Новото издание на боксерската ревија „Златниот гонг“ ќе се одржи в петок и в сабота во Скопје. Според последните информации, учеството на турнирот го потврдија 11 боксерски репрезентации и тоа Англија, Шкотска, Шведска, Србија, Бугарија, Косово, Унгарија, Албанија, Еритреја, Црна Гора и Македонија. Како последна селекција се очекува Грција. Македонија на годинешниот „Злетен Гонг“ ќе настапи со шест боксери: Ален Рустемов, Илхан Озмен, Ајхан Озмен, Дион Лена, Алим Насуфи и Али Аземи.
Author: saso
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска по денешната пренамена на средства од буџетот за ФК Вардар потенцираше дека Вардар е гордост на Градот Скопје и на сите скопјани и токму поради оваа причина е потребно конкретно решение за спас на клубот. „Фудбалскиот клуб Вардар е гордост на Градот Скопје и на сите скопјани, токму поради оваа причина е потребно конкретно решение за спас на ФК Вардар. Денешниот амандман за пренамена на средства од буџетот на Град Скопје за ФК Вардар е само еден очаен обид за популизам од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно не се заинтересирани за конкретно решение…
РК Вардар, актуелниот шампион на Македонија, денеска потврди први засилувања за следната сезона. Станува збор за Томислав Јагриновски, кој по 2,5 сезони се враќа во Вардар, како и Михал Аларов од тимот на Пролет. И со двајцата е потпишан договор кој ќе се активира по завршување на тековната сезона.
Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова, предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин. Наковска Бикова беше најдобра и ја освои титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор. Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финалето. Во самото финале, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да оди до…
Сојузот на спортови на Скопје денеска ги врачи наградите „13 Ноември“ за најдобрите спортисти во главниот град. Според остварувањата од тековната година, за Спортист на Скопје за 2022 година е прогласен каратистот Петар Спасеновски, за освоено трето место на Европско првенство за сениори во Газиантеп, Турција, категорија до 84 килограми. Признанието „13 Ноември“ замина и во рацете на карате клубот Макпетрол, кој имаше богата и успешна година, додека наградата за животно дело му припадна на Димче Јанковски, тренер во карате и член на карате сојузот веќе 50 години. Милорад Стојмановски, новинар со три децениско искуство, главно во печатените медиуми ја…
Со факели, аплаузи и многу овации до доцна во ноќта, Улцињ ги пречекуваше некогашните ѕвезди на екс-ју фудбалот на еден голем регионален настан, досега незапаметен на овие простори. Улцињ не е град со голема фудбалска традиција, но три дена е регионален фудбалски центар. Спортското радио 90.3 фм е дел од промоцијата на книгата и документарниот филм за некогашната фудбалска легенда на Хајдук и на југословенскиот фудбал, Иван Гудељ, на која присуствуваат великаните на некогашниот југословенски фудбал. Фановите со факели на пристаништето во Улцињ синоќа го пречека Иван Гудељ, а со него и другите легенди на хрватскиот фудбал како Ивица Шурјак,…
Од денеска, па се до недела во спортската сала „Кале“ во Скопје ќе се одржи 21. Светски шампионат во традиционално карате за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети, како и 1. Светски куп за деца “Хидетака Нишијама”. Македонската Традиционална Карате федерација за првпат е организатор на еден ваков светски настан на кој ќе учествуваат над 500 каратисти од 44 земји. За Македонија ќе настапат 78 натпреварувачи во сите возрасни категории и дисциплини.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, ги објасни причините кои доведоа до изоставување на Гуедеш и Ренато Санчес од списокот на патници за Мундијалот во Катар. „Гледавме и анализиравме се во овие неколку месеци. Повиците се базираат на она што го видовме и тука нема ништо ново. Сакаме да ги имаме најдобрите играчи и во напад и во одбрана. Можевме да направиме друг избор. До крајот имаше сомнежи, бидејќи некои играчи имаат слични перформанси и статистика. Преземам целосна одговорност за направениот избор“, изјави Сантош. За амбициите на Португалија на шампионатот во Катар, Сантош додаде: „Мислам дека можеме да…
Манчестер Сити и Ливерпул ќе играат еден против друг во 1/8-финалето на Карабао купот. Жрепката која беше направена веднаш по натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила, ги одреди двојките и за сите останати дуели. Домаќин на големата пресметка ќе биде Манчестер Сити. Средбата е закажана за 19 декември, само еден ден по финалето на Светското првенство. Манчестер Сити и Ливерпул веќе двапати се сретнаа оваа сезона. „Црвените“ го совладаа тимот на Пеп Гвардиола во „Комјунити шилд“ со 3:1, а потоа се радуваа и на „Енфилд“ во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на лидерот во Чемпионшип, Барнли, додека…
Кошаркарите на Мајами синоќа по продолжение го победија тимот на Шарлот со 117:112, со што му го нанесоа седмиот пораз по ред на гостинскиот тим. Најдобар учинок во домашниот тим имаше Џими Батлер со 35 поени, 10 скока и осум асистенции, а Бем Адебајо имаше дабл-дабл со 18 поени и 14 скока. За тимот од Флорида ова беше јубилеен 3000-ти натпревар во НБА лигата, а досега имаат остварено 1.585 победи и 1.415 порази. Атланта на свој терен ја совлада Филаделфија со 104:95. Домашните го решија мечот со серија од 12:0 на крајот од третата четвртина кога дојдоа до водство од…
