Author: saso

Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог номинациите за избор на „Спортисти на годината“ во организација на АМС. На предлог на селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата „Спортист на годината“, Фудбалската федерација на Македонија ги номинираше 1. Стефан Ристовски, 2. Елиф Елмас и 3. Енис Барди. Во дописот до Агенцијата за млади и спорт, селекторот на нашиот најдобар национален состав, Благоја Милевски даде свое објаснување во однос на номинациите за тројцата наши репрезентативци. 1.Стефан Ристовски – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и…

Read More

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија влезе во календарот на Формула 1 во 2021 година, кога беше претпоследна во календарот, а веќе оваа година беше промовирана како втора трка во сезонскиот календар. Големата награда на Саудиска Арабија следната година повторно ќе биде втора од почеток на сезоната, но во 2024 година сезоната ќе започне токму во Џеда, бидејќи организаторите на трката побараа истата да се одржи пред почетокот на Рамазан, кој во 2024 година ќе биде од 10 март до 8 април. Ова практично гарантира дека сезоната 2024 ќе започне на почетокот на март, а најверојатниот точен датум за…

Read More

Микел Артета потврди дека Арсенал ќе биде активен во јануарскиот преоден рок и дека сака да го засили тимот. Тимот на Артета направи неверојатен почеток на сезоната пред паузата за Светското првенство, победувајќи на 12 од 14 натпревари во Премиер лигата, со што има пет бода повеќе од Манчестер Сити на врвот на табелата. Поради сериозната повреда што ја заработи Габриел Жесус на Светското првенство и која ќе го отстрани од терените околу три месеци, Артета е во потрага по нов напаѓач. „Топчиите“ веќе сакаа да го засилат својот тимсо фудбалерот на Шахтјор Доњецк, Мудрик, но Артета потврди дека се…

Read More

Откако Франција го совлада Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, во Франција главна тема е евентуалното враќање на Карим Бензема за финалниот меч. 34-годишниот фудбалер се уште е дел од репрезентацијата на Франција, a се врати и на тренинзи, но прашање е дали воопшто ќе биде повикан за неделното финале со Аргентина. На новинарско прашање за евентуалното враќање на Бензема за финалето, Дешамп само кусо одговор: „Преферирам да не одговарам на ова прашање“.

Read More
NBA

Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид кој игра одлично оваа сезона, изјави дека е уверен дека навивачите на „Сиксерс“ сакаат тој да си замине. 28-годишниот Камерунец, кој поседува и француски пасош, изјави дека не е лесно да се биде во улога на лидер на тимот. „Навивачите на Филаделфија сакаат да ме разменат. Сè што можам да направам е да се обидам да дадам се од себе на секој натпревар. Благодарен сум што сум таму каде што сум бидејќи тоа не е лесна работа. Да беше лесно, сите ќе го правеа тоа. Кога си најдобар офанзивен играч на тимот, најдобар одбранбен играч,…

Read More

Повеќе од 250 марокански навивачи се приведени во Брисел поради нереди по поразот на нивната репрезентација во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција. Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување пиротехника. Немири имало и во неколку градови во Франција. Едно момче, пак, загина во францускиот град Монпеље во судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по мечот. Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната власт се вели дека момчето било „насилно удрено“ од автомобил за време на конфликтот. Тој бил префрлен во болница, но набргу по пристигнувањето починал.

Read More

Мароканскиот селектор Валид Реграги по синоќешниот пораз од Франција во полуфиналето на СП во Катар, вели дека неговите играчи го дале својот максимум. „Изгубивме премногу важни играчи. Во вториот дел напаѓавме, одигравме многу подобро. Најважно е што оставивме добар впечаток. За да ја освоиме титулата светски првак треба уште да работиме, но не сме далеку“, вели тој.

Read More

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп изјави дека е горд на вечерашната победа против Мароко и дека пласманот во финалето на Светското првенство е награда за неговите играчи. „Има многу емоции, гордост. Очигледно денеска беше тежок меч. Еден месец сме заедно, никогаш не е лесно, но досега беше задоволство и моите играчи беа наградени“, изјави Дешамп. „Триколорите“ по четвртипат стигнаа до финалето и ќе се обидат да станат првата репрезентација која ја одбранила титулата по Бразил во 1962 година. Франција е првата селекција што успеала да стигне до финалето на Светското првенство двапати по ред по Бразил во 2002…

Read More

Француската фудбалска репрезентација е вториот финалист на Светското првенство во Катар, откако во полуфиналето го совлада Мароко со 2:0. Без големо изненадување, „триколорите“ дојдоа до очекувана победа, иако Мароко повторно покажа дека не случајно стигна меѓу најдобрите четири селекции. Светскиот шампион тргна агресивно и многу брзо во петтата минута, со голот на Тео Ернандез, поведе со 1:0. Во вториот дел Мароко имаше уште неколку фантастични можности, но не искористи ниту една. Франција ја заврши работата во 79. минута. Мбапе одлично ја измеша одбраната на Монако, шутираше на подалечната статива, а таму резервистот Коло Муани погоди за зголемена предност од 2:0.…

Read More

Полицијата во Франција се подготвува за инциденти по денешното полуфинале на Мундијалот против Мароко. Голем број инциденти следеа по победата на Мароко во четвртфиналето над Португалија (1:0) минатата недела, а ништо поразлично нема да биде и вечерва, пишуваат француските медиуми. Околу 10.000 униформирани службеници ќе бидат мобилизирани низ целата земја, со 5.000 распоредени во регионот Ил-де-Франс околу Париз и околу 2.200 во самиот главен град, двојно повеќе од бројот на полицајци обезбедени од властите за претходните клучни натпревари на Светското првенство.

Read More