Author: saso

Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација добија позитивни резултати од првиот скрининг тест на вирусот Ковид-19. Без никакви симптоми на Ковид-19 во самоизолација се две фудбалерки од Каменица Саса и пет фудбалерки од Тиверија. Составот на македонската женска репрезентација заедно со стручниот штаб и луѓето кои се вклучени во работата на селекцијата пред почеток на подготовките за натпреварот со Франција имаа тестирање за присуство на вирусот Ковид-19. Сите членови на тимот беа во изолација и немаа меѓусебен контакт до добивањето на резултатите. Селекторот на репрезентацијата, Кирил Изов беше принуден да прави дополнување на играчкиот кадар за натпреварот со Франција. Предводникот…

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус и официјално се откажа од можноста да го купи Луис Суарез од Барселона. Ова го објави спортскиот директор на „бјанконерите“ Фабио Паратичи по победата над Сампдорија синоќа. Главната причина за оваа одлука е тоа што Уругваецот нема италијански пасош. Нов напаѓач на Јуве се очекува да биде Един Џеко од Рома. „Суарез не е во нашите планови за трансфер пазарот. Тој не е цел на Јувентус. Тој нема италијански пасош, па затоа не можеме да потпишеме со него сега. Да, ја разгледавме можноста да го донесеме, но сега е нереално”, рече Паратичи.

Read More
NBA

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Лос Анџелес Лејкерс со 105:103 во вториот натпревар од финалето на Западот. Ентони Дејвис е херојот на Лос Анџелес Лејкерс затоа што погоди тројка за да победи со звукот на сирената. Екипата од Колорадо успеа да влезе во последните секунди со поен предност 9103-102) и да го одбрани првиот напад на Лејкерс, но топката остана во посед на противникот бидејќи Мареј го блокираше Грин. На две секунди до крајот, Пламли го остави Дејвис без одбрана, а тој непречено погоди тројка за победа бр. 2 на Лејкерс. Јокиќ натпреварот го заврши со 30 поени, шест…

Read More

Играчот за врска на Јувентус, Даглас Коста може да се пресели во Вулверхемптон, објави на Твитер италијанскиот новинар Николо Шира. Според изворот, „волците“ го сметаат 29-годишниот бразилски играч за врска како одлична замена за Диого Жота кој се пресели во Ливерпул. Коста не е вклучен во плановите на главниот тренер на Јуве, Андреа Пирло. Преговорите за транзиција се веќе започнати. Коста ги брани боите на Јувентус од 2017 година. Бразилецот играше за клубот на позајмица од Баерн, а потоа потпиша целосен договор со Торинците.

Read More

Со голот постигнат синоќа во победата над Сампдорија (3:0) Кристијано Роналдо веќе ја има 19-та последователна сезона со постигнат гол на клупско ниво. Во својата досегашна кариера, 35-годишниот Португалец играше за Спортинг Лисабон (3 гола во една сезона), за Манчестер Јунајтед (84 гола за шест сезони), за Реал Мадрид (311 погодок во девет сезони) и за Јувентус (52 гола во првите две сезони). „Секогаш е добро да се започне сезоната со победа! Одлична работа за тимот“, напиша Роналдо на Инстаграм по мечот со Сампдорија.

Read More

Поранешниот играч за врска на Барселона, Арсенал и Челзи, Сеск Фабрегас смета дека Садио Мане е најдобриот играч во Премиер лигата. Сенегалскиот напаѓач од Ливерпул ги постигна двата гола во победата над Челзи вчера. Минатата сезона тој постигна 18 гола во Премиер лигата, а претходно ја освои „Златната копачка“ во Англија. Мане постигна двоцифрен погодок во неговите шест сезони во Премиерлигата, од кои првите две со Саутемптон. „Повторно велам – Мане е најдобриот играч во Премиер лигата“, напиша на Твитер францускиот фудблер кој оваа сезона игра за Монако.

Read More

Изминатиов викенд во романскиот град Клуж Напоха се балканското првенство во атлетика во сениорска конкуренција. На настанот се појавија и четворица атлетичари од Македонија во конкуренција на 12 држави кои учествуваа на шампионатот. Во првиот дел од натпреварите, нашата репрезентативка Дрита Ислами на трката на 400 метри со пречки го освои 5. место со резултат 1.00.48 минута, додека Јован Стојоски на 400 метри беше шести со резултат 47.51 секунди. Вчера Дарио Ивановски трчаше на 3000 метри со време 8:22.28 доволно за 5. место, додека Јован Стојоски на 200 метри беше седми со време 21:50 секунди. Стефан Стефановски во фрлање диск…

Read More

Ливерпул не застанува со обид да се засили во летниот преоден рок. Денеска стигна и вест дека Јирген Клоп сака дополнително засилување на конкуренцијата во тимот, па Ливерпул веќе и официјално стартуваше разговори со Барселона за можна позајмица на Усман Дембеле. Францускиот репрезентативец на „Камп ноу“ пристигна летото во 2017 година за 138 милиони евра, но не го оправда вложеното. Минатата сезона му мина со бројни повреди и малку настапи. Тој би бил добра алтернатива во нападот, со оглед на новата напорна сезона која го чека англискиот првак.

Read More

Манчестер Јунајтед го договори трансферот на дефанзивецот на Порто, Алек Телес, кој се согласи на 5-годишен договор. „Црвените ѓаволи“ го посакуваа и Серхио Регилон од Реал Мадрид, но Тотенхем беше побрз и го доби младиот Шпанец. Така Јунајтед се сврте кон 27-годишниот Бразилец, за кој исто така е заинтересиран за ПСЖ. Телес има договор со Порто до крајот на сезоната, поради што Португалците се подготвени да го продадат сега, наместо следното лето да го загубат без пари. Во Англија се шпекулира дека Телес ќе потпише договор на 5 години и ќе добива 88 илјади фунти неделно. 

Read More

Откако го доведе Тиаго Алкантара, Ливерпул е близу до нов трансфер откако се договори со Вулверхемптон за купување на напаѓачот Диого Жота. Двата клуба се договорија за договор вреден 45 милиони фунти, а 23-годишниот Португалец се очекува да ги помине медицинските тестови и трансферот да биде комплетиран денеска. Веројатно трансферот на дефанзивецот на „црвените“ Ки-Јана Хувер во редовите на Вулвс ќе помогне за неговата реализација, бидејќи тие ќе платат 10 милиони фунти за младиот фудбалер.

Read More