Author: saso

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски дојде до нова победа на турнирот во Ираклион во Грција со награден фонд од 15.000 долари. Ивановски денеска славеше во полуфиналето против Италијанецот Андреа Гутиере со 2-0 во сетови (7-6 и 6-3). Во битката за титулата, Ивановски за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Себастијан Гима и Павел Неједли.

Read More

Ракометарите на Е. Пелистер утре го играат првиот меч од ЕХФ Европската лига. Во Битола гостува екипата на Сканденборг Архус, дански состав кој ќе биде првиот голем предизвик за нашиот вицешампион. „Ако го гледавте натпреварот против Пролет, не сме баш спремни за Европа, затоа што игравме екстремно лошо. По десет дена без шест репрезентативци малку нарушен ни е ритамот, па затоа работиме денес и утре да се поправиме. Веќе денес тоа изгледа подобро и наша цел во вторник е победа. Видов многу натпревари на Архус оваа сезона. Не знам дали имаат проблеми, затоа што загубија многу натпревари со еден-два разлика.…

Read More

Францускиот напаѓач Антоан Гризман постепено ја враќа познатата форма која пред неколку години го направи еден од најдобрите светски фудбалери. Такво мислење искажа и тренерот на мадриѓани, Диего Симеоне по победата од 2:1 над Бетис, која ја обезбеди токму со головите на Французинот. „Во моментов го гледаме оној Гризман кој го познаваме. Ни требаат такви луѓе кои ги разбираат соиграчите и имаат одлични односи со нив“, изјави Симеоне по победата против Бетис. Гризман сега има 147 гола за Атлетико и со тоа го надмина Пако Кампос на третото место во листата на најдобри голгетери во историјата на клубот.

Read More

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети беше исклучително задоволен од победата над Рома од 1-0. Наполитанците со овој успех ја продолжија серијата од 11 последователни победи во сите натпреварувања. Менаџерот призна дека неговиот тим морал да го смени начинот на кој играл за овој натпревар, но бил задоволен што неговиот план функционирал. „Не сакам да ги коментирам зборовите на Мурињо или на некој друг. Ќе направам своја анализа на натпреварот. Тоа беше натпревар полн со замки, но мојот тим се снајде добро, иако имаше некои грешки во конструкцијата на нападите. Излеговме од тие ситуации без да ја загубиме формата. Моравме да…

Read More

Раководството на Астон Вила започна преговори со тренерот на Спортинг (Лисабон), Рубен Аморим, информира „Дејли Телеграф“. Минатата недела тимот од Бирмингем се раздели со Стивен Џерард и во моментов е во потрага по нов менаџер кој ќе го замени. Аморим важи за еден од најперспективните тренери во Португалија, а во 2021 година ги предводеше „лисабонските лавови“ до двојната круна. Медиумите во Англија пренесуваат и дека Аморим одлично зборува англиски и дал согласност да застане на чело на тимот, но за оваа цел Вила ќе треба да плати околу 10 милиони евра за да го доведе на „Вила Парк“.

Read More

Неверојатен јужноамерикански трилер и ја донесе титулата на Бока Јуниорс во шампионатот на Аргентина за 2022 година. Сензационалното е што вечниот ривал и крвен непријател на Бока, Ривер Плата им ја донесе титулата на „сино-жолтите“. Ова се случи во последните секунди од последното 27. коло, кога Ривер им ги урнаа соништата на 60.000 навивачи на претендентот Расинг на кој му требаше победа за да стане шампион. Неколку секунди пред крајот на регуларното време при резултат 1-1, домаќините промашија пенал за шампионска титула, а згора на тоа во 95. минута Ривер Плата погоди за конечни 2-1 со што им ја обезбеди…

Read More

На 25 октомври (вторник), во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за ¼-финалето од Купот на Македонија. Познато е дека и во оваа фаза нема да има привилегирани екипи. Инаку во шеширот за ¼-финалето се седум прволигаши: Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Силекс, Брегалница и А. Пандев, и единствениот второлигаш, Вардар.

Read More

Тајсон Фјури ќе продолжи со трилогиската борба со стариот непријател Дерек Чисора на 3 декември по колапсот на преговорите за потенцијална домашна пресметка со Ентони Џошуа. Фјури објави дека ќе боксува со Дерек Чисора на стадионот на Тотенхем во Лондон. Мечот против Чисора, кого Фјури претходно го победи во 2011 и 2014 година, ќе биде прва борба на 34-годишниот Фјури по рутинскиот прекин во шестата рунда на дуелот со Дилијан Вајт во април оваа година. Промоторот на Фјури, Френк Ворен, изхјави дека е возбуден што пред британските навивачи во Лондон Тајсон Фјури ќе ја брани светската титула.

Read More

Новак Ѓоковиќ може да го пропушти последниот сезонски турнир од серијата „Мастерс“ во Париз (Франција), кој започнува на крајот на октомври, најави тренерот на Србинот, Горан Иванишевиќ. До крајот на сезоната, Ѓоковиќ сигурно ќе учествува во финалето на АТП во Торино по 13 ноември, но можеби ќе реши да паузира по учеството и освојувањето на титулите во Тел Авив и Астана (Казахстан). „Јасно е дека сигурно ќе игра во Торино, но останува прашањето дали ќе замине во Париз пред тоа“, изјави Иванишевиќ.

Read More

„Росонерите“ денеска објавија дека голманот Мајк Мањан доживеал повторување на повредата на левата тетива, откако тој веќе беше надвор од теренот минатиот месец откако заработи повреда на левата тетива за време на настапот за репрезентацијата на Франција. Тој беше подготвен за кам-бек овој викенд во Серија А против Монца, но почувствува болка за време на тренингот и тестовите покажаа повреда на мускулот на потколеницата. Првично беше објавено дека новата повреда е на десната нога, но сега е потврдено дека се работи за старата повреда. Состојбата на Мањан, наводно, ќе треба повторно да се процени за 10 дена, што сериозно ги…

Read More