Author: saso

Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека Милан е подготвен да направи почетна понуда за да го добие Хаким Зијех од Челзи на позајмица со опција за откуп за 15 милиони евра. „Росонерите“ подолго време го следат Зијех, а сега го зголемија интересот по неговиот одличен настап на Мундијалот во Катар. Планот е да се добие Зијех на позајмица со опција за купување. Ѕвездата од Мароко е подготвен да му се приклучи на Милан каде што би добил поголема минутажа отколку на „Стемфорд Бриџ“ и наводно е отворен за намалување на платата од 6 милиони евра годишно.

Read More
NBA

Поранешниот НБА играч Бен Гордон повторно е уапсен во Харлем, Њујорк, откако се нафрлил на минувачи и се обидел да ги повреди со игла за шиење. „Не разбрав што се случува. Само што поминав и го видов Бен со игла за шиење, како се обидуваше да прободе некои луѓе. Не знам ни што да додадам“, изјавил сведок на инцидентот. На почетокот на ноември, Гордон беше уапсен под обвинение дека претепал двајца чувари во Мекдоналдс во Чикаго. На 10 октомври, пак, беше уапсен на аеродромот ЛаГвардија во Њујорк, откако го удрил својот 10-годишен син во лицето, додека се подготвувале да се…

Read More

Селекторот на Шпанија Луис Енрике ќе поднесе оставка во следните 48 часа, пишуваат шпанските медиуми. Вчера и авторитетната „Марка“ објави информација дека сите во Шпанската федерација ја очекуваат оставката на селекторот кој не успеа да ја мине осминафиналната рунда на СП во Катар. Договорот на стратегот истекува на крајот на месецот, но тој веќе одлучи да ја напушти функцијата откако Шпанците не успеаја и на овој Мундијал. Главен фаворит да ја води „Црвената фурија“ е Луис де ла Фуенте, кој моментално работи со младинската репрезентација на оваа земја. Поранешниот дефанзивец на Атлетик Билбао, Севиља и Алавес ја предводеше Олимписката репрезентација…

Read More

Кристијано Роналдо сакал да го напушти Светското првенство во Катар, откако дознал дека нема да започне како стартер на мечот со Швајцарија. Напаѓачот остана на клупата на португалската репрезентација и влезе како замена во 73. минута. Откако дознал дека тренерот Фернандо Сантош решил да не го пушти да стартува за овој меч, Роналдо збеснал, пишува весникот Рекорд. Според изворот, Кристијано бил многу блиску да ги спакува работите и да ја напушти португалската репрезентација. Сепак, по некое време играчот се смирил, сфаќајќи дека, сепак, може да игра важна улога во тимот. Португалската репрезентација не сака да обрнува многу внимание на оваа…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски во интервју за весникот „Дејли рекорд“ изјави дека подраго ќе му биде да освои некој трофеј со Абердин сезонава, отколку да остане на врвот на листата на најдобри стрелци во тамошната Премиер лига. „Да, би било убаво да освоиме некој трофеј, кога веќе сме во полуфиналето на Лига Купот. Повеќе би сакал да кренам трофеј со Абердин, отколку да ја освојам ’Златната копачка’. Наша цел е да обезбедиме пласман во европските натпреварувања за следната сезона, да бидеме во првите три на табелата и да обезбедиме пласман во финалето на Лига купот“, вели нашиот репрезентативец. Абердин…

Read More
NBA

Одборот за хартии од вредност на Тексас започна истрага против суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари и други познати личности кои ја промовираа компанијата за криптовалути FTX. Пред еден месец, третата по големина берза за криптовалути во светот FTX поднесе барање за банкрот откако повеќе не можеше да ги исполни барањата за повлекување на клиентите. Познатите личности веќе мораа да се справат со последиците од промоцијата на фирмите за криптовалути. Ким Кардашијан мораше да плати 1,26 милиони долари затоа што не откри дека нејзината објава на социјалните мрежи за промовирање криптовалута е платена. Покрај Кари, со FTX соработуваа и…

Read More

Формула 1 денеска и официјално објави дека е обновен договорот со Холандското ГП. Тоа значи дека трката на „Зандворт“ ќе се вози најмалку до 2025 година. Претходно, договорот завршуваше во 2023 година. Холандското ГП не беше дел од Формула 1 од сезоната 1986 година, но се врати минатата година и успеа да се избори за подолг опстанок во календарот на трки на Ф1 серијата.

Read More

Репрезентативците на Португалија, Нуно Мендеш и Данило Переира го напуштија кампот на тимот во Катар. Двајцата сигурно нема да можат да и помогнат на Португалија до крајот на Светското првенство. Фудбалерите на Пари Сен Жермен се повредија за време на турнирот и нема да можат навреме да се опорават за да му бидат на располагање на тренерот Фернандо Сантош. Двојката се надеваше дека ќе остане со своите соиграчи, но по преговорите меѓу португалската федерација и раководството на ПСЖ, беше донесена одлука да се вратат во Франција.

Read More

Лаутаро Мартинез се уште нема постигнато гол на СП во Катар, а на мечот против Австралија направи неколку грешки кои можеа да бидат кобни за „гаучосите“. Се испостави дека има причина за лошиот настап на напаѓачот. Лаутаро чувствува болка во десниот зглоб и игра со инјекции. „Тој има силен менталитет, но поништените голови против Саудиска Арабија го погодија. Штом болката помине, повторно ќе го видиме на теренот, бидејќи тој е фудбалер од светска класа“, објасни агентот на Мартинез, Алехандро Камано. Аргентина утре во 1/4-финалето на Мундијалот ќе се сретне со Холандија.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг беше доста критичен кон своите играчи по поразот од претпоследниот тим во шпанската Примера, Кадиз со 4:2 на вчерашниот пријателски меч. Холандскиот специјалист го дефинираше настапот на „црвените ѓаволи“ како неприфатлив. „Очигледно не се разбудивме и сè уште спиевме во првите 15 минути од натпреварот. Особено во средниот ред. Тоа не може да се случи. Тоа е неприфатливо“, коментираше Тен Хаг за еден од головите на шпанскиот тим. Манчестер Јунајтед е во камп во Дубаи, со дел од играчите на „црвените ѓаволи“, кои немаат обврски околу Светското првенство во Катар.

Read More