Author: saso

Офанзивниот играч за врска на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол, многу брзо би можел да ја напушти „Ванда Метрополитано“. Аргентинецот дојде од Јувентус, но и покрај тоа што добива многу добра минутажа, тој е на прагот да биде продаден. Причината е што Атлетико треба да направи некои појдовни трансфери за да ги балансира своите финансиски извештаи и да избегне казна од УЕФА. Друг играч кој речиси сигурно ќе си замине е Жоао Феликс. Интерес за Родриго Де Пол има од Јувентус и Милан, кои будно ја следат ситуацијата на Аргентинецот во Мадрид и се подготвени да дадат понуда.

Read More

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Австралија, 18-та во овогодинешниот шампионат во Мото ГП. На патеката „Филип Ајленд“, Шпанецот ја освои третата пол-позиција сезонава, со рекорден круг од 1:27.767 минути. Веднаш до него беше Марк Маркез на Репсол Хонда, а на двајцата во првиот стартен ред ќе им се придружи возачот на Дукати, Франческо Бањаја. Алеш Еспаргаро на Априлија и лидерот во генералниот пласман Фабио Квартаро ќе стартуваат од 4. и 5. место.

Read More

Ракометната федерација на Македонија денеска на прес-конференција уште еднаш го најави одржувањето на женското Европско првенство во нашата земја. Претседателот Живко Мукаетов побара од навивачите и сите ракометни работници да учествуваат во организацијата на турнирот, со цел да се покаже дека државата е зрела за организација на вакви големи спортски настани. „Би сакал да продолжиме да работиме заедно, како и досега, за да продолжиме да градиме подобар македонски ракомет. Нè очекува организација на Европско првенство. Би сакал на натпреварите да одиграме со срце, за Македонија. Би сакал да ги повикам навивачите да дојдат во што поголем број, да им дадеме…

Read More

Иако има уште речиси три месеци до почетокот на Австралија опен, доаѓањето на Новак Ѓоковиќ на првиот Грен слем идната сезона е веќе тема во Мелбурн. По неколку политичари и директорот на Австралиската тениска федерација Крег Тајли, се огласува со експертите од областа на имиграцијата дека Новак има добри шанси да добие влез во „земјата на кенгурите“. Кон-минг Цаи, познат адвокат за имиграција од Мелбурн, вели дека Новак Ѓоковиќ има добри шанси да добие виза доколку аплицира за тоа. Тој вели дека би било доволно да ѝ пише на австралиската гранична служба, да ги објасни околностите под кои бара да…

Read More

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера имаше одличен настап во дресот на Трабзонспор и со еден прекрасен погодок од слободен удар придонесе за високата победа над Монако од 4:0. Токму неговиот погодок, УЕФА го стави во изборот за „Гол на колото“ во Лигата на Европа. Во конкуренција за ова признание се најдоа уште три погодока од вчерашните дуели. A, B, C or D ❓ Who gets your vote for #UEL Goal of the Week? ⚽️🔥@Heineken | #UELGOTW — UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 13, 2022

Read More

ФИФА ќе подели сума од 213 милиони евра меѓу клубови кои ќе имаат свои играчи на Светското првенство во Катар. Сумата е иста како и онаа што беше поделена за учество на СП во Русија 2018, а ја искористија вкупно 416 клубови. Оваа мерка има за цел да ги обештети тимовите за секој ден без нивните играчи за периодот додека фудбалерите ќе им бидат на располагање на своите репрезентации, вклучувајќи го и подготвителниот период од 14 ноември. Со други зборови, играчите кои ќе играат за репрезентациите кои ќе стигнат до финалето (18 декември), на своите клубови ќе им донесат по…

Read More

Следниот месец на акција ќе се најде топката од мечот на кој Диего Марадона го постигна светски познатиот гол наречен „Божја рака“. Станува збор за голот во дресот на Аргентина против Англија на Светското првенство во 1986 година. Топката со која се играше во тоа четвртфинале меѓу Англија и Аргентина има проценета цена од 2,5 до 3 милиони фунти и ја продава Али Бин Насер, судијата кој дозволи голот „Божја рака“ на Марадона да биде признат. „Оваа топка е дел од фудбалската историја, вистинско време е да ја споделиме со светот“, рече Бин Насер.

Read More

Аргентинскиот стручњак и тренер на гигантот Ривер Плата, Марсело Гаљардо најави дека по осум години минати на клупата на тимот од Буенос Аирес ќе ја напушти таа позиција кога ќе му истече договорот на крајот на годината. „Мојот договор истекува во декември и повеќе нема да бидам во клубот. Тоа е една од најтешките одлуки“, рече Гаљардо на прес-конференцијата. „Сè е при крај, време е да завршиме еден убав циклус. Сакам да им се заблагодарам на фановите за љубовта и поддршката што ми ја дадоа“, додаде тој. Ривер Плата моментално е втор на табелата со 44 бодови, четири помалку од…

Read More

ПСЖ загубил повеќе од 300 милиони евра во последната финансиска година, објави венсикот „Ле Паризиен“. Ова е трета последователна сезона, како парижани се во минус и губат повеќе од 100 милиони евра. За сезоната 2019/20 загубите изнесуваа 124 милиони евра, за сезоната 2020/21 – 224 милиони евра, а за сезоната 2021/22 – речиси 350 милиони евра. Според проценките, најголемиот дел од загубите се поради влијанието на коронавирусот, но и поради намалување на приходите од продажба на билети, како и од се поголемите плати во тимот.

Read More

Германскиот стратег Томас Тухел, кој до неодамна беше менаџер на Челзи, е можниот наследник на Герет Саутгејт на клупата на репрезентацијата на Англија. Веста ја објави британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори во федерацијата. Ако англичаните не успеат да направат успех на Мундијалот, за Саутгејт тоа ќе биде и последна селекторска обврска на кормилото на островјаните. Критиките кон него не престануваат по очајниот настап на Англичаните во Лигата на нации. Покрај Тухел, како кандидат за селекторското место се споменува и Маурицио Покетинот.

Read More