Author: saso

Фудбалската репрезентација на САД стана првиот тим учесник на Светското првенство, кој веќе пристигна во Катар. Американеците синоќа се сместиле во својата база во хотелот „Марса Малаз Кемпински“ на вештачкиот остров северно од главниот град на Катар, Доха. Некои фудбалери од финалниот состав, вклучително и капитенот Кристијан Пулишиќ, се се уште во Европа, каде што допрва треба да играат во националните првенства овој викенд. Светското првенство во Катар стартува на 20 ноември, а САД се во група со Англија, Иран и Велс.

Read More

Уругвај наскоро заминува за Катар, откако селекторот Диего Алонсо веќе го објави составот на фудбалерите кои ќе патуваат на Мундијалот. На истиот се најдоа 26 играчи, од кои неколку играчи се моментално повредени. Во прв ред тоа е дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, како и искусниот голгетер Единсон Кавани од Валенсија. Алонсо смета дека веројатноста за двајцата да бидат подготвени за натпреварите е голема и затоа го понесе со себе во Катар. Во тимот на Уругвај ќе бидат и 36-годишниот голман Фернандо Муслера, 36-годишниот дефанзивец Диего Годин и 35-годишниот напаѓач Луис Суарез, што ја прави селекцијата една од највозрасните на…

Read More

По инцидентот на куп натпреварот со Шкендија и експресната санкција од натпреварувачката комисија при ФФМ, шампионот Шкупи своите следни натпревари на домашен терен ќе ги игра во Кичево. Иако се уште не се знае точно колку натпревари Шкупи ќе треба да одигра надвор од стадионот „Чаир“ на оддалеченост од 100 километри од Скопје, едно е речиси сигурно, дека Кичево е новата база на шампионот. Првиот натпревар за Шкупи на домашен терен во Кичево ќе биде веќе оваа сабота против екипата на Скопје.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа во Гевгелија ја совлада Норвешка со 58:36 во рамките на третиот натпревар од втората рунда на претквалификациите за Евробаскетот 2025. По мечот, селекторот Александар Јончевски, вели дека е комплетно задоволен од играта на сите кошаркари кои беа на паркетот. „Успеавме да ја стопираме нивната транзиција, а и позицијата од каде најчесто ги постигнуваа нивните поени. Тоа е заслуга на енергијата, на ангажираноста и на одличната одбрана благодарејќи на која не моравме да форсираме во напад. Ни одговараше тој тип на игра, иако постигнавме под 60 поени, но и тоа ни одговара овој конечен резултат. Задоволен сум…

Read More

Жељезничар од Сараево ќе гостува во Скопје на 23 ноември на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити. Навивачката група веќе го најави спектаклот на 23 ноември со почеток од 19.30 часот. Железничар е поранешен шампион на Југославија од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и Вардар кој беше шампион во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година. Сараевчани доаѓаат на пријателски меч за да се одбележи големиот јубилеј на „црвено-црните“ и нивната најверна армија навивачи.

Read More

Македонската кошаркараска репрезентација вечерва во Гевгелија ги продолжува настапите во циклусот квалификации за ЕП 2025. Избраниците на Александар Јончевски по двете стартни победи, се чини денеска ќе го имаат клучниот меч со Норвешка, која како и ние тргна со максимален учинок во првите два квалификациски прозорци. Повратникот во нашиот национален тим Адем Мекиќ е согласен дека денешниот дуел со Норвешка е клуч на овие претквалификации. „Пред нас е очигледно тежок натпревар со делителот на првото место во групата заедно со нас, тимот на Норвешка. Се работи за сериозен тим со брза и сериозна кошарка, со самодоверба и слобода во нападот,…

Read More

Жозе Мурињо потврди дека му рекол на еден од неговите играчи во Рома да го напушти клубот поради „непрофесионален однос“. Мурињо на една од своите најбрутални прес-конференции до сега го потврди она за што веќе пишуваат медиумите. Мурињо не беше расположен синоќа откако неговиот тим одигра само 1:1 против Сасуоло во новото коло од Серија А. По последниот судиски свиреж, бесниот Мурињо не се воздржа во оценката за перформансите на неговата екипа. Всушност, 59-годишниот стретег рече дека еден неименуван играч ги „издал“ своите соиграчи со својот став пред да му каже на тој играч да го напушти клубот во јануари.…

Read More

Манчестер Сити го победи Челзи со 2:0 во синоќешниот натпревар од 3. коло од англискиот Лига куп, а навивачите на Челзи се лути на едно од најскапите засилувања за тимот, Калиду Кулибали. Фановите на Челзи во него го вперуваат прстот како виновник за оној прв гол кој го постигна Ријад Марез од слободен удар во 53. минута. На социјалните мрежи можат да се прочитаат низа критики за Кулибали и за неговата реакција при шутот на Марез. Имено, тој беше еден од играчите во живиот ѕид, а единствениот кој не скокна кога топката тргна кон голот. На крајот, топката отиде право…

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте по поразот од Нотингем Форест во третото коло од англискиот Лига куп изјави дека е разочаран. „Секако дека има големо разочарување од резултатот и поразот. Добрата работа за вечерва беше што повторно ги видов Ришарлисон и Кулушевски. Мислам дека се подготвени за Лидс Јунајтед во сабота. Ова е добра вест за нас. Многу е тешко да се каже што не беше во ред, бидејќи посветеноста беше добра. Но, ние го играме нашиот 12-ти натпревар од 1-ви октомври и да бидам искрен, некои играчи се навистина уморни. Се обидов да ја менаџирам ситуацијата на средината на…

Read More
NBA

По две продолженија, кошаркарите на Милвоки на гости ја победија Оклахома со 136:132 и со тоа ја постигнаа и 10-тата победа во 11-тиот натпревар сезонава. Победата на Милвоки е дотолку поважна затоа што кај нив не настапија двајцата најдобри кошаркари, Јанис Адетокунпо и Џру Холидеј поради повреди. Лос Анџелес Клиперс како домаќини го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 114:101 и со тоа ја остварија деветтата последователна победа над градскиот ривал. Пол Џорџ ги предводеше Клиперси до победата со 29 поени, додека Леброн Џејмс со 30 поени беше најефикасен кај поразените. Лејкерси по овој пораз остануваат на две победи од 11…

Read More