Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Ф1 сезоната 2024 ќе почне со трката во С. Арабија
    Меѓународен микс

    Ф1 сезоната 2024 ќе почне со трката во С. Арабија

    sasoBy saso15/12/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Трката за Големата награда на Саудиска Арабија влезе во календарот на Формула 1 во 2021 година, кога беше претпоследна во календарот, а веќе оваа година беше промовирана како втора трка во сезонскиот календар.

    Големата награда на Саудиска Арабија следната година повторно ќе биде втора од почеток на сезоната, но во 2024 година сезоната ќе започне токму во Џеда, бидејќи организаторите на трката побараа истата да се одржи пред почетокот на Рамазан, кој во 2024 година ќе биде од 10 март до 8 април.

    Ова практично гарантира дека сезоната 2024 ќе започне на почетокот на март, а најверојатниот точен датум за Големата награда на Саудиска Арабија е 3 март.

    Оригиналниот план на сопствениците на Ф1, Либерти Медиа, беше сезоната 2024 да започне со Големата награда на Австралија, која помеѓу 1996 и 2019 година беше традиционално прва трка во годината, освен во 2006 и 2010 година кога Бахреин беше домаќин на првата рунда. Сепак, поради барањето на С. Арабија, организаторите на Австралиското ГП се согласија да се откажат од правото да ја отворат сезоната во 2024 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година

    03/02/2023

    Педро ги советува неговите сонародници

    01/02/2023

    Британецот ќе мора да оди на рехабилитација

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.