Author: saso

Нејмар и Данило и натаму се опоравуваат од повредите и остануваат под знак прашалник за настап на следните средби на „кариоките“. Денеска ќе стане јасно дали двајцата ќе му бидат на располагање на тренерот Тите за важниот натпревар веќе во осминафиналето. Ова го соопшти лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар. „Да видиме како ќе биде тестот на двајцата. Уште не тренирале со топка. Тоа ќе го направат денеска. Важно е да се види како ќе реагираат, се зависи од тоа. Знаците од Данило се многу попозитивни. Тој имаше тренинг со топка и се очекува да се приклучи на следниот тренинг…

Read More

Лео Меси е на прагот на историско достигнување. Аргентинската ѕвезда денеска против Австралија ќе го одигра својот 1000-ти меч во кариерата. Двете селекции се соочуваат во 1/8-финалниот натпревар од светското фудбалско првенство. Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ има 999 натпревари досега. Од нив 778 ги играл а екипата на Барселона, а за националниот тим забележа 168 натпревари. Меси веќе денеска има шанса да стане Аргентинецот со најмногу голови на светските првенства. Тој има постигнато 8 гола за тимот на „Гаучосите“ на светските првенства. Ако постигне два гола може да го стигле досега неприкосновениот Габриел Батистута кој има 10 гола.

Read More

Репрезентациите на Мароко и Хрватска обезбедија пласман во осминафиналето на СП во Катар. Денеска во последното коло во групата „Ф“ репрезентацијата на Мароко ја совлада Канада со 2:1 и го потврди пласманот на првото место во групата, откако Хрватска и Белгија одиграа 0:0. Белгија и Канада го завршија настапот на овој Мундијал и уште утре се враќаат дома. Централен настан беше дуелот меѓу Хрватска и Белгија, кој заврши без голови, 0:0, што беше доволно за Хрватите да го заземат второто место во оваа група, зад Мароко. Хрватите беа подобри во првиот дел, додека Белгија доминираше во второто полувреме. Трагичар за…

Read More

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска покрена дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), поради навредливиот транспарент и навреди кон голманот на Канада, Милан Борјан. ФИФА објави дека обвиненијата против ХНС се однесуваат на однесувањето на хрватските навивачи и ги наведе правилата за дискриминација и безбедност на натпреварите. Борјан, кој е член на Црвена звезда, е роден во Книн, а тој и неговото семејство го напуштиле родниот град во 1995 година по воената операција „Бура“. ФИФА не одреди рок за донесување одлука, а ваквите случаи најчесто завршуваат со парична казна.

Read More

По бомбастичното заминување на највисокото раководство на Јувентус, по оставките на Ањели, Недвед и Паратичи, денеска за нов претседател на „Старата Дама“ е назначен Џанлука Фереро, сметководител и ревизор. Маурицио Сканавино ди Геди, пак, е назначен за нов генерален директор. Фереро кој ќе биде новиот претседател, веќе бил консултант на компанијата, ревизор, член на одборот на директори и на комитетот на различни компании и се смета за идеален и најквалификуван профил за она што сега му треба на Јуве. Јуве и неговите навивачи сега многу внимателно го следат развојот на буџетската истрага, пред очите на судиите, поради „маневрите со платите“…

Read More

Италијанскиот Формула 1 тим Ферари ја прифати оставката на шефот Матија Биното. Биното ќе се повлече од функцијата на 31 декември. „Би сакал да му се заблагодарам на Матија за неговиот огромен, фундаментален придонес во тимот. Благодарение на неговите напори минатата сезона, Ферари успеа повторно да стане конкурентен. Сите ние во Скудерија и пошироката заедница на Ферари му посакуваме на Матија се најдобро во иднината“, изјави извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња. Претходно беше објавено дека Биното одлучил да го напушти Ферари поради недоверба од страна на претседателот на компанијата Џон Елкан.

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не порекнува дека играчот на Манчестер Сити, Фил Фоден, има „голем удел“ во Светското првенство и покрај неговата ограничена улога досега. Фоден имаше само краток заменски настап против Иран на првиот меч на Англија и не настапи на натпреварот со САД, но Саутгејт тврди: „Тој ќе има голема улога на овој турнир за нас”. Фоден беше во добра форма пред ова СП, а Саутгејт, исто така, ја пофали сестраноста на 22-годишниот фудбалер, велејќи: „Постојат различни можности. Тој може да игра на двете крилни позиции и може да игра како лажна деветка. Тој е многу флексибилен…

Read More

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков од следната година ќе настапува во највисокото по ранг светско натпреварување од ГТ трките, Порше Суперкуп. Вуков минатите три сезони ги мина како возач во Порше Карера Куп Италија, каде што се етаблираше како возач кој континуирано освојуваше поени и беше рамо до рамо со оние кои имаат поголеми можности за тестирање и учење на патеките. „Трките од Порше Суперкуп се олицетворение за едно врвно натпреварување. Јас отсекогаш сум сонувал за Формула 1, а овие трки се возат заедно со нивните, веќе три децении. Многу познати возачи минале низ ова натпреварување и за мене е голема…

Read More

Најголемата ѕвезда на велшката репрезентација, Герет Бејл, пред денешниот дуел со Англија вели дека ќе се обидат да ги подобрат работите токму на овој последен меч во групата. „Разочарани сме од резултатите и перформансите досега, но таков е фудбалот. Ова е Светско првенство и не е лесно“, рече Бејл на прес-конференцијата пред натпреварот. „Секогаш даваме 100 проценти и сакаме да се обидеме да ги подобриме работите. Последниве неколку дена работевме напорно и се надевам дека сега сè ќе се види. Добро сме расположени за следниот натпревар. Ова е турнирски фудбал и имаме шанса повторно да се бориме“, додаде тој. Бејл…

Read More

Репрезентациите на Иран и САД вечерва влегуваат во решавачката пресметка од групата Б на Светското првенство 2022 година. Иран во натпреварот влегува од подобра позиција. Персијците се на второто место во групата и реми ќе им биде доволно за да осат понатаму, освен ако Велс не извојува убедлива победа над Англија со голема разлика. Тимот на САД, сепак, по две нерешени средби на стартот, сега мора да бара победа за осминафинале. Овој меч освен со спортски, ќе биде обременет и со политички контекст. „Сè уште мислам дека можам да победам во овие ментални игри и напади. Се надевам дека настаните…

Read More