Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин реши да го напушти клубот откако пред неколку дена се степа со соиграчот Џордан Пул. Медиумите прво ја објавија информацијата за тепачката, по што се појави и видео на кое може да се забележи дека Грин буквално го нокаутира неговиот соиграч. „Видеото е срамно, не за мене, туку за Џордан и семејството. Направив грешка и му се извинив. Моја цел е да изградам доверба во соблекувалната. Јас сум човек со многу недостатоци, а на видеото излегов полошо од што мислев“, кажа Грин.
Author: saso
Холанѓанецот Макс Верстапен ја одбрани шампионската титула во Формула 1, откако утрово триумфираше на трката за Големата награда на Јапонија, возена на патеката „Сузука“. Верстапен ја оствари 12-тата победа сезонава, 32 во кариерата, а дојде и до втора титула по ред, иако до крајот на шампионатот остануват уште четири трки во САД, Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати. Поради неповолните временски услови, трката беше одложена, со извозени 40 круга, а оттаму се чинеше дека нема да има ниту целосно бодовно салдо за најдобрите. Но, тоа правило важи само за трки кои не можат да се завршат, што автоматски му ја…
Со многу насмевки, спортски дух и забава. Вака заврши јубилејното 30. издание на Турнирот во мал фудбал на медиумите, кое оваа година имаше меѓународен карактер со учество на фудбалски ветерани и познати лица од екс-ју просторите како дел од репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Во спортскиот дел кај медиумите, првото место го освои екипата на МРТ 1 која во финалето со 4:1 беше подобра од Спортското радио 90.3 фм. Во финалето кај репрезентациите видовме еден забавен меч со комбинирани репрезентации, на кој резултатот беше најмалку важен. Македонија со дел од популарните имиња од македонскиот фудбал кои…
Утрово на терените на ФФМ започна јубилејното издание на Турнирот на медиумите во мал фудбал. Оваа година со хуманитарен карактер и со учество на фудбалски репрезентации на Хрватска, Србија, БиХ и Македонија во мешани состави (фудбалери + естрадни ѕвезди). Дружењето и забавата на прво место. Погледнете дел од она што се случуваше утринава. rpt rpt
По денешната ждрепка во ЕХФ, македонскиот ракометен вицепрвак Е. Пелистер ги доби противниците во групната фаза од Европската лига на ЕХФ. Нашиот единствен претставник во ова натпреварување се најде во групата Д, заедно со Фуксе Берлин (Германија), Мотор Запорожје (Украина), Бидасоа (Шпанија), Скандерборг Архус (Данска) и Агуаш Санташ (Португалија). Сезоната за битолчани започнува на 25 октомври со дуелот во Битола против тимот на Скандерборг Архус, а потоа ќе следуваат две тешки гостувања против Агуаш Санташ, односно Мотор Запорожје. 1 коло: Еурофарм Пелистер – Скандерборг Архус 2 коло: Агуаш Санташ – Еурофарм Пелистер 3 коло: Мотор Запорожје – Еурофарм Пелистер 4…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од вториот шешир ќе ги чекаат своите ривали за групната фаза од ЕХФ Европската лига. Откако синоќа се одиграа реванш средбите од второто квалификациско коло, станаа познати комплетните шешири. Шешир 1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Прованс, Скјерн Шешир 2: Еурофарм Пелистер, Кадетен Шафхаузен, Гранољерс, Иштад Шешир 3: Мотор Запорожје, Татран Прешов, Валур, Балатонфуреди Шешир 4: Флензбург, Гепинген, Спортинг, Бидасоа Шешир 5: Монпелје, Бенидорм, Веспрем КФТ, Скандерборг Архус Шешир 6: Нексе Нашице, Алпла Хард, Ференцварош, Агуаш Санташ Извлекувањето на групите е закажано за утре во седиштето на ЕХФ во Виена со почеток во 11 часот.
Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјиос вели дека е фокусиран на она што може да го контролира, бидејќи се надева на позитивни вести откако неговиот случај ќе биде сослушан пред судот во Канбера. Кирјос има закажано рочиште пред судот за наводен напад. 27-годишниот Кирјиос беше обвинет дека наводно ја нападнал својата поранешна девојка Кјара Пасари. Кирјиос, кој се натпреварува на овонеделниот АТП 500 турнир во Токио, нема да присуствува на судското рочиште бидејќи ќе го застапуваат неговите адвокати. Тениската ѕвезда ќе бара да биде отфрлено неговото обвинение за напад поради менталното здравје и предметот да биде отфрлен според дел од актот…
НБА лигата синоќа ги објави резултатите од анкетата спроведена меѓу 30-те генерални менаџери на лигата кои прогнозираа кој ќе биде носителот на титулата „МВП“ за претстојната сезона која започнува на 19 октомври. Победник на анкетата беше ѕвездата на Далас Маверикс, 23-годишниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ, кој доби 48 отсто од гласовите. Второто место според резултатите од гласањето го зазеде 27-годишниот кошаркар на Милвоки Бакс и предводник на грчката репрезентација Јанис Антетокумпо за кого гласале 34 отсто од испитаниците. Центарот на Филаделфија Жоел Ембид ја заокружи тројката која ќе ја има улогата на главни фаворити за престижното признание. Интересно во оваа…
Српскиот тренер Дејан Станковиќ е блиску до потпишување договор со Сампдорија, која има празно тренерско место по заминувањето на Марко Џампаоло. Веста ја потврди и италијанскиот новинар, инсајдер, Џанлука Ди Марцио. Според новинарот, во Милано се одржала двочасовна средба меѓу претставници на Сампдорија и Станковиќ, на која страните се договориле за соработка. Втора опција за клубот беше Клаудио Раниери, но тој ја одбил понудата.
Човекот кој со својот погодок го реши синоќешното дерби меѓу Интер и Барселона во Лигата на шампионите, Хакан Чалханоглу ја коментираше победата со голот кој го постигна по додавањето од Федерико Димарко. „Денеска ја прикажавме играта што сакаме да ја видиме. Ја покажавме нашата вредност, сите добро одиграа дури и во фаза на одбрана. Секогаш се бориме за тренерот, тој виде дека сме тим што се бори за него. Денеска видовме дека сите се борат еден за друг. Овој став беше клучот за победата вечерва“, вели Турчинот. Интер обезбеди шест бода и се искачи на второто место на табелата во…
