Author: saso

Формула 1 и официјално ја одобри листата на Гран При трки, која ќе вклучува спринтерски викенди во сезоната 2023 година. Во новата сезона бројот на спринтови во Формула 1 ќе се удвои во однос на минатиот шампионат и ќе има вкупно шест тркачки викенди со спринтерски трки. Спринтовите ќе се одржат како дел од ГН на Азербејџан, ГН на Австрија, ГН на Белгија, ГН на Катар, ГН на САД и ГН на Бразил. Форматот на викендите со спринтерска трка ќе остане непроменет.

Read More

Френк Кеси нема да ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок. Чави одржал состанок со играчот и ја потврдил довербата на стручниот штаб. Тренерот на Барселона објаснил дека процесот на адаптација може да биде тежок за играчите кои доаѓаат од странство. Кеси имаше малку тренинзи пред натпреварите на почетокот на сезоната, но Чави го увери играчот дека ќе ја добие својата шанса. Оваа сезона, Кеси помина 485 минути на теренот, со што стана петтиот играч со најмала минутажа.

Read More

Младите женски фудбалски селекции на Македонија до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се одиграат 2023 година. Женската репрезентација на Македонија до 19 години се наоѓа во Б лигата и за противници ќе ги има Израел, Грузија и Гибралтар во рамките на групата 1. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Македонија во период од 3 до 11 април. Женската репрезентација на Македонија до 17 години во А лигата ќе игра против Германија, Португалија и Унгарија во рамките на групата 3. Домаќин на квалификацискиот турнир е репрезентацијата на Португалија во периодот од 22 март…

Read More

Манчестер Јунајтед неколку недели е концентриран на потрагата по нов голман. Де Хеа од почетокот на сезоната е мета на гласини дека ја игра последната сеозна на „Олд Трафорд“. Шпанскиот голман би можел многу брзо да ги спакува куферите и да си замине, па затоа управата на Манчестер Ј. е во потрага по негов наследник. Во оваа ситуација црвените ѓаволи решија да се концентрираат на словенечкиот голман од екипата на Атлетико (М), Јан Облак. Покрај него, интерес има и за Влаходимос од Бенфика, но засега се прават првите контакти со менаџерскиот тим на Облак.

Read More

Вчера, во Скопје, почина Проф. Д-р Милош Вучидолов, основополжник на спортската медицина во Република Македонија, прв претседател на Здравствена комисија на МОК, главен спортски доктор на спортистите – олимпијци од Македонија и поранешна СФРЈ, човек кој на многу врвни спортисти/олимпијци им помогна во ситуации на сериозни спортски повреди, им помагаше на сите со правилна исхрана и соодветна физичка подготовка да бидат што подобро подготвени за учество на Олимписките игри, Светските, Европски и други првенства. Доктор “Вучи“ беше добитник на многубројни признанија и награди од МОК, од Меѓународниот олимписки комитет, од Меѓународната боречка федерација, од државата (Државна награда „8 Септември“ за…

Read More

Реал Мадрид нема да се натпреварува за потписот на младиот англиски репрезентативец Џуд Белингем. Причина е високата сума која за него ја бара Борусија (Д). На првите луѓе на кралскиот клуб им е јасно дека значајна инвестиција ќе треба да се направи доколку сакаат да го видат Белингем во Мадрид, но сумата од околу 125 милиони евра е преголема за овој англиски талент. Белингем е една од потенцијалните европски фудбалски ѕвезди за кого во моментов главни фаворити се Ливерпул и Манчестер Сити. Борусија (Д) во моментов за него бара 150 милиони, но сумата може да се спушти до 125 милиони…

Read More

Денеска дојде информација дека Германскиот фудбалски сојуз разгледува четворица кандидати за наследник на Бироф на функцијата генерален менаџер на германската репрезентација. За позицијата во мометов конкурираат Матијас Самер, Лотар Матеус, Фреди Бобич, како и Ралф Рангник, кој претходно ја извршуваше позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед. За време на ерата на Бироф, Германија стигна до полуфинале на шест последователни светски и европски првенства и ја освои титулата на Светскиот куп во 2014 година.

Read More

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва (20.45) гостуваат кај Бидасоа Ирун во мечот од 5. коло во ЕХФ Европската лига. По победата над Мотор Запорожје во минатото коло, битолчани се надеваат дека можат и до трета гостинска победа. „Бидасоа Урун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма…

Read More

Првата ѕвезда на Бразил, Нејмар, вчера со гол с еврати во дресот на „кариоките“ на СП по повредата која ја заработи уште на првиот меч со Србија. Моќниот Бразил се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со Хрватска. „Плачев цела ноќ по повредата на глуждот. Бев многу исплашен, бидејќи навистина верував во себе по добриот почеток на сезоната. Да се ​​повредиш така, беше многу болно. Вредеше да се остане до 11 часот наредниот ден кај физиотерапевтот и секој ден потоа“, вели Нејмар. По вчерашната победа Нејмар излезе со порака и за кралот на фудбалот Пеле, чија здравствена состојба не…

Read More

Јапонскиот репрезентативец Маја Јошида по поразот од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство 2022 на пенали изјави дека тој и неговите соиграчи дале се од себе. „Дадовме се за време на турнирот и постигнавме одлични резултати“, изјави Јошида, за Ројтерс. „Горд сум на мојот тим, горд сум на моите соиграчи. Тешко е, но навистина сум горд на она што го постигнавме. Уживав во првенството“, додаде Јошида.

Read More