Author: saso

Кристијано Роналдо вчера постави два нови рекорди на светските првенства. Тој беше избран за играч на натпреварот против Гана со што за првпат во историјата на Мундијалите еден фудбалер дури 7 пати бил избран за најдобар фудбалер на некој натпревар. Со погодокот кој го најави триумфот на Португалија вчера, 37-годишниот напаѓач постави и рекорд со тоа што стана првиот играч во историјата кој постигнал гол на пет светски првенства.

Read More

Многу емоции, ниту еден гол. Мексико и Полска ја повторија партијата на Данска и Тунис и одиграа 0:0 во третиот денешен меч на Мундијалот во Катар. Мексико, кој беше благ фаворит на овој натпревар, беше малку поопасен во првото полувреме, додека Полјаците презедоа иницијатива во вториот дел, а добија и пенал. Морено го задржа Левандовски, судијата реши да покаже на белата точка по консултација со ВАР, а одговорноста ја презеде Роберт Левандовски и промаши. Поточно, Франциско Гилермо Очоа, повторно се претвори во најдобар голман за време на Мундијалите, му одбрани пенал и го спаси својот тим од пораз.

Read More

Манчестер Јунајтед соопшти дека 37-годишниот португалски напаѓач Кристијано Роналдо го напушта клубот од Премиер лигата. Договорот на Роналдо е раскинат. Во соопштението на клубот се вели: „Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед со меѓусебен договор, со моментален ефект. Клубот му се заблагодарува за неговиот огромен придонес во двата периоди на Олд Трафорд, постигнувајќи 145 гола во 346 натпревари, и му посакува на него и на неговото семејство се најдобро во иднина. Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг и да работат заедно за да постигнеме успех на теренот.“

Read More

По сензацијата која ја направи Саудиска Арабија и Тунис не се предаде против Данска и извлече реми – 0:0. Тунижаните одлично се преставија во дуелот со полуфиналистите на последното Европско првенство и селекцијата која беше означена како „фаворит во сенка“и целосно заслужи да освои бод. „Директниот фудбал“ на Данска денеска не функционираше, а Тунис тактички беше беспрекорен. Данците можеа да добијат пенал во 93. минута за игра со рака, но судијата Рамос беше повикан од ВАР-собата, ја разгледа ситуацијата и оцени дека не се работи за пенал. Во оваа група вечерва од 20 часот се среќаваат светскиот првак Франција и…

Read More

Велс по 64 години се враќа на Светското првенство, достигнување кое се смета за остварување на сонот. Легендата на Велшаните, Герет Бејл, кој најверојатно го игра последниот голем турнир, пред денешната премиера со САД изјави: „Кога бев дете, сонував да го видам Велс како игра на завршницата на едно Светско првенство и да бидам дел од тој тим. Ова е остварување на сонот. Неверојатно сум горд што играм за мојата земја“, вели Бејл. Противник на Велшаните денеска ќе биде репрезентацијата на САД, каде што Бејл се пресели минатово лето. „Сега сум на седмото небо и секако добиваме пораки од нашите…

Read More

Капитенот на Англија, Хари Кејн, се надева дека што е можно поскоро ќе го собори рекордот на Вејн Руни според бројот на голови во дресот на Англија. Напаѓачот на Тотенхем ќе го предводи нападот на Англија на отворањето на Светското првенство во групата „Б“ денеска против Иран. На Кејн му требаат само два гола за да ги израмни 53-те на Руни и тоа е многу реално да се случи во Катар. „Се надевам дека ќе го подобрам рекордот што е можно поскоро“, изјави Кејн на новинарите пред првиот дуел на Англија со Иран. Кејн има постигнато 51 гол за националниот…

Read More

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека се надева дека оваа тешка сезона ќе му даде сила на неговиот тим Мерцедес да тргне во предизвик за нови титули веќе следната сезона. Со трката во Абу Даби заврши сезоната во Формула 1, а годинава подиумот беше наменет за возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој ја освои втората последователна титула, а неговиот тим беше најдобар и во конкуренција на конструктори. За првпат во својата 16-годишна кариера, Хамилтон не успеа да забележи победа во една сезона во Формула 1. Сезоната ја заврши на шестото место, а Мерцедес финишираше како…

Read More

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај, пак, нема да игра за својата репрезентација на првиот меч на Светското првенство во Катар 2022 година денеск апротив Сенегал. Ова го потврди селекторот на „портокаловите“ Луис ван Гал на прес-конференција пред натпреварот. „Отсуството на Депај ќе биде ист удар за нас како отсуството на Садио Мане за Сенегал. Мане е извонреден играч. Сакав да го купам кога бев тренер на Манчестер Јунајтед. Но, истото важи и за нас. Ќе ни недостасува нашиот најдобар стрелец и крал на асистенциите, Мемфис Депај. Мислам дека групата играчи што ја имаме сега добро се разбираат. Тие добро соработуваат и…

Read More

Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе на прес-конференцијата пред денешниот дуел со Холандија потврди дека напаѓачот Садио Мане нема да игра поради повреда. „Пред се, жалам за самиот Садио. Но, жал ми е и за репрезентацијата, но секако поважно е неговото здравје. Секако, нема да ја криеме важноста на Садио Мане за сенегалскиот тим. Тој е многу важен, тренерот го гради својот тим околу најдобрите играчи. Но, имаме група на играчи во која се и искусни и млади играчи. Сите тие се подготвени да го понесат товарот. И претходно, моравме да играме натпревари без Садио Мане“, изјави Сисе.

Read More

На отворањето на Мундијалот во Катар присуствувале 67.372 гледачи. Тоа е бројот на навивачи запишани во официјалните протоколи и објавени од најавувачот на стадионот. Интересно е што капацитет на арената Ел-Бајт, каде се одигра воведниот натпревар на Светското првенство е 60.000 гледачи. Како биле сместени уште речиси 7,4 илјади луѓе не се знае.

Read More