Author: saso

Сопственикот на Челзи, Американецот Тод Боли е заинтересиран за купување на уште еден фудбалски клуб. Боли веќе го ангажирал португалскиот фудбали агент Жорге Мендеш како консултант на Челзи, а му дал и прва конкретна задача да најде соодветен тим за купување во неговата земја. Португалецот ја исполни својата задача и му овозможил на Боли први разговори за купување на клубот Портимоненсе. Тимот моментално е четврти во лигата и се уште не успеал да го освои националното првенство во повеќе од еден век историја.

Read More

Германија одлучи да не учествува во квалификациите за ЕП 2024, кои требаше да и послужат како подготвителни дуели додека ги чека останатите учесници на континенталното првенство. Германците како организатори на ЕП 2024 директно имаат обезбедено пласман на првенството, но не сакаа да ја прифата поканата на УЕФА и по примерот на Франција во 2016 година да станат дел од некоја од квалификациските групи и редовно да ги играат натпреварите, но да бидат без пласман во групите. „Како домаќини на настанот веќе сме квалификувани и тоа ни дава најголема можна флексибилност во моментот кога ќе го дизајнираме календарот за меѓународните натпревари…

Read More

Наполи се договори за нов договор со голманот Алекс Мерет, кој би можел да стане слободен играч на крајот од сезоната. 25-годишниот италијански репрезентативец ќе потпише договор со „наполитанците“ до јуни 2024 година со опција за продолжување на уште една сезона. Според изворот, Наполи решил да го задржи Мерет откако не успеале да се договорат за голманот на ПСЖ, Кејлор Навас.

Read More

ПСЖ веќе му го доставила новиот предлог договор на Лео Меси за продолжување на соработката. Како што објавија француските медиуми, францускиот првак на Аргентинецот му нуди договор 1+1 година со финансиски услови речиси идентични со сегашниот договор – 30 милиони евра годишно. Спека, шпанскиот новинарот Микел Баскез тврди дека Меси мена да го прифати новиот договор и на лето ќе си замине. „Лео е категоричен дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ. Аргентинскиот фудбалер следната сезона нема да продолжи да игра во Париз“, стои во информацијата на шпанскиот новинар. Се сугерира дека Меси би можел да се врати во…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) на Националната Арена во Скопје ја пречекува Бугарија во последниот натпревар од тековното издание на Лигата на нации. Момците на Благоја Милески по поразот на гостувањето кај Грузија, вечерва во Скопје со победа над Бугарија ќе го потврдат второто место во групата. Нашата репрезентација досега оствари две победи во петте одиграни средби, а по ремито на стартот во Разград вечерва очекуваме добра партија и победа над Бугарија, која очигледно е во криза на репрезентативен план во последните неколку години. Бугарите во Скопје доаѓаат со нов селектор и со надеж дека ќе успеат да ја…

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година откако забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Албанија во првиот натпревар на силниот меѓународен турнир што се одржува во Свети Мартин на Мур, денеска против Саудиска Арабија ќе го одигра и вториот меч. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар против Албанија, а добрата партија треба да ја потврдат денеска против силната селекција на С. Арабија која во првиот меч одигра нерешено со Хрватска (1:1). Натпреварот денеска е закажан од 15:30 часот.

Read More

Лионел Меси ги пофали Килијан Мбапе и Нејмар со кои заедно играат за ПСЖ. Во интервју, тој зборуваше за тоа како се снајде во Париз и за новата фудбалска средина. „Нејмар и јас се знаеме напамет – поминавме одлично време заедно во Барселона. Би сакал да играмве подолго за Барса, но животот повторно не собра во ПСЖ. Среќни сме што сме заедно. Сакам да си играм со него и да бидам околу него секој ден. А Мбапе е посебен играч. Ѕвер кој е добар во игра еден на еден. Килијан влетува во слободниот простор, тој е многу брз и постигнува…

Read More

Дефанзивецот на англиската репрезентација, Хари Мегваер ги повика навивачите да продолжат да ги бодрат и на последниот натпревар од Лигата на нации против Германија, иако тимот одигра разочарувачки досега и испадна од А-лигата во ова натпреварување. „Психички сме силни и на луѓето им дадовме прекрасни пет години. Сепак, во моментов сме во ситуација да мораме да бидеме обединети, веројатно навивачите не се задоволни од резултатите во последно време, но се надевам дека нема да престанат да не поддржуваат бидејќи ни претстои голем и многу важен турнир. На Светското првенство не можеме да победиме без нив, па ќе се обидеме да…

Read More

Играчот од средниот ред на екипата на Евертон, Алан го напушти тимот на „карамелите“ и замина во Обединетите Арапски Емирати. Ал Вахда објави дека постигнале договор со премиерлигашот за трансфер на Бразилецот. Договорот со играчот е на две сезони. Алан е во Евертон од 2020 година и има 52 настапи во лигата со 3 асистенции.

Read More

Напаѓачот на австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ синоќа на натпреварот со Хрватска (1:3) во Лигата на нации го собори рекордот по бројот на настапи во дресот на австрискиот национален тим. 33-годишниот напаѓач на Болоња го одигра својот 104-ти натпревар за националниот тим и се најде на врвот на вечната листа. Таму досега рекордер беше Андреас Херцог со 103 настапи.

Read More