Кошаркарите на Денвер го победија Далас на гости со 98:97 и со тоа ја прекинаа серијата од два порази во НБА лигата. Гостите беа без Јокиќ, Мареј и Гордон, но сепак успеаја да слават против тимот на Дончиќ, кој одигра еден многу слаб меч. Најдобар нпоединец на мечот беше Бонс Хејланд кој постигна 29 поени за Денвер, што е негов рекорд во кариерата.
Џош Грин со 23 поени беше најдобар кај Далас, а Лука Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, девет скока и осум асистенции.
Мајами го претрпе третиот пораз во низа, откако загуби од Кливленд на гостински терен со 113:87. Дариус Гарланд беше најефикасен во победничкиот тим со 25 поени, а Џеди Осман додаде 20.
Лејкерси продолжија да победуваат, па ја нанижаа и третата победа во низа. На домашен терен во отсуство на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис ги предводеше Лејкерси до победата со 30 поени и 18 скока над Сан Антонио со 123:92.
Голден Стејт на гостински терен го совлада Хјустон со 127:120 и со тоа ја прекина серијата од 8 гостински порази од почетокот од новата сезона.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Феникс – Њујорк 116:95
Вашингтон – Шарлот 106:102
Сакраменто – Детроит 137:129
Бруклин – Мемфис 127:115
Кливленд – Мајами 1138
Хјустон – Голден Стејт 120:127
Далас – Денвер 97:98
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123:92