Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, синоќа го освои АТП финалниот турнир во Торино и покажа дека се уште е во фантастична форма. 21-кратниот Грен слем шампион и поранешен светски рекет број 1, ја освои својата петта АТП титула и се израмни со актуелниот светски рекет број еден Карлос Алкараз. „Тренира уште понапорно отколку кога имаше 22 години. Затоа е сè уште толку добар. И затоа ќе биде уште подобар. Неговата желба да тренира, да додаде, да стане подобар е впечатлива. Тој се грижи за своето тело. Во мое време, тенисерот завршуваше на возраст од 30-31 година, но сега не е…
Author: saso
Кошаркарите на Денвер го победија Далас на гости со 98:97 и со тоа ја прекинаа серијата од два порази во НБА лигата. Гостите беа без Јокиќ, Мареј и Гордон, но сепак успеаја да слават против тимот на Дончиќ, кој одигра еден многу слаб меч. Најдобар нпоединец на мечот беше Бонс Хејланд кој постигна 29 поени за Денвер, што е негов рекорд во кариерата. Џош Грин со 23 поени беше најдобар кај Далас, а Лука Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, девет скока и осум асистенции. Мајами го претрпе третиот пораз во низа, откако загуби од Кливленд на гостински терен…
Селекторот на Холандија, Луис ван Гал, изјави дека холандските навивачи кои го бојкотираат Светското првенство поради загриженоста за човековите права имаат право да го прават тоа, но се надева дека доколку Холанѓаните стигнат до финалето, тие барем ќе го гледаат натпреварот на телевизија. Истражувањето на 28.000 испитаници во Холандија, покажа дека само 14 отсто биле заинтересирани да го следат турнирот по години негативен публицитет за Катар. „Светското првенство треба да го играме во најискусните фудбалски земји. Теренот што го имаме не може да биде подобар. Хотелот и организацијата беа фантастични. Навистина се радувам на турнирот, но поважно е и моите…
Македонската фудбалска репрезентација вечерва (18 часот) против репрезентацијата на Финска на Националната Арена во Скопје ќе го одигра првиот од двата планирани контролни меча овој месец. Селекторот Благоја Милевски денеска ќе има можност да ја направи првата контрола на повиканите репрезентативци пред стартот на мартовските квалификации за ЕП 2024. Финска е исклучително квалитетна селекција, иако во Скопје дојде без својата прва ѕвезда Теему Пуки, кој според селекторот Марку Канерва поради напорната сезона ќе биде изоставен од ова гостување против нашата фудбалска репрезентација. Скандинавците во последното издание на Лигата на Нации завршија на втората позиција веднаш зад БиХ и не успеаја…
Австралиската влада утрово потврди дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добил виза и ќе може да игра на Австралија опен во јануари. Деветкратниот Грен слем победник во Мелбурн беше депортиран од Австралија во јануари годинава, бидејќи не беше вакциниран против корона вирусот и поради неможноста за присуството на невакциниран играч според австралиските закони. „На Ѓоковиќ му беше одобрена привремена виза за влез во Австралија“, се вели во соопштението. Тениската асоцијација на Австралија соопшти дека ја поздравува одлуката за укинување на визата за осмиот тенисер во светот.
Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска во Кипар ќе одигра еден од двата најавени контролни натпревари против селекциите на Кипар и Србија. Денеска (13:30 ч.) избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија. Според селекторот Канатларовски, тест-натпреварите против Кипар и Србија се добра можност да се добие увид во моменталната форма на повиканите репрезентативци.
Кристијано Роналдо синоќа го пропушти тренингот за португалската репрезентација поради гастритис и денеска нема да игра на пријателскиот натпревар против Нигерија, соопштија од португалскиот тим. Португалија ќе го започне Светското првенство на 24 ноември против Гана, а според селекторот Фернандо Сантош, проблемите околу големата ѕвезда немаат негативно влијание во соблекувалната.
Европската Ракометна Асоцијација ЕХФ вчера на последниот ден од натпреварувањето во Скопје додели специјални признанија до Ракометната Федерација на Македонија за беспрекорната организација на ЕП 2022. „Оваа наградата се доделува на локалниот организациски комитет во Скопје, како признание за напорнатаработа на волонтерите и на целокупниот персонал во градот, за успешното Европско Првенство“, објавија од ЕХФ. Наградата за локална организација на шампионатот што ја прими Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, а ја доделија Габриела Хорват и Божидар Ѓурковиќ како претставници на ЕХФ. Воедно, ЕХФ додели награда на Централниот Организациски Комитет на Ракометната Федерација на Македонија, што претседателот Живко Мукаетов ја…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на денешната прес-конференција пред дуелот со Финска, изјави дека овој и дуелот со Азербејџан ќе бидат добра контрола на моменталните квалитети, како и шанса да се пробаат некои нови варијанти во играта на нашата селекција. „Натпреварите против Финска и Азербејџан претставуваат генерална проба пред квалификациите за Европското првенство, кои почнуваат во март. Ќе испробаме различни варијанти против квалитетни противници. Финска, против која ќе играме утре, е одличен тим, неслучајно е во вториот шешир во следните квалификации. Потребни ни се вакви контроли со квалитетни противници, бидејќи имаме многу силна група. Ќе извршам некои промени…
Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде во група со Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска во првата фаза на следното Европско првенство кое ќе се одржи следната година. Денеска на ждрепката во Неапол, нашите одбојкари добија добра група во која ќе бркаат историски пласман во втората фаза. Селекцијата на Полска е супер-фаворит во нашата група, а меѓу фаворитите за пласман понатаму се и Холандија и Чешка. Данска и Црна Гора се веројатно селекциите во наш ранг против кои ќе бараме место во следната рунда. Европското првенство ќе се одржи од 28 август до 16 септември следната година.
