просек од 10,9 поени, 5,9 асистенции и 3,3 скока.