Author: saso

Македонскиот репрезентативец од екипата на Спортинг, Стефан Ристовски одбил да се пресели во Динамо Москва. Како што потврдија утрово руските медиуми, клубовите се договориле за договор за закуп, но 28-годишниот играч сака да ја продолжи кариерата во друг клуб. Спортинг бараше целосен трансфер, но Динамо (М) прифатил едногодишен закуп со можна опција за откуп на договорот на Ристовски следното лето за 3 милиони евра. Поради неподготвеноста на Ристовски да замине во Москва, преговорите сега се прекинати.

Read More

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денеска од 20.45 часот против Грузија на Националната арена во Скопје ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации против селекцијата на Грузија. Нашите најдобри фудбалери влегуваат во костец со главниот кандидат за првото метсо во групата, против кого во првиот меч во Тбилиси одигравме нерешено – 1:1. Вечерашниот меч ќе биде и еден вид генерална проба пред финалето од Лигата на нации кои овие две селекции ќе го оидграат во ноември во Тбилиси. Селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот меч не може да смета на повредените Аријан Адеми, Стефан Спировски и Егзон Бејтулаи,…

Read More

Иако беше најавено дека на 20 октомври ќе стартува Лигата на Европа во ракомет, а Еурофарм Пелистер ќе ја пречека во Битола унгарска Татабања, сепак, мечот ќе мора да биде одложен. Екипата на Татабања има дури 15 позитивни ракометари заразени со коронавирус и нема да допатува во Битола за натпреварот од првото коло. Европската ракометна федерација се уште нема официјална потврда на одложувањ ена дуелот, но од унгарскиот клуб испратиле писмо до ЕХФ со таква намера и барање.

Read More

Многу е веројатно дека суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го пропушти првиот дуел против Барселона во групите од Лигата на шампионите, што е закажан за 28 октомври. Како што е познато, Португалецот вчера имаше позитивен тест за коронавирус и мора да биде ставен во карантин. Според протоколот на УЕФА, ако играч сака да учествува во натпревар од Лигата на шампионите или Лигата на Европа, тој мора да има негативен тест за Ковид-19 најмалку 7 дена пред натпреварот. Така Роналдо ќе мора да се опорави пред 21 октомври за да добие шанса да истрча на меч против својот голем ривал…

Read More

Селекторот на грузиската репрезентација Владимир Вајс на вчерашната прес-конференција пред натпреварот со Македонија во дивизијата Ц од Лигата на нации истакна дека во Скопје дојдоа да победат. „Нема да можам да бирам меѓу Косово и Македонија, бидејќи нашиот противник е веќе познат и ќе се сретнеме со Македонија во финалето на плеј-офот. Сепак, сега пред тој натпревар размислуваме само за утрешниот натпревар, што е многу важен во однос на првото место во групата. И на противникот и нам ни недостасуваат неколку клучни играчи, сепак ова е понекогаш добро и тренерот може да тестира нови играчи. За нас не е важно…

Read More

Аргентина со головите на Лаутаро Мартинез и Кореја славеше со 2:1 на гостувањето кај Боливија синоќа и со тоа за првпат по 15 години замина како победик од Ла Паз. Нејмар постигна три гола (два од пенал) и беше еден од најзаслужните за победата на Бразил на гостувањето кај Перу со 4:2 во јужноамериканските квалификации за СП 2022. Со хет-трикот, Нејмар сега е втор на листата на најдобри стрелци на сите времиња во Бразил, зад неприкосновениот крал на фудбалот, Пеле. Еквадор по убедливата победа над Уругвај со 4:2 дојде до првата победа во јужноамериканските квалификации, а Венецуела загуби дома од…

Read More

Серхио Рамос ќе остане во Реал Марид до крајот на кариерата и покрај пишувањата на медиумите дека можно е да го напушти Мадрид следното лето и да се преслеи во Јувентус или ПСЖ. Шпанска “Марка“ вчера објави дека заминувањето на Рамос е само плод на шпекулации и дека Реал нема да му дозволи да си замине. „Серхио Рамос не оди никаде, набргу ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и тоа не е ништо ново. Нема никакви проблеми. Тој сака и натаму да игра за Реал Мадрид, тоа го сака и Флорентино Перез и затоа Рамос останува во Мадрид“, пишува…

Read More

Прославениот кошаркар на Партизан и некогашен член на НБА тимот Минесота Тимбервулвс, Никола Пековиќ, се бори за живот во Црна Гора. Тој се заразил со коронавирусот и неговата состојба е влошена. Според информациите кои доаѓаат од Подгорица и двата бели дроба на поранешниот центар се сериозно воспалени. Пековиќ бил примен во болница пред 15 дена кога било откриено дека боледува од Ковид-19. Неговата состојба е влошена и тој е на апарати за дишење. Пековиќ од јануари е тим-менаџер во српската кошаркарска репрезентација. Во Црна Гора, како и во повеќето земји, во последните неколку недели се забележува раст на бројката на…

Read More

Денеска почнува Цевитана лигата во тенис за мажи со одигрување на првите натпревари. Според распоредот во следните денови ќе имаме интересни возбудувања меѓу најдобрите тенисери од клубовите во нашава земја. Еве го и комплетниот распоред на натпревари: Прв ден  09.10.2020 година Почеток 10:00 часот,                                       Т.К.”Југ”-Скопје                                  Т.К.”МТП”- Скопје Почеток 10:00 часот,                                       Т.К.”Неготино ” Неготино             Т.К.”Тенниспарк”Скопје Не пред 14:00 часот                                          Т.К.”Југ” Скопје                                  Т.К.”Тумба”Куманово Втор ден 10.10.2020 година Почеток 10:00 часот,                                       Т.К.”Неготино ” Неготино             Т.К.”Тумба”Куманово Почеток 10:00 часот                                         Т.К.”Југ”-Скопје                                  Т.К.”Тенниспарк”Скопје Не пред 14:00 часот,                                         Т.К.”Неготино ” Неготино             Т.К.”МТП”- Скопје Трет ден 11.10.2020 година Почеток 10:00 часот,                                       Т.К.”Југ”-Скопје                                  Т.К.”Неготино ” Неготино Почеток 10:00 часот                                        Т.К.”Тумба”Куманово                       Т.К.”МТП”- Скопје Не пред 14:00 часот,                                         Т.К.”Тумба”Куманово                      Т.К.”Тенниспарк”Скопје Четврти ден 12.10.2020 година Почеток 10:00 часот,                                       Т.К.”Тенниспарк”Скопје                Т.К.”МТП”- Скопје

Read More

Ново засилување на Манчестер Ј., Единсон Кавани со нетрпение го очекува своето деби во Премиер лигата и е убеден дека може да ја понесе тежината на дресот со број 7. Во минатото овој дрес го носеа легендите на тимот Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо. “Кога ќе стапнете на теренот, бројот на грбот го губи значењето. Исто така, откако ќе добиете шанса да носите дрес со број 7 во Јунајтед, мора да го зграпчите. Тој е одговорност и верувам дека можам да ја поднесам. Се надевам дека е така, изјави 33-годишниот напаѓач.

Read More