Бразилската фудбалска конфедерација ќе стапи во контакт со Пеп Гвардиола во следните неколку дена, за да разговара околу евентуалниот негов ангажман на селекторското место кај „кариоките“, пишива шпанскиот весник „СПОРТ“. Претседателот на Бразилската конфедерација, Едналдо Родригес, сака од прва рака да дознае кои се професионалните намери на актуелниот тренер на Манчестер Сити и дали постои некаква можност да се вброи во листата на кандидати за селекторското место ослободено по заминувањето на Тите. Бразилците го сметаат Гвардиола за најдобар тренер во светскиот фудбал денеска и затоа би било добро тој да го преземе повеќекратниот светски шампион.
Author: saso
Ракометарките на Ѓорче Петров утре во Виена ќе го очекуваат својот противник во осминафиналето на ЕХФ Евро купот. По двете убедливи победи над австрискиот Румс Јагс, ѓорчепетровки како прворангирани ќе ги чекаат потенцијалните ривали од вториот шешир. Таму се наоѓаат екипите на Макаби Аразим Рамат Ган (Изр), Цуг (Шва), Хихон (Шпа), Кобержице (Пол), Коњалти (Тур), Јарослав (Пол), Мадеира (Пор) и Елче (Шпа). Меѓу можните ривали е и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, кој досега елиминираше два тима од Македонија – Чаир и Куманово.
Еден од најуспешните македонски спортисти, екс-кошаркарскиот репрезентативец Владо Илиевски, доби признание за животно дело од Општина Струмица. На одбележувањето на Денот на заштитниците на градот – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици, Владо Илиевски доби награда за животно дело за својата блескава кариера во кошарката. Илиевски заедно со Горан Пандев е еден од најдобрите спортисти кои потекнуваат од овој македонски град.
Судиите Мајкл Оливер, Клемент Турпин и Стефани Фрапарт ја завршија својата работа на Светското првенство во 2022 година. Според информациите овие судии заедно со Шпанецот Матеу Лахос биле вклучени во втората група на судии кои судискиот комитет на ФИФА ги испрати дома. За првото полуфинале, во кое ќе се сретнат Аргентина и Хрватска, за судија е назначен Италијанецот Даниеле Орсато. Полјакот Шимон Марчинијак, Холанѓанецот Дани Макели и Мексиканецот Цезар Рамос остануваат главни кандидати за второто полуфинале меѓу Франција и Мароко, како и финалето на Светското првенство.
За време на паузата во националните првенства поради СП во Катар, Антонио Конте беше во Торино, што ги натера навивачите на Јувентус да го замолат да се врати во нивниот клуб, особено што неговиот договор со Тотенхем му истекува. Тренерот сè уште има куќа во градот, откако голем дел од играчката и менаџерската кариера помина во Јуве. Среде паузата за Светското првенство во Катар, Конте се врати во Торино и беше забележан како јаде во еден од неговите омилени ресторани. Неговиот договор со Тотенхем е до крајот на сезоната и преговорите за продолжување се чини дека се во мирување. Конте…
Според проценките на аргентинската амбасада во Катар, меѓу 35 и 40 илјади Аргентинци планираат да дојдат на полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Хрватска, пишува „Франс прес“. Станува збор за најголемиот контингент на навивачи, кои пристигнуваат од Аргентина во Катар. Аргентина има поддршка и од илјадници Индијци кои работат во Катар, кои традиционално, од сосема непознати причини, навиваат за Аргентина. „Да ги искористиме овие моменти со луѓето кои се тука и во Аргентина, каде сите се еуфорични“, изјави Лионел Меси.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува на полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Мароко на Светското првенство во фудбал во Доха во среда. „Во среда одам во Катар со претседателот, а деталите за патувањето ќе ги соопштиме подоцна“, изјави француската министерка за спорт, Амели Оудеа – Кастер, која присуствуваше и на четвртфиналниот натпревар меѓу Франција и Англија во саботата. Пред почетокот на Светското првенство, Макрон вети дека ќе биде во Катар доколку француската репрезентација стигне до полуфиналето или финалето.
Хрватска утре ќе го игра полуфиналето на Мундијалот со Аргентина, а претходно со шпанските новинари разговараше најдобриот играч на „коцкестите“, Лука Модриќ. „Едвај чекам да играм против Аргентина. Меси е нивниот најдобар играч, ќе биде тешко да го запреме, но ние сме подготвени. Ќе дадеме се од себе. Ќе се обидеме да го одиграме најдобриот натпревар во нашите животи“, изјави Модриќ. Во разговорот, легендарниот играч за врска направи интересна паралела меѓу неговите два тима, Реал Мадрид и хрватската репрезентација: „Им кажав на соиграчите во Реал пред првенството да внимаваат на Хрватска, можете да ги прашате“, низ смеа рече тој, додавајќи:…
Репрезентацијата на Мароко ја совлада Португалија со 1:0 (1:0) во четвртфиналето на Светското првенство, со што стана првата африканска селекција што се пласирала во полуфиналето на Светското првенство. Целиот арапски и африкански свет навиваше за пробивот на Мароко до антологиски триумф над една од најсилните селекции во светот. Мароканците ја совладаа Португалија со истиот рецепт како против Шпанија. Цврста одбрана, одлична дефанзивна тактика, чекање грешки и брзи контранапади. Единствениот гол за победа на Мароко го постигна Ен Несири во 42 минута. Ривалот на Мароко ќе биде подобар од дуелот Франција-Англија.
Поразот од Мароко и испаѓањето во осминафиналето на СП во Катар, Шпаниј аќе бара нов селектор. Денеска од Шпанската федерација и официјално потврдија дека Луис Енрике веќе не е селектор на националниот тим. „Шпанската федерација сака да му се заблагодари на Луис Енрике и на целиот негов стручен штаб за работата на чело на репрезентација во последните години. И претседателот Луис Рубиалес и спортскиот директор Хозе Франциско Молина му ја пренесоа на селекторот донесена одлука“, се вели во соопштението на Шпанската федерација. Веќе од денеска Шпанците почнуваат во потрага по нов селектор. Како прв кандидат се споменува името на селекторот…
