Author: saso

Манчестер Јунајтед е многу блиску до склучување договор со ѕвездата на Јувентус, Алекс Сандро, објавија денеска авторитетните англиски изданија. „Црвените Ѓаволи“ сакаат да го добијат бразилскиот интернационалец на „Олд Трафорд“ следната сезона, а првата рунда преговори со агентот на фудбалерот минала одлично. Жозе Мурињо е подготвен да ја плати бараната сума за левиот бек на Јувентус, која според некои проценки се движи околу 57 милиони евра. 27-годишниот Алекс Сандро треба да биде замената за искусниот Ешли Јанг, кој оваа сезона мораше принудно да игра на позиција лев бек, иако негова вистинска позиција е крило. Дел од изворите и во Јувеентус…

Read More

Актуелниот тренер на италијанскиот шампион Јуветус, Масимилијано Алегри, по синоќешното реми со Рома без погодоци изјави дека е задоволен од резултатот, но и воопшто од сезоната која е зад него и неговиот тим. „Среќен сум. Го имаме следното поглавје во историјата на клубот. Беше многу тешка сезона. Сакам да им се заблагодарам на Наполи, бидејќи продолжија да вршат притисок врз нас до крајот на сезоната. Верувам дека нашата главна предност во однос на ривалот беше тоа што останавме смирени во секоја ситуација“, ја оцени сезоната Алегри. На прашањето за неговата иднина во Торино, тој додаде: „Ако менаџментот на клубот не…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Томас Вермален ја повреди тетивата на десната нога на синоќешниот меч со екипата на Леванте и ризикува настап на СП во Русија. 32-годишниот Белгиец излезе во игра во 31. минута, а денеска ќе се чекаат најновите лекарски прегледи за да се дознае точниот период потребен за рехабилитација. Првите прогнози на лекарите велат дека повредата е сериозна, но сепак, треба да се почекаат денешните резултати од специјалистичките наоди.

Read More

Извонредна фудбалска вечер за македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди. Со два гола против Барселона, Барди го исполни сонот да слави против каталонците, кои оваа сезона до синоќешното гостување против Леванте не знеја за пораз на домашната сцена. Барселона загуби со 5-4, а Леванте и фантастичниот Барди потврдија дека под водство на новиот тренер и на крајот на сезоната го покажаа својот вистински квалитет. „Леванте е фантастичен тим. Одигравме многу добро, со голема самодоверба. Среќен сум за головите. Сонував да постигнам гол против Барселона и да му помогнам на тимот. Треба и наредната сезона да продолжиме со ваква игра“, изјави Барди,…

Read More

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон Мораеш потпиша нов договор со клубот, кој ќе трае се до летото 2025 година. Веста ја потврдија од Сити на официјалната веб-страница на клубот. „Се надевав на ваков развој, но не мислев дека ова ќе се случи толку брзо!” За една година, во една сезона имаше толку многу, но јас се подготвував за ова. Многу сум среќен што ќе играм за Манчестер Сити долги години. Ова е мојот сон“, изјавил Едерсон по потпишувањето на новиот договор. Едерсон дојде во Манчестер Сити од Бенфика минатото лето.

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар останаа без европската титула, па мала утеха по синоќешното финале во Будимпешта добија во изборот за најдобра ракометарка на Ф4 турнирот. Признанието отиде во рацете на неверојатната голманка на „црвено-црните“ дами, Амандин Лејно, која брилјираше и на двата меча за нашиот шампион. Французинката против Ростов Дон во полуфиналето имаше 14 одбрани, додека во финалниот меч против Ѓер забележа дури 17 интервенции. Тоа беше доволно од страна на ЕХФ да ја добие престижната награда.

Read More

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, кој за некој ден го напушта тимот од Париз, е прогласен за најдобар тренер на француската Лига 1. Во изборот ан најдобрите оваа сезона во Франција, титулата за најдобар млад фудбалер му припадна на напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе, кој постигна 13 гола и имаше осум асистенции на 28 натпревари за парижани.

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево ќе играат во ново финале во женската Лига на шампиони. На завршниот турнир во Будимпешта, денеска „вардарки“ ќе се обидат да им се реваншираат на Унгарките од Ѓер кои минатата година беа подобри од нашиот првак во финалниот меч. Синоќа во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Будимпешта, ЖРК Вардар славепе над рускиот тим Ростов Дон со убедливи 25:19 и закажаа пресметка во финалето со бранителот на титулата, унгарски Ѓер. Лани во финалето Ѓер по продолженија славеше со 31:30 и дојде до европската круна.

Read More

По Жељко Бувач кој си замина од асистентската позиција во екипата на Ливерпул, сега и Мурињо останува без својот помошник. Како што објавија англиските медиуми, Руи Фарија, десната рака на Мурињо на кормилото во Манчестер Ј. заминува од клубот. „По многу размислување и со тешко срце одлучив дека е време да тргнам понатаму“, изјавил Фарија. Руи е дел од менаџерскиот тим на Мурињо од 2001 година и заедно сменија дури 6 клубови и освоија 25 трофеи. Се претпоставува дека Фaрија е еден од кандидатите за наследник на Венгер на кормилото на Арсенал.

Read More

Шпанските медиуми вчера лансираа информација дека Бразилецот Нејмар се поздравил со своите соиграчи од ПСЖ и им порачал дека повеќе нема да игра за францускиот клуб. Денеска, веднаш стигна демант на информацијата и тоа директно од првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи. „Тој ќе биде во ПСЖ и следната сезона. Тоа можам да го гарантирам 2000%. Сигурен сум дека и тој тоа го сака“, изјавил претседателот на ПСЖ. Бразилецот минатото лето стигна во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра од екипата на Барселона

Read More